ПРАВИЛА
“Машина за подароци” е веб апликација, игра во која може да учествува секој регистриран Grouper корисник. Ова е празнична игра во која секој добива подарок а учеството во истата е бесплатно за сите.
За да добие подарок корисникот мора да се логира во играта со својот Grouper профил и да врти на Машината за подароци. Секој корисник добива по 1 вртење со самото логирање.
Постојат 4 начини за добивање на дополнително вртење. Секој корисник добива едно дополнително вртење:
- Со поврзување на својот профил со Facebook се добива едно вртење
- Со поканување на пријатели кои ќе се вклучат во играта се добива едно вртење
- Со купување на купон со Mastercard картичка од било која зделка на Grouper во период додека трае играта се добиваат две вртења
- Со купување на купон со друга платежна картичка од било која зделка на Grouper во период додека трае играта се добива едно вртење
Организатор
Oрганизатор на играта е ВЕБСПОТ ДООЕЛ СКОПЈЕ, со седиште на адреса ул. Лермонтова 3/6, во чија сопственост е веб страницата GROUPER со адреса http://www.grouper.mk на која ќе се спроведува играта.
Цел
“Машината за подароци” има за цел да подарува на сите Grouper корисници и да им посака среќни празници на еден поинаков начин.
Времетраење
Играта ќе трае од 20.12.2022 до 15.01.2023 година.
Право на учество и услови за учество
Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија, кои:- се регистрирани со валидна е-маил адреса на веб сајтот Grouper (http://www.grouper.mk)
- се полнолетни односно имаат 18 или над 18 години.
- ги прочитале, а со тоа и се согласиле со правилата за учество.
Во играта – „Машина за подароци“ можат да учествуваат сите физички лица кои ги исполнуваат горенаведените услови. Во празничната игра не смее да учествуваат вработените лица во ВЕБСПОТ. Во празничната игра учествуваат сите ново регистрирани корисници кои ќе креираат профил на Grouper како и сите претходно регистрирани корисници на Grouper.
За да се логираат во играта и да вртат од корисниците по логирањето се бара да ги пополнат следните податоци доколку веќе не им се пополнети во нивниот Grouper профил: име и презиме, пол, град и општина на живеење. Со внесување на податоците корисникот се сложува дека истите ќе му бидат зачувани на неговиот Grouper профил и истиот ќе може во било кое време да ги промени по потреба.
Тек на празничната игра
За да добие подарок и да учествува во играта корисникот треба да се логира во играта со неговиот Grouper профил и да врти на Машината за подароци. Секој корисник добива едно вртење на Машината за подароци со самото логирање во играта. Понатаму корисникот може да добие дополнително вртења на некој од следните начини:- Ако го поврзе својот Grouper профил со Facebook добива едно дополнително вртење
- Ако покани пријател преку опцијата “Покани пријател” или со споделување на неговиот уникатен линк со пријателот, корисникот добива вртење ако пријателот кој го поканил се вклучи т.е. се логира во играта. Корисникот може да покани повеќе пријатели и да добие неограничен број на вртења односно по едно вртење од секој пријател кој се вклучил во играта
- Ако направи купување на било кој купон од било која зделка додека трае играта корисникот добива едно дополнително вртење за секој купен купон, а доколку купи со Mastercard картичка добива 2 вртења.
Корисникот ги добива погоренаведените вртења автоматски на неговиот профил на играта по комплетираната акција, а истиот ќе може да има евиденција над сите добиени вртења во табот на играта “Мои Вртења”
ВАЖНО: Организаторот на играта ги задржува сите права на дисквалификација од играта на сите оние учесници што не ги исполнуваат условите и правилата на учество.
Зачленување
Секој учесник кој е вклучен во играта, се согласува да добива e-mail известувања за дневните зделки на Grouper.mk, односно ќе биде зачленет на мејлинг листата на Grouper. Зачленетите корисници потоа ја имаат опцијата да се отчленат од листата за добивање на дневни e-mail известувања за зделки со кликнување на линкот “Отчлени се” кој се наоѓа најдолу во секоја добиена e-mail порака од Grouper.mk.
Подароци
Преку празничната игра “Машина за подароци” ќе се поделат неограничен број на подароци и тоа:- Неограничен број на дигитални честитки
- 20 патувања од хотели во Банско и Македонија
- 90 искуства и производи од Grouper соработници
- 250 ко-брендирани подароци Grouper&Mastercard (шишиња, тефтери, ранци, држачи за пенкала и wireless полнач, слушалки, памучни торби)
- 125 Neptun ваучери: 65 x 1000 ден, 30 x 2000 ден и 30 x 3000 ден.
Сите подароци детално се истакнати во табот “Подароци” во играта.
Добивање на подароците и рок за искористување
Веднаш по вртењето на Машината за подароци корисникот добива нотификација во форма на поп-ап екран за тоа кој е подарокот кој го добил. Доделувањето на подароците се врши по случаен избор софтверски преку испрограмиран алгоритам на доделување на различните типови на подароци. Има 4 типови на комбинации кои може да му се паднат на корисникот и тоа: 3 G икони, 3 Neptun икони, 3 mastercard икони и различна комбинација од сите.Зависно од комбинацијата која ја добил корисникот добива различен подарок и условите за користење на подароците се различни. Во прилог е детална спецификација за секој подарок и начинот за добивање/подигнување на подарокот:
Дигитална новогодишна честитка – корисникот ја добива ако сврти различна комбинација од сите икони или две исти и една различна икона. Автоматски по вртењето корисникот добива поп-ап екран каде што е повикан да ви впише податоците каде сака да ја испрати честитката. Корисникот ги пополнува следните полиња: “Од”, “До”, “Email адреса на пријателот” и “Порака” и потоа организаторот преку својот софтвер ја испраќа празничната честитка до пријателот на корисникот на неговата email адреса. По желба корисникот ако не сака да ја испрати честитката може да го затвори екранот и да одбере да не испрати честитка. Доколку го затвори екранот и не ја испрати честитката корисникот потоа нема можност да се врати и повторно да има можност да ја испраќа честитката.
Брендиран подарок Grouper&Mastercard – корисникот го добива овој подарок ако сврти 3 исти икони – Mastercard логоа. Видовите на подароци кои може да се добијат со оваа комбинација се: шишиња, тефтери, ранци, држачи за пенкала и wireless полнач, слушалки, памучни торби. Корисникот добива нотификација за подарокот по вртењето и добитен ваучер во кој се содржи код со кој потоа може да го подигне подарокот. Овој вид на подарок добитникот го подигнува од канцелариите на Grouper.mk кои се наоѓаат на ул. Лермонтова 3/6, 1000 Скопје било кој работен ден од понеделник до петок од 9 до 17ч, а во период од 20.12.2022 до 31.01.2023. Задолжително за да го подигне подарокот е корисникот да го покаже добитниот ваучер заедно со документ за лична идентификација за да потврди дека е добитник на подарокот.
Подарок патување, искуство или производ од Grouper соработниците – корисникот го добива овој подарок ако сврти 3 исти икони – G букви. Корисникот добива нотификација за подарокот по вртењето и добитен ваучер во кој се содржи код и детали за компанијата која го обезбедува подарокот. Рокот за користење на овој тип на подарок е наведен на самиот добитен ваучер, а може да се искористи со претходна резервација и тоа со задолжително прикажување на ваучер кодот и документ за лична идентификација за да потврди дека е добитникот на подарокот. Ако се работи за производ, корисникот се упатува кај компанијата наведена во ваучер да си го подигне подарокот, а ако се работи за услуга или патување корисникот врши резервација за термин за користење на добитниот ваучер.
Подарок ваучер од Neptun – корисниците може да добијат ваучери во вредност од 1000 ден, 2000 ден и 3000 ден. кои може да се искористат во продавниците на Neptun. Добиениот код треба да го замените за вредносен ваучер во продавницата на Neptun во East Gate Mall, Скопје. Со ваучерот може да се купат производи од продажните места на Neptun низ Македонија. Доколку цената на производот е помала од вредноста на ваучерот, разликата не се надоместува. Доколку цената на производот е поголема од вредноста на ваучерот, разликата се доплаќа. Ваучерот не може да се замени за парични средства. Рокот на користење е до 20.03.2023.
По добиениот подарокот, корисникот добива нотификација со инструкциите за подигнување/размена на истиот.
Доколку корисникот не ги почитува инструкциите за користење на подарокот и рокот за искористување на истиот, подарокот ја губи важноста и корисникот го губи правото на негово користење.
Листа на добитниците на подароците:
Добитниците на подароците за 3 исти комбинации на икони ќе бидат објавени во табот Сречковци и тоа листата ќе се обновува со реално време односно веднаш по вртењето на секој корисник истиот ќе биде додаван во листата Сречковци заедно со подарокот кој го добил. Сите останати добитници на подарок новогодишна честитка, нема да бидат објавени со име и презиме во листата.
Запознавање на учесниците со правилата на игра и одговарање на прашања
Начинот за вклучување во играта како и правилата на игра се транпарентно и јасно опишани и објавени во овој дел. Корисниците кои сакаат да учествуваат ќе може во овој дел детално да се запознаат со текот на играта, времетраењето, правилата за учество, подароците и сите останати аспекти. Сите прашања поврзани со играта корисниците може да ги постават на наведената адреса за контакт: [email protected]