ЧПП
- Како работи Grouper?
Grouper.mk секојдневно нуди најразлични зделки за производи, патувања и услуги на само еден клик од вас, а што е најважно сите зделки се на попуст со најдобрите цени во моментот. Grouper функционира на многу едноставен начин: Одбери зделка > Купи купон > Користи и уживај
Мисијата на Grouper е да биде вашиот локален водич низ градот за запознавање на нови ресторани, барови, салони за убавина, најдобрата масажа, највкусната храна, а секако да ви помогне и кога сакате да прошетате со цел да најдете добро сместување низ Македонија и надвор од неа. Со стотиците активни зделки секој ден нашето мото е сé што ќе посакаш #ПрвоПровериНаGrouper
- Ми се допаѓа зделка на Grouper – како да ја добијам?
Со цел да купувате на Grouper потребно е да имате креирано кориснички профил.
Доколку немате профил кликнете ТУКА и потоа или пополнете ги податоците за
регистрација или ако имате Facebook профил одберете ја опцијата Login with
Facebook. По креирањето на профилот кликнете на копчето КУПИ ВЕДНАШ со цел
да ја купите посакуваната зделка или додајте ја во КОШНИЧКА доколку сакате да
купите повеќе зделки одеднаш.
Можам ли да купам повеќе зделки одеднаш?
Секако! Воведовме опција Кошничка во која можете да ги додадете сите ваши
омилени зделки со клик на копчето Продолжи со купување. Доколку сакате да ги
платите сите зделки кои се во кошничката, кликнете на копчето Продолжи на
плаќање
- Успешно купив зделка, а не го добив купонот?
По успешната трансакција купонот веднаш пристигнува на вашиот кориснички профил во делот Мои Купони, како и на e-mail адресата со која ви е поврзан корисничкиот профил на Grouper. Доколку сте сигурни дека имате направено успешна трансакција, а го немате купонот во делот Мои Купони ве молиме пишете ни на [email protected]
- Купив Grouper Купон - како да го искористам?
Купонот се користи согласно со условите кои се наведени на истиот. Покрај инструкциите за употреба на купонот има и потребни податоци компанијата во која се користи самиот купон.
- Дали може да го искористам мојот Grouper купон истиот ден кога сум го купил/а?
Grouper купоните имаат датум од кога може да се користат, како и рок на истекување до кога може да се користат. Најчесто купонот може да се користи веднаш по купување, меѓутоа во Условите на секоја зделка е наведен рокот за користење за конкретната понуда.
- Како да го покажам купонот при користење?
Купонот можете да го покажете од вашиот смарт телефон, таблет или сличен уред. Нема потреба да ги печатите купоните, бидете eco friendly и не трошете хартија, зачувајте ја околината. Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и купувајте и користете купони од каде и да сте.
- Можам ли да купам Grouper Купон како подарок за некој друг?
Да. Ние им пренесуваме на сите бизниси со кои соработуваме дека Grouper Купоните може да бидат подарени, и доколку во понудата не е наведено поинаку слободно може да го подарите! Со цел да го испратиме купонот како подарок, одберете ја опцијата „ПОДАРИ НА ПРИЈАТЕЛ“ при купувањето (оваа опција се наоѓа веднаш над копчето КУПИ)
- Чекај, моето име е на Grouper купонот. Дали стварно може да го употребам како подарок?
Да!
- Ако јас сум го купил/а купонот дали морам јас да го искористам?
Не. Купонот може да го искористи било кое лице на кое ќе го дадете. Во секој случај за да не дојде до злоупотреба чувајте го на безбедно место Вашиот купон како и профилот каде е зачуван и email адресата.
- Доколку не ја употребам целосната вредност на Grouper купонот наеднаш, можам ли остатокот да го искористам подоцна?
Не. Доколку не е наведено поинаку, не добивате кусур или кредит за да го искористите подоцна. Донесете пријател - поделете го!
- Можам ли да го комбинирам мојот Grouper Купон со други понуди?
Не, освен доколку не е наведено поинаку во понудата.
- Дали ми се наплатува веднаш штом ќе ја купам зделката?
Да, веднаш по успешната трансакција ви се одземаат средствата од вашата картичка со која сте го направиле купувањето и ви се испраќа купон кој непосредно по купувањето ќе го најдете во делот Мои Купони на вашиот кориснички профил.
- Дали е Grouper безбеден?
Апсолутно. Бројот од вашата кредитна картичка е пренесен преку SSL директно до безбеден електронски свод. Во ниедно време бројот на вашата кредитна картичка не е зачуван на нашиот сервер. Транскациите се процесираат преку процесинг системот на Халк Банка и во ниеден момент Grouper нема достап до вашите податоци.
- Можам ли да вратам Grouper купон?
Ние ќе направиме се за да Вие бидете задоволни. Ќе ви помогнеме ако нешто не е во ред со Вашиот купон или доколку бизнисот кој сте го посетиле со купонот не ви ја даде услугата. Само морате да не известите на време...
- Што ќе се случи ако мојот Grouper купон истече?
Не е се изгубено. Ако купонот истече, тој ја губи промотивната вредност, но се уште можете да го искористите во вредноста која сте ја платиле, односно да ја доплатите редовната цена и да го добиете производот/услугата.
- Штотуку испратив предлог за Grouper на мојот пријател што понатаму?
Доколку Вашиот пријател го направи своето прво купување во наредните 72 часа откако кликнал на линкот кој сте му го пратиле, ние ќе ви испратиме е-маил за да ве известиме дека сте добиле 30ден. кредит на вашиот профил.
- Што ако пријателот се зачлени на сајтот - добивам ли нешто од тоа?
Секако. Ако некој на кој сте му пратиле препорака се зачлени во рок од 72 часа, Вие ќе добиете кредит од 30ден. кога тој ќе го направи своето прво купување.
- Можам да пратам препораки на повеќе пријатели?
Да.
- Добив кодови за препорака од тројца пријатели - дали сите ќе бидат наградени?
Не, само последниот код кој сте го кликнале пред да го направите вашето прво купување ќе добие награда. Кој пријател најмногу ви се допаѓа?