ЧПП - Достава

Што треба да направам за да добијам бесплатна достава?

За да добиете бесплатна достава на производ потребно е да ги внесете вашите податоци во формата за бесплатна достава непосредно при процесот на купување на производот.

Дали ми е потребен купон при примањето на нарачката?

Не ви е потребен испечатен купон при приемот на пратката. Доколку сте ја пополниле формата за достава, производот ќе ви биде испратен до вашата адреса од 3 до 7 работни дена.

За колку време ќе ми биде доставен производот?

Рокот на испорака е од 3 до 7 работни дена по процесирање на нарачката, со исклучок на викенди и неработни денови.


По грешка одбрав дека ќе го подигнам производот, но сакам бесплатна достава, како може производот да ми биде доставен?

Имаме решение и за оваа ситуација! За да ви биде доставен производот, испратете е-mail на dostava@grouper.mk со следните податоци:

  • - Име и презиме на примач на пратка
  • - Адреса за достава
  • - Телефонски број
  • - Купон код и пин код од купениот купон

  • Дали добивам бесплатна достава со сите производи кои се продаваат нa Grouper?

    Бесплатна достава е вклучена во одреден асортиман на производи и компании. Во секоја зделка во делот УСЛОВИ е наведено дали конкретниот производ има вклучено бесплатна достава.


    Во кој случај производот може да ми биде заменет?

    Замена на производот се врши доколку производот е нефункционален, оштетен или е доколку испратен грешен производ. Производот може да биде заменет само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.


    Не сум задоволен од добиениот производ, како да го вратам?

    Производот може да биде вратен само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување. Истото можете да го направите во просториите на Grouper на ул. Качанички Пат бб. (Визбегово), 1000 Скопје од понеделник до петок од 08:00 до 16:00ч, лично или преку било која компанија за испорака. Трошокот за поврат на производот е на сметка на купувачот.


    Производот што го добив е оштетен, како да го заменам?

    Напишете ни е-mail на dostava@grouper.mk со следните податоци и ќе извршиме бесплатна замена на нов производ до вашата домашна адреса:

  • - Име и презиме на примач на пратка за замена
  • - Адреса
  • - Телефонски број
  • - Производ кој барате да ви биде заменет (причина за замена)
  • - Купон код и пин код од производот кој барате да ви биде заменет

  • Дали производот морам да го подигнам лично?

    Производот може да го подигне било кое лице во ваше име со прикажување на вашиот купон од происториите на Grouper на ул. Качанички Пат бб. 1000 Скопје (до Шате керамика)​