Остани здрав! PCR тестови за патување или антигенски тестови по специјална цена од Клиника Жан Митрев (Лабораторија за Генетика и Персонализирана Медицина)

Добивате
Опции на понудата:
PCR тест за патување (резултат: истиот ден) | 1,400 ден. |
Антигенски тест (резултат: 20-30 мин.) | 900 ден. |
*Тестовите се вршат секој ден од 08-16 часот!
*PCR тестот е наменет за патување и резултатите се добиваат на македонски и англиски јазик
*Резултатите од тестовите ги добивате на е-маил или со телефонско известување
* Понудата важи само во Клиника Жан Митрев - Скопје
* Повеќе информации за тестовите, прочитајте во делот ОПИС
Услови
- Купонот може да се искористи од 13.09.2021 до 31.05.2023
- Купонот може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Резултатите од тестовите ги добивате на маил или со телефонско известување
- Тестовите се вршат секој ден од 08-16 часот!
- Резултатите од тестовите може да ги добиете и во печатена форма на ваше барање на македонски и на англиски јазик и истите може да се користат и за патување
- За резервација на термин за тестирање потребно е да се јавите на 02 3091 484 или да пишете на емаил: [email protected]
- Тестовите може да се изведат само во Клиника Жан Митрев - Скопје
- Доколку не го искористите купонот во предвидениот рок или откако понудата е завршена средствата за истиот не може да бидат вратени.
Опис
Тестот се извршува преку земање на примерок (брис) од нос/грло при што се изолира и анализира присуството или отсуството на генетски или протеински материјал од вирусот.
* Молекуларни тестови — PCR метода
PCR базираните тестови се најчесто, најсензитивните и најспецифичните тестови во био медицината бидејќи теоретски се способни да детектираат само еден молекул од вирусот во самиот примерок. За да се направи тестот, најпрво се зема примерок (преку брис) длабоко од грлото и носот на пациентот. Понатаму, од тој примерок се изолираат сите РНК молекули, преку реакција на реверзна транскрипција истите се претвораат во ДНК-молекули (кои се постабилни) и понатаму доколку тие уникатни региони од вирусот се присутни во примерокот, се детектираат преку real-time PCR. Резултатот се добива истиот ден.
* Брз антигенски тест
Антиген базираните тестови се базираат на директна детекција на специфичен протеински материјал од вирусот преку пристап на латерален ток. За да се направи тестот, најпрво се зема примерок (преку брис) длабоко од грлото и носот или од назофаринксот на пациентот. Понатаму, од тој примерок се изолираат се екстрахираат протеини, преку реакција на латерален ток се детектираат присуството или отсуството на протеински материјал од вирусот. Нашиот тест е еден од ретките што се наоѓаат на листата на одобрени антигенски тестови од Светската Здравствена Организација и е прифатлив за патување во многу Европски земји. Резултатот се добива од 20-30 мин.
За лабораторијата
Лабораторијата за Генетика и Персонализирана Медицина во Жан Митрев Клиниката е првата приватна лабораторија којашто се вклучи во борбата со Коронавирусот.
Тестот се извршува преку земање на примерок (брис) од нос/грло при што се изолира и анализира присуството или отсуството на генетски или протеински материјал од вирусот.
Генетската лабораторија овозможува два метода на детекција на вирусот и како наши соработници би сакале да овозможиме поволност при користењето на овие услуги во нашата
За компанијата
Клиничката болница Жан Митрев е основана пред 20 години со визија за донесување на врвна медицина во Македонија. Од тогаш до денес, таа постојано расте и се развива обезбедувајќи перфекција во квалитетот на третманот на своите пациенти.
Прецизната и брза дијагностика, врвната хирургија и научно истражувачката работа овде се изведуваат стандардизирано од страна на искусниот тим лекари. Тие користат најнови методи и пристапи комбинирани со најсовремена опрема, што континуирано резултира со висок степен на задоволство кај пациентите.
Клиниката е модерна, беспрекорно организирана и технолошки напредна здравствена институција за што потврда е акредитацијата од JCI (Join Commission International) која означува применети највисоки стандарди за квалитет и безбедност на пациентите од лекарска грешка. Исто така поседува и државна акредитација за квалитет издадена од страна на АКАЗУМ (Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи).
Сместена е во енергетски ефикасен објект кој не произведува CO2, штеди енергија и не го нарушува балансот со природата. Таа е 100% ЕКО болница.
Имаме склучено договор со многубројни домашни и странски осигурителни компании и тоа им овозможува лекување на сите кои имаат приватно здравствено осигурување.
- Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
- Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
- Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
Како да купам Grouper купон?
Чекор по чекор како да купиш Grouper купон. Брзо, лесно, едноставно и безбедно купување. Ако сакате прво да видите како некој друг го прави тоа, еве како за 1 минута се купува Grouper купон.