Black Friday WАRМ UP! Сѐ за вашето здравје во Клиничка болница Жан Митрев​! 30% попуст на специјалистички преглед по избор

Цена од

1400 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

2000 ден.

Попуст

30%

Заштеда

600 ден.

Преостанато време

Купени: 36

  • Бледски Договор 8, Скопје, Македонија

    Одведи ме таму

    02 3091 484 ; 02 3091 500

    infosalter@zmc.mk

Добивате

Специјалистички преглед по избор

Опции на понудата:

Нутритивно советување
Советување со врвен нутриционист кој ќе ви направи персонален план за исхрана согласно вашите антропометриски мерки, обем и одредување на тип на тело. Прегледот го изведува нутриционист Марина Релушкоска
2,000 ден. 1,400 ден.
Детски ортопедски преглед со ехо
Современа дијагностичка процедура која по пат на ултразвук има цел превенција и детекција на развојните заболувања кај деца од најмала возраст. Прегледите ги изведува д-р Сашо Младеновски
2,000 ден. 1,400 ден.
Педијатриски преглед
Преглед од страна на доктор специјалист педијатар, следење на тежина и висина на новороденчиња и мали деца; Советување за правилно доење, правилна исхрана на мајките и правилна дохрана на новороденчињата; Развојно советување; Навремено откривање, советување и третирање на чести инфекции кај новороденчиња. Прегледот го изведуваат: прим. д-р Благица Манчева и прим. д-р Соња Петровска.
2,500 ден. 1,750 ден.
Невролошки преглед
Овој специјалистички преглед опфаќа дијагностицирање на состојби на нервниот систем, проценка за постоење на можни заболувања и доколку е потребно препораки за понатамошни постапки. Прегледот го изведува д-р Емилија Георгиева
3,000 ден. 2,100 ден.
Ортопедски преглед
Ортопедскиот преглед за возрасни е наменет за сите кои имаат проблеми со мускулно-скелетниот систем. Истиот се спроведува со користење на најсовремени дијагностички процедури. Прегледот вклучува опсервација на самото држење на телото, видливи промени како и контрола на активни и пасивни движења. Со помош на ултразвук се извршува и комплетна евалуација на можни оштетувања на делови од локомоторниот систем. По извршениот преглед добивате дијагноза со препораки за понатамошни чекори. Прегледот го изведуваат: д-р Константин Митев и д-р Сашо Младеновски.
3,000 ден. 2,100 ден.
Ехо на абдомен
Ехо на абдомен претставува дијагностичка процедура која се користи за преглед на органите во абдоменот, односно визуелизација на црниот дроб, жолчното ќесе, панкреасот, бубрезите, слезенката, простата и мочениот меур. Прегледот се изведува со цел утврдување на правилно/неправилно функционирање на овие органи. Прегледот го изведува: д-р Бошко Ставревски.
3,000 ден. 2,100 ден.
Уролошки преглед
Уролошкиот преглед е многу едноставен, безболен преглед, при што урологот најпрво преку разговор утврдува дали постои одреден уролошки проблем, потоа со палпација (допир) ги прегледува надворешните генитални органи, како и простата. Веднаш потоа прави ехотомографски преглед, со што се откриваат најголем број од уролошките заболувања. Прегледот го изведува: д-р Горан Јовиќ.
3,000 ден. 2,100 ден.
Ехо на дојкa
Навремената дијагностика спасува живот. Редовните контроли на дојка се препорачуваат еднаш годишно. Затоа овој преглед изведен од страна на стручниот тим лекари кои имаат долгогодишно искуство во оваа проблематика со помош на нашиот најсовремен ЕХО апарат, овозможува рана детекција на можни неправилности и навремено преземање на соодветни чекори. Прегледот го изведуваат: д-р Магдалена Поповска-Цветковска, д-р Мимоза Толевска и д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска.
3,000 ден. 2,100 ден.
Специјалистички ОРЛ преглед
За прецизна и навремена дијагностика на болестите од доменот на оториноларингологијата нашиот преглед опфаќа неколку дијагностички методи. Отомикроскопија е преглед на надворешниот слушен канал и ушното тапанче со помош на микроскоп кој овозможува повеќекратно зголемување, а со тоа и подобра визуелизација и можност за подобра проценка на локалниот наод. Оваа метода е супериорна во однос на класичната отоскопија, особено кај децата поради анатомските ограничувања во однос на големината на надворешниот слушен канал и ушното тапанче. Предна риноскопија, надополнета со назална ендоскопија - инспекција на носот и носните простори, проценка на епифаринкс (сводот на ждрелото), приказ на третиот крајник, орофарингоскопија – преглед на усната шуплина и ждрело, ендоскопски преглед на ждрело и ларинксот, гласни жици. Прегледите го изведува Прим. д-р Борислав Гогушевски
3,000 ден. 2,100 ден.
Комплетен гинеколошки преглед (брис, ПАП, колпоскопија и ултразвук)
Одржување на здравјето на репродуктивните органи е од големо значење, а редовните контроли спасуваат живот. Тимот на искусни гинеколози на одделот за Гинекологија при Клиничката болницата Жан Митрев, Ви нуди целосна гинеколошка заштита и нега во сите фази од животот. Ние сме подготвени да го следиме и контролираме Вашето здравје од првиот менструален циклус, до менопаузата, и по неа. Располагаме со комплетна амбулaнтна и болничка услуга во вид на гинеколошки прегледи, тестови и следење на бременост, субспецијалистички урогинеколошки прегледи, амбулантни интервенции, оперативни гинеколошки процедури, микроинвазивна гинеколошка и уро-гинеколошка хирургија. Нашата врвна грижа вклучува индивидуални програми и напредно следење на здравствената состојбата преку посебни тераписки планови и консултации креирани за секоја од вас. Освен примена на најнови дијагностички процедури, ние како ваши гинеколози вклучуваме и советување за Ваште физички, психички, емоционални и социјални потреби кои се одвиваат во опуштена и комфорна средина. Нашата цел е една: Вашето здравје! Прегледот го изведуваат: д-р Ирена Андонова и проф. д-р Васил Илиев.
4,000 ден. 2,800 ден.
Гастроскопија со анестезија
Гастроентерологија како гранка на медицината се занимава со дијагностика и лекување на болестите на органите од системот за варење на храната- хранопроводникот, желудникот, цревата, црниот дроб, панкреасот. Гастроскопијата е процедура при која со помош на гастроскоп (тенко црево со дијаметар колку на малиот прст) лекарот може да погледне во внатрешноста на овие органи. Гастроскопијата се изведува со анестезија и има за цел да утврди болести на овие органи. Прегледот го изведува: д-р Христијан Писевски и д-р Ѓорги Дерибан
16,000 ден. 11,200 ден.
Колоноскопија со анестезија
Ова е ендоскопско испитување на дебелото црево (колон) и завршните партии на тенкото црево. Се извршува под анестезија, а со цел дијагностицирање на болести на дебелото црево. Прегледот го изведуваат: прим. д-р Мане Хаџиманчев, д-р Бошко Стравревски, д-р Христијан Писевски, д-р Ѓорги Дерибан
16,000 ден. 11,200 ден.
Магнетна резонанца (МР) на простата
Тоа е неинвазивно амбулантско испитување со помош на магнетни полиња, радиобранови и компјутерско-софтверски апликации за продукција на слики од простатата со изразено висок квалитет. Тоа испитување е безопасно, а дава најдобра визуелизација на простатата. Се користи и за рано откривање на карцином на простата и евентуална раширеност на истиот. Прегледите ги изведува д-р Ѕвонко Атанасов
22,000 ден. 15,400 ден.
2Д мамографија
Претставува радиолошка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење од околу 30-40%. Со дигитализација на сликата се овозможува подобра визуелизација, што претставува огромна предност при откривање на патолошки промени. Тоа значи и навремено дијагностицирање на ракот на дојка, кој доколку се открие навреме е излечлив. Прегледите ги изведуваат д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Магделена Поповска-Цветкова, д-р Мимоза Толевска
4,000 ден. 2,800 ден.
3Д мамографија
3Д мамографијата или томосинтеза е најнова технологија која користи поголем број проекции од повеќе агли на секоја дојка при што се добиваат 50 слики од сите делови на дојката со дебелина од 1mm. Оваа метода е безболна, удобна и брза, а е особено корисна кај жени со густо ткиво на дојката. Овозможува рана детекција на карциномот со јасен приказ на лезијата и го редуцирана бројот на непотребни биопсии. Мамоматот што го поседува Клиничка болница Жан Митрев е најсовремен апарат со супериорни клинички перформанси, ергономичен дизајн кој овозможува комфорт на пациентката за време на снимањето, ниски дози на зрачење како и брзина на скенирање од 3,7 секунди. Прегледите ги изведуваат д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Магделена Поповска-Цветкова, д-р Мимоза Толевска
12,000 ден. 8,400 ден.
Магнетна резонанца на дојки
Магнетна резонанца (МР) на дојки е неинвазивна дијагностичка процедура која не користи јонизирачко зрачење туку моќно магнетно поле и радиофреквентни бранови со што се добиваат детални слики од дојки и се користи за прецизна дијагностика и анализа на можни заболувања.
22,000 ден. 15,400 ден.
Магнетна резонанца на срце
Ова е современа дијагностичка метода која со помош на супериорна технологија без радијација открива аномалии на срцето. Се користи за дијагностирање на кардиомиопатии, коморни дисфункции, миокардити, исхемии, вродени срцеви маани и останати срцеви заболувања. Прегледите ги изведуваат д-р Планинка Зафировска, д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска и д-р Милка Клинчева
40,000 ден. 28,000 ден.

Услови

  • Купонот може да се искористи од 12.11.2020 до 11.12.2020
  • Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација на преглед пред купување на купонот

За компанијата

Клиничката болница Жан Митрев е основана пред 20 години со визија за донесување на врвна медицина во Македонија. Од тогаш до денес, таа постојано расте и се развива обезбедувајќи перфекција во квалитетот на третманот на своите пациенти.

Прецизната и брза дијагностика, врвната хирургија и научно истражувачката работа овде се изведуваат стандардизирано од страна на искусниот тим лекари. Тие користат најнови методи и пристапи комбинирани со најсовремена опрема, што континуирано резултира со висок степен на задоволство кај пациентите.

Клиниката е модерна, беспрекорно организирана и технолошки напредна здравствена институција за што потврда е акредитацијата од JCI (Join Commission International) која означува применети највисоки стандарди за квалитет и безбедност на пациентите од лекарска грешка. Исто така поседува и државна акредитација за квалитет издадена од страна на АКАЗУМ (Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи).

Сместена е во енергетски ефикасен објект кој не произведува CO2, штеди енергија и не го нарушува балансот со природата. Таа е 100% ЕКО болница.

Имаме склучено договор со многубројни домашни и странски осигурителни компании и тоа им овозможува лекување на сите кои имаат приватно здравствено осигурување.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.