ЧПП - Плаќање

Како да знам дека успешно сум купил/а купон?

По успешната трансакција автоматски веднаш се испраќа купон на Вашиот Grouper профил. По купувањето ќе бидете пренасочени на екран каде ви пишува дека трансакцијата е успешна, ако истата била процесирана успешно. Купонот се наоѓа на Вашиот профил во МОИ КУПОНИ. Тука ви се сортирани сите купени купони според нивниот статус, односно дали се Достапни, Истечени и сл.

 

Што значи ако имам купон “во Исчекување”?

Тоа значи дека за зделката која сте ја купиле има претходно одреден минимален број на потребни купони за да стане успешна, и купонот ќе го добиете кога ќе се достигне минималниот број на купувачи.

 

Што е Grouper Профил и како да дојдам до него?

Grouper Профилот е профил во кој имате евиденција за купени и искористени купони. По успешно логирање на страницата (внесување на Вашето корисничко име и лозинка) влегувате во Вашиот профил. Доколку сте нов корисник, потребно е да одите на Регистрација, и потоа секој нареден пат на Логин. Доколку сте постоечки корисник потребно е да одите на Логин со цел за внесување на Вашето корисничко име и лозинка. Ако имате Facebook профил можете да ја одберете опцијата Login with Facebook, без разлика дали сте нов или постоечки корисник.

 

Ги внесов сите податоци за купување и ништо не се случи, дали ќе ми биде наплатено од мојата платежна картичка?

Доколку на Вашиот профил не се наоѓа купон во делот Мои Купони - "Достапни" , Вашата трансакција не била успешна и нема да ви биде наплатено ништо. Доколку сте сигурни дека трансакцијата била успешна, а купонот не можете да го најдете ве молиме контактирајте не на contact@grouper.mk

 

Со кои картички можам да купувам?

Можете да купувате со било која картичка од било која банка (Master, Visa, Maestro) освен Diners и American Express картичките. Сепак, одредени домашни банки ги немаат одобрено сите свои картички за онлајн купување, затоа доколку не сте сигурни за Вашата картичка можете да се обратите кај банката издавач на картичката во врска со детали околку онлајн плаќањето.

 

Кои податоци за мојата платежна картичка треба да ги дадам?

Потребно е да ги пополните сите празни полиња во прозорецот за плаќање: бројот на картичката (притоа не оставајќи празни места меѓу цифрите), датумот до кога е важечка, контролниот број (CVC//CVV кодот од задната страна на картичката), и име на имателот на платежната картичка.

 

Пробувам да купам купон, но ми се појавува порака "Плаќањето не е успешнo", што понатаму?

Проверете дали картичката со која го вршите купувањето е важечка платежна картичка. Проверете дали имате доволно средства на платежната картичка, со цел купувањето да може да се изврши. Проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање. Доколку се наведено сте провериле и понатаму не можете да ја купите посакуваната зделка, проблемот е веројатно од техничка природа, па затоа ве замолуваме да не известите на contact@grouper.mk со цел да го решиме проблемот.

 

Како да знам кои се условите за одреден купон?

Во самата понуда во делот "Услови" кој се наоѓа во понудата под делот "Добивате" се наведени сите услови за купонот. Ве молиме внимателно прочитајте ги условите пред купување на купонот за да се информирате. Во зделките за патувања има и дополнителен линк на Општи услови за патување.

 

Кои податоци за мојата платежна картичка треба да ги дадам?

Потребно е да ги пополните сите празни полиња во прозорецот за плаќање: бројот на картичката (притоа не оставајќи празни места меѓу цифрите), датумот до кога е важечка, контролниот број (CVC//CVV кодот од задната страна на картичката), име на имателот на платежната картичка и типот на платежната картичка.

 

Што ако немам платежна картичка?

Имаме решение и за тоа. Доколку немате платежна картичка можете да уплатите пари во вашата торбичка со уплатница со што ќе може да купувате зделки

 

Како да купам преку мојата торбичка?

Откако ќе ни испратите маил (следете го упатството за уплатница Тука) средствата Ви се префрлени на Вашиот кориснички профил, кликнете на „КУПИ“ на зделката која сакате да ја купите, а потоа во следниот чекор одберете „Торбичка“ во делот „Тип на плаќање“.

 

Како може да ја надополнам мојата Grouper торбичка?

Доколку сакате да купувате преку Grouper торбичка, потребно е истата да ја наполните со сумата која Ви е потребна за купување на една или повеќе зделки. Има два начини да ја наполните торбичката и тоа:

  • Преку уплатница - следете го упатството за уплатница Тука
  • Преку платежна картичка – логирајте се, одете со маусот над корисничкото име во десниот горен агол и потоа од опаѓачкото мени одберете “Наполни ја торбичката” и внесете ги податоците од платежната картичка, како и сумата со која сакате да ја наполните торбичката.

  •  

    Кога може да почнам да го користам купонот?

    Најчесто веднаш по купувањето на зделката ќе можете да го искористите купонот. Во делот „Услови“ на секоја зделка е наведена датата кога може да почнете да го користите купонот.