Релаксиран престој и регенерација (Април - Мај)! 35% попуст на ноќевање со појадок, ручек и вечера + користење на СПА центарот во Бањишт Хотел & СПА 4* Дебар

Цена од

1650 ден.

Цена

ден.

ден.

Опција Ве молиме одберете една од наведените опции!

Вредност

2530 ден.

Попуст

35%

Заштеда

880 ден.

Преостанато време

Купени: 2541

  • ул. 8 септември бр. 9 Село Бањиште, Дебар

    Одведи ме таму

    + 389 46 831 092, 076 330 077

    info@bdcapa.com

Добивате

Опции на понудата:

1 FB ноќевањe (за мин. 2 ноќевања) 2,530 ден. (41 еур)
1,650 ден. (27 еур)

Понудата е по лице и вклучува:

  • Ноќевање со појадок, ручек и вечера во двокреветна или трокреветна соба по избор
  • Лекарски преглед (задолжителен за сите што ќе користат третмани)
  • Користење на термален СПА центар + терапии (со лекарско одобрение)
  • Користење на сауна и парна бања

Услови

  • Купонот може да се искористи од 10.03.2021 до 31.05.2021
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку email или телефон
  • Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа
  • Задолжително приложување на отпечатен ваучер на рецепција при пристигнувањето во хотелот
  • За закуп на соба потребен е престој на 2 лица

Доплати:

  • За деца до 9.99 г. престојот е бесплатно
  • За деца од 10 до 11.99 се доплаќа 730 денари на ден.
  • За лица над 12 г. потребно е да се купи купон од соодветната опција
  • Доколку не го искористите купонот до наведениот рок, истиот пропаѓа и средствата не може да се рефундираат
  • Хотелот ги следи мерките за заштита од COVID 19

Препораки за гостите:

  • При движење во апартманите задолжително е носење на маска и следење на Мерките за заштита
  • Потребно е ограничување на собири и држење на меѓусебно растојание
  • Доследна грижа за хигиената на рацете, со миење со сапун и вода или дезинфекција по допир на какви било нечисти површини.
  • Доследно следење на упатствата од персоналот во врска со обезбедување соодветно меѓусебно растојание, складирање на багаж и гардероба, начинот на давање услуги, употреба на опрема, користење на тоалети, плаќање на услуги. 

Опис


Бањишт Хотел & СПА се наоѓа на 880м надморска висина во селото под истото име Бањишт во Дебар. На ова локација има неколку извори се термо-минерална вода со оптимална температура за човековото тело од 39 Целсиусови степени, каде воедно се сместени и два стари базени изградени од Дебарчанецот на фамилијата Оручи Заде, Хаџи Мухамед, во 1797 година.

Термо-минералната вода е 100% природна, и базените постојано се снабдуваат со свежа вода (нера филтрација и рициркулација). Водата е класификувана како најбогата со минерали во Европа, со 4 гр сув остаток на минерали во 1 литар вода: Сулфур. Калциум, Калиум, Магнезиум, Железо, Натриум идр. Единствени сме во регионот што нудиме природна фанго терапија а сме победници на многу значајни награди како најдобар Медикал СПА Ресорт во Балканот, меѓу кои мора да ги истакнеме БАХА 2014 и СПА Номинатион 2015.

Хотелот е изграден во 1948-та година, Поради почитта кон историјата и традицијата, со цел да не се наруши оваа вон временска убавина и хармонија која како да го достигнала својот максимум на ова свето место, Бањишт однадвор ја има својата традиционална архитектура, но во внатрешниот современиот и луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат сите гости. Последни големи реновирања на хотелот се направени во 2012 и 2016 година.

Бањишт Хотел & СПА располага со вкупно 126 соби (двокреветни и трокреветни соби). Сите третмани се нудат во еден затворен комплекс, затоа надворешните климатски температури воопшто не влијаат врз услугите а самиот хотел нуди 24 часа централно греење во сите простории.

Достапни терапии кои може да се користат:

  • Хидротерапија - во базени со термо-минерална вода (07:00 до 18:00 часот)
  • Фанготерапија (07:00 - 14:00 часот)
  • Кинези терапија (07:00 - 14:00 часот)
  • Електротерапија (07:00 - 14:00 часот)
  • Користење на парна бања и сауна (15:00 - 21:00 часот)

Ценовникот на пијалоците можете да го погледнете ТУКА.

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.