ЗЛАТНА ЗДЕЛКА: Партнер на вашето здравје - ПЗУ Неуромедика! До 77% попуст на специјалистички преглед по избор: ОРЛ, очен, невролошки, ортопедски, интернистички, кардиолошки, гинеколошки, дерматолошки, физијатриски или уролошки преглед

Цена

ден.

ден.

Опција е задолжително поле!

Вредност

1280 ден.

Попуст

74%

Заштеда

950 ден.

Преостанато време

Купени: 101

  • Јордан Мијалков 62, Skopje, Macedonia (FYROM)

    Одведи ме таму

    023114023, 075402000, 023133313

    neuromedica@neuromedica.com.mk

Добивате

Опции на понудата:

ОРЛ преглед 1,150 ден. 490 ден.
Очен преглед 1,150 ден. 490 ден.
Невролошки преглед 2,600 ден. 590 ден.
Ортопедски преглед 2,400 ден. 590 ден.
Интернистички преглед со ЕХО и ЕКГ 3,000 ден. 990 ден.
Кардиолошки преглед со ЕХО и ЕКГ 3,500 ден. 1,190 ден.
Гинеколошки комплетен преглед 3,500 ден. 1,390 ден.
Дерматовенеролошки преглед 1,300 ден. 490 ден.
Физијатриски преглед 1,280 ден. 330 ден.
Уролошки и нефролошки преглед 3,000 ден. 2,099 ден.

*Сите прегледи се извршуваат во Неуромедика - Центар, освен дерматовенеролошки и физијатриски преглед во Неуромедика - Влае

Услови

  • Купонот може да се искористи од 11.03.2019 до 15.05.2019
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација!
  • Сите прегледи се извршуваат во Неуромедика - Центар, освен дерматовенеролошки и физијатриски преглед кој е во Неуромедика - Влае

Опис

ЗЛАТНИ КАРАКТЕРИСТИКИ:

⭐ Прв приватен медицински бренд во Македонија.

⭐ 27 години врвно здравство и беспрекорни услови за лекување.

⭐ Над 150 вработени лица со високо стручна подготовка.

⭐ Партнер на вашето здравје!

Детален опис на прегледите:

1. ОРЛ преглед

  • Преглед на уши
  • Предна риноскопија (преглед на нос)
  • Орофарингоскопија (преглед на грло)

*Прегледите ги извршува Спец. Д-р. Малинова

2. Очен преглед

  • Визус (вид на острина)
  • Очен преглед со одредување на диоптрија
  • Мерење на очен притисок и очно дно

*Прегледите ги извршува Спец. Д-р. Ангелова

3. Невролошки преглед

  • Анамнеза
  • Невролошки статус
  • Статус психикус
  • Упатување за понатамошни испитувања
  • Контрола на претходни резултати

*Прегледите ги извршува Прим. Д-р. Марковска

4. Ортопедски преглед

  • Анамнеза
  • Клинички преглед и клинички тестови
  • Препорака за дијагностички испитувања и анализи
  • Препорака за терапија

*Прегледите ги извршува Д-р. Јакимова

5. Интернистички преглед со ЕХО и ЕКГ

  • Анамнеза
  • Аускултација на бели дробови и срцева работа
  • Мерење крвен притисок
  • Палпација на стомак
  • Преглед на екстремитетите на отоци и деформитети
  • Правење ЕКГ и интерпретација
  • ЕХО на абдомен (панкреас, слезинка, црн дроб, жолчно кесе, бубрези со надбубрежни ложи, мочен меур, простата)

*Прегледите ги извршува Прим. Д-р. Милошевска

6. Кардиолошки преглед со ЕХО и ЕКГ

  • Анамнеза
  • Аускултација на бели дробови и срцева работа
  • Мерење крвен притисок
  • Палпација на стомак
  • Преглед на екстремитетите на отоци и деформитети
  • Правење ЕКГ и интерпретација
  • ЕХО на абдомен (панкреас, слезинка, црн дроб, жолчно кесе, бубрези со надбубрежни ложи, мочен меур, простата)
  • Ехокардиографија
  • Ехо на тироида

*Прегледите ги извршува Д-р. Жарко Јанковски

7. Гинеколошки комплетен преглед 

  • Гинеколошки преглед
  • Гинеколошко ехо
  • Пап
  • Колпоскопија

*Прегледите ги извршува Д-р. Николов

8. Дерматовенеролошки преглед (прегледот се извршува во Неуромедика - Влае)

  • Преглед на кожа (видливи слузници)
  • Кожни аднекси (нокт и влакна)
  • Венеролошки преглед

*Прегледите ги извршува Д-р. Минова

9. Физијатриски преглед (прегледот се извршува во Неуромедика - Влае)

  • Анамнеза
  • Став и држење на тело, движење
  • Активна и пасивна подвижност на р'бетниот столб и сите зглобови
  • Тонус, трофика и мускулна сила

*Прегледите ги извршува Д-р. Василев

10. Уролошки и нефролошки преглед

  • Анамнеза
  • Палпација
  • Ехо на урогенитален тракт
  • Ехо на бубрези, простата, мочен меур, гениталии

*Прегледите ги извршува Прим. Д-р. Кајевски

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 27 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 27 години искуство поминати низ константен раст и развој, и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на нашите пациенти. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес Неуромедика придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди. Неуромедика како ретко чист македонски бренд кој константно ги зголемува и подобрува своите работни капацитети, е особено посветена на квалитетот на медицинскиот кадар кој претставува главен извор на доверба во очите на граѓаните. Посебен акцент на работата на Неуромедика е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура и комплетната 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на нашите медицински екипи. 

Нашата активност на полето на здравствена заштита е лоцирана на две локации во Скопје - Болница во Центар и Поликлиника во Влае, Поликлиничко – дијагностички центар во Битола, Поликлиника во Куманово и Дијагностички центар во Кукуш-Грција со ординации од општа пракса и специјалисти од сите области. Неуромедика има повеќе од 150 вработени лица со високо стручна подготовка: лекари специјалисти и супспецијалисти од различни области, лекари општа пракса, медицински сестри, менаџерски тим и дополнителна администрација.

Неуромедика е првата приватна болница која на пациентите им нуди лекарска грижа 24 часа во текот на денот. Домашните посети како и санитетскиот транспорт се вршат со најсовремено опремени амбулантни возила од кои две се со специјална опрема за транспорт на потешко болни пациенти и надвор од Р.Македонија. 

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се овде.