СЕТЕК е лидер во областа на ИТ, Аудио видео и белата техника на македонскиот пазар. СЕТЕК е формиран во 1993 година, и во тоа време главна дејност беше само дистрибуција во ИТ сегментот. СЕТЕК ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори. Истовремено СЕТЕК има и свој малопродажен ланец кој континуирано се развива. Нашето седиште е во близина на централното градско подрачје, на улицата Рузвелтова бр.19, тука е сместена и целокупната администрација, големопродажбата, сервисниот центар како и најголемиот продажен салон на СЕТЕК од 450м2, кој се наоѓа на приземјето на деловната зграда на СЕТЕК. Во состав на деловната зграда на СЕТЕК, во подрумскиот дел се наоѓа еден од магацините на СЕТЕК од 1500м2, уреден според највисоките европски стандарди, кој поседува ескалатор за товарење возила во подрумскиот простор. Во близина на СЕТЕК деловната зграда се наоѓа и големиот магацин на СЕТЕК од 3500м2.  Уште од почетокот определбата на СЕТЕК е да биде најуспешен во своето својата област, и тоа е така во изминатите 20 години. Но тоа не значи дека мируваме, ние секој ден упорно работиме на постојано усовршување во сите сегменти на нашата работа, а се со цел да останеме на лидерската позиција, која што ја заслуживме благодарение на постојаното функционирање, динамичност и усовршување. Ние сме репрезенти за тоа како треба успешно да се води еден бизнис. Горди сме на тоа што го имаме веќе постигнато, но секогаш се стремиме кон подобро. СЕТЕК моментално брои околу 250 вработени: • Ние веруваме дека нашите вработени се движечката сила на нашата компанија и затоа креираме едно модерно и здраво работно опкружување со еднакви прилики и можности за сите. • Ние промовираме квалитетни услови за работа на нашите вработени – безбедност и заштита на работното место, попусти при користење на продукти и услуги од корпоративното портфолио, флексибилно работно време, најразлични форми на дијалог и интерна комуникација, поддршка на многу социјални активности итн. • Наша цел е да регрутираме, мотивираме и да ги задржиме најдобрите луѓе, додека во исто време креираме позитивен баланс меѓу работното време и личниот живот на нашите вработени.

Види ја компанијата

Крусел Дооел Скопје е компанија формирана 1992 година, првенствено како продавница за техничка стока. Во 2002 година Крусел Дооел започна со самостоен увоз на апарати за домаќинство и стана овласен увозник и дистрибутер на реномираните брендови Rohnson, GRUNDIG, Laica, Philips , Fagor, Moser, Emide, а последнава година и на Honeywell, Duracraft и Bosch. Нашата дејност опфаќа продажба на големо и мало на кујнски апарати, апарати за лична нега, грејни тела и апарати за ладење итн. Следејки го развојот на технологијата и потребите на потрошувачите денеска Крусел Доoел е една од водечките компании во рамките на својата дејност. Со успешната работа на младиот тим вработени, сопствени возила, навремена достава развивме широка трговска мрежа на клиенти низ републиката. Нашиот фокус е задоволството на нашите клиенти и крајни потрошувачи, понудувајки им квалитетни производи, новитетите од светскиот пазар, а воедно и располагаме со сопствен сервис. Со гордост можеме да се пофалиме дека нашата компанија за неполна година ќе се сели во нов сопствен простор од 1000м2, кој ке ни овозможи подобро остварување на основната цел - Врвна услуга на нашите клиенти и потрошувачи. Вербата во нашите вредности, посветеноста во работата, задоволни клиенти го прават возможен нашиот долгогодишен раст и развој.

Види ја компанијата