Правила на наградната игра “ОДБЕРИ ОНЛАЈН! ШОПИНГ & ВРЕДНИ НАГРАДИ!”
1. Назив и седиште на трговското друштво
Oрганизатор на нaградната игра “ОДБЕРИ ОНЛАЈН! ШОПИНГ & ВРЕДНИ НАГРАДИ! - Купувај на Grouper Shopping Mall со Mastercard и освој вредни награди” е Ананас МК ДООЕЛ, со седиште на адреса ул. Столтенбергова 4/ла.В1/ДП1 и ЕДБ 405700950053 , во чија сопственост е веб страницата GROUPER со адреса http://www.grouper.mk на која ќе се спроведува наградата игра. (во понатамошниот текст Организатор)
2. Услуги и производи заради чие рекламирање се спроведува наградната игра
Наградната игра има за цел да ги рекламира Grouper Shopping Mall и Mastercard платежните картички при онлајн купувањата на веб страната www.grouper.mk и мобилната апликација Grouper.mk за Android и iOS.
3. Име, опис и времетраење на наградната игра
Официјалното име на наградната игра е “ОДБЕРИ ОНЛАЈН! ШОПИНГ & ВРЕДНИ НАГРАДИ!”
Опис на наградната игра:
“ОДБЕРИ ОНЛАЈН! ШОПИНГ & ВРЕДНИ НАГРАДИ!” е наградна игра во која може да се вклучи секој купувач на www.grouper.mk кој во времетраењето на наградната игра ќе има направено една или повеќе трансакции со Mastercard платежна картичка од платформата (онлајн трговскиот центар) Grouper Shopping Mall на www.grouper.mk/shop, со што купувачот влегува во листата на потенцијални добитници на една од четири награди. Секоја направена трансакција со Mastercard платежна картичка на Grouper Shopping Mall влегува во извлекување, без разлика дали во истата купувачот купил и други ставки од останатите секции на www.grouper.mk. Три од наградите ќе се доделат по случаен избор со извлекување од сите реализирани трансакции со Mastercard картички, додека четвртата награда ќе се додели на оној купувач кој ќе има направено најголем износ од купувања со Mastercard картичка во Grouper Shopping Mall во времетраењето на награднaта игра.
На крајот на наградната игра ќе бидат наградени 4 добитници од кои 3 извлечени по случаен избор и 1 добитник кој има направено најголем износ на купувања во текот на времетраењето на играта.
Наградување на крајот на играта на 3 среќни добитници по случаен избор
По завршување на наградната игра, се прави извлекување по случаен избор и се доделуваат три награди на тројца различни купувачи кои направиле трансакции со Mastercard платежна картичка на Grouper Shopping Mall на www.grouper.mk/shop/shop во времетраење на наградната игра.
Наградување на 1 добитник според најголем износ на купувања со Mastercard картичка во Grouper Shopping Mall
Секој Grouper корисник кој ги исполнува условите за учество и со согласил со правилата на игра може да учествува за оваа награда преку купувања со Mastercard картичка во Grouper Shopping Mall. Секој учесник ќе има увид врз купувањата кои му учествуваат во наградната игра на својот кориснички профил на Grouper, а исто така ќе има можност транспарентно да ги гледа првите 10 купувачи со најголем износ на купувања со Mastercard картичка во Grouper Shopping Mall ва Табелата на играчи на страната на играта https://grouper.mk/nagradna-igra
Времетраење:
Наградната игра ќе започне на 13 Ноември 2020 година, а ќе заврши на 13.01.2021 година во 23:59 часот.
4. Услови за учество
Право на учество во наградната игра имаат сите државјани на Република Северна Македонија, кои:
- Се регистрирани на веб сајтот Grouper односно имаат профил на веб страната https://www.grouper.mk
- Се полнолетни односно имаат 18 или над 18 години.
- Ги прочитале, а со тоа и се согласиле со правилата за учество.
Во наградната игра можат да учествуваат сите физички лица кои ги исполнуваат горенаведените услови. Во наградната игра не смее да учествуваат правни лица, вработените лица на Ананас МК како и членовите на нивните потесни семејства.
Во наградната игра учествуваат сите ново регистрирани корисници кои ќе креираат профил на Grouper како и сите претходно регистрирани корисници на Grouper.
Правилата на наградната игра, начинот и условите за учество во наградната игра, како и нејзиното времетраење, приредувачот ќе ги објави на веб-страницата на наградната игра https://grouper.mk/nagradna-igra
ВАЖНО: Организаторот на наградната игра ги задржува сите права на дисквалификација од наградната игра на сите оние учесници што не ги исполнуваат условите и правилата на учество.
5. Територија
Наградната игра се организира и спроведува на територијата на Република Северна Македонија односно на сајтот www.grouper.mk
6. Рекламирање
Наградната игра ќе се рекламира на сајтот на оргaнизаторот (www.grouper.mk), преку дигитални медиуми (социјални мрежи, онлајн портали, веб банери), печатени медиуми (билборди) и други медиуми.
7. Зачленување и обработка на лични податоци
Секој учесник кој е вклучен во играта, се согласува да добива промотивни e-mail известувања од Grouper.mk, односно ќе биде зачленет на мејлинг листата на Grouper. Зачленетите корисници потоа ја имаат опцијата да се отчленат од листата за добивање на дневни e-mail известувања со кликнување на линкот “Отчлени се” кој се наоѓа најдолу во секоја добиена e-mail порака од Grouper.mk.
Добитниците на награди во вредност над 5.000 денари треба да го дадат и својот матичен број за да може организаторот во нивно име да изврши уплата на персоналниот данок за добиената награда.
Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на наградната игра.
Сите учесници во играта кои се сложиле со правилата ќе бидат објавени со името и првата буква од презимето (или корисничкото име, доколку недостига име и презиме) на страната на играта во делот “Табела на играчи” заедно со износот на купувања во Grouper Shopping Mall со Mastercard картичка во реално време, изразени како поени, при што еден денар = еден поен.
Добитникот се сложува дека е согласен да бидат фотографиран при приемот на наградата и да учествува во кратко видео кое потоа ќе се сподели на социјалните мрежи од страна на Grouper.mk
8. Награден фонд
Наградите во наградната игра вклучуваат:
- 1 х мобилен телефон Samsung Galaxy S20
- 1 x лап топ Asus
- 1 x Blue Pure 221 прочистувач на воздух
- 1 x електричен тротинет Segway ES1
Награди за среќните добитници избрани по случаен избор од сите купувачи кои направиле трансакции со Mastercard картички од Grouper Shopping Mall кои ќе се доделуваат по случаен избор и нивната вредност е прикажана во табелата. Дополнително, една од наградите ќе се додели на купувачот со направен најголем износ на купувања со Mastercard картичка во Grouper Shopping Mall.
9. Начин на извлекување на добитниците
Тројца добитници ќе се извлекуваат по случаен избор, по завршување на наградната игра на 15 јануари 2021, во 13h во склоп на канцелариите на Ананас МК - ул. Столтенбергова 4/ла.В1/ДП1, Скопје, а ќе се прогласи и еден добитник, кој ќе биде прв во ранг листата со направен најголем износ на купувања со Mastercard картичка во Grouper Shopping Mall.
Еден корисник не може да добие 2 награди при извлекувањето без разлика колку трансакции има направено во текот на наградната игра.
Жири комисија која ќе ги следи и надгледува извлекувањата на добитници кои ќе бидат извршени софтверски во просториите на Ананас МК ДООЕЛ, на адреса ул. Столтенбергова 4/ла.В1/ДП1, 1000 Скопје се состои од: Ива Трембелиева (претседател на жири комисијата), Ѓоко Ангеловски (член на жири комисијата), Александар Симоновски (член на жири комисијата) и Драгана Ѓоќик (заменик претседател на жири комисијата).
10. Објавување на добитниците на награди
Добитниците ќе биде објавени на страната https://grouper.mk/nagradna-igra/winners во рок од три дена од денот на извлекувањето. Сите добитници ќе бидат известени и преку email порака и/или телефонски за добиената награда.
Добитниците се согласни да бидат објавени со нивното име и презиме.
11. Доделување и услови за подигнување на наградите
Наградите на добитниците, ќе им бидат врачени на купувачите, по претходно информирање на емаил за наградата која ја добиле. Секој добитник ќе може да ја подигне наградата во канцелариите на Grouper, кои се наоѓаат на ул. Столтенбергова 4/ла.В1/ДП1 Скопје, со приложување на лична карта за идентификација и картичката со која е направена трансакцијата како доказ, со цел да му биде врачена наградата заедно со инструкции за нејзино користење. Секоја награда има свој рок и услови на користење за кои добитникот ќе биде известен при подигнувањето.
Добитникот ќе може да ја подигне наградата 10 дена по објавувањето. Добитниците не може да ги заменат наградите со паричен износ еднаков на нивната вредност или со било кој друг предмет, ниту пак да ги препродаваат истите на трети лица.
Доколку добитникот од која било причина не е во можност да ја подигне наградата, може да назначи лице што ќе го стори тоа во негово име, со претходно писмено известување на Организаторот.
Ако добитникот го откаже подигнувањето на наградата од која било причина, должен е за тоа да го извести Организаторот.
Учесниците кои се добитници на награди немаат право да бараат рефундација на направените купувања со кои учествувале во наградната игра и на сметка на кои им била доделена некоја од наградите наведени во наградниот фонд.
12. Одговорност и одговарање на прашања
За сите жалби и поплаки е одговорен организаторот на наградната игра. Во случај на жалба со релевантни забелешки, организаторот е обврзан да ги реши во најкратко можно време и да го извести учесникот за исходот.
Организаторот ќе биде одговорен до целосна реализација на наградите, односно до подигнувањето на наградите или најдоцна до 60 дена од денот на објавувањето на добитниците од последното извлекување.
Со плаќањето на персоналниот данок и преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на Организаторот на наградната игра спрема добитниците.
Организаторот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградата.
Сите прашања поврзани со наградната игра корисниците може да ги постават на наведената адреса за контакт: [email protected].
13. Дисквалификација и поднесување приговор против организаторот на наградната игра
Комисијата е овластена да го дисквалификува секој учесник, за кој се сомнева дека не учествувал во согласност со наведените правила. Одлуките на комисијата во поглед на можните дисквалификации, се конечни.
Рокот за поднесување на приговор од страна на незадоволните играчи е три дена по објавување на добитицните, а организаторот на наградната игра на тоа е должен да одговори во рок од пет дена од денот на приемот на приговорот.
14. Задолжителни правила
Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе бидат објавени откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат сè до завршувањето на наградната игра. Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила.