ЧПП - Подарување преку Grouper.mk

Како да подарам купон на пријател?

Постои можност да подарите било кој купон на пријател со тоа што при купувањето ќе ја одберете опцијата "Купи за пријател". Потоа потребно е да ги внесете податоците за подарокот (ваше име, име на пријателот, емаил на пријателот и приватна порака)

Купонот ќе пристигне во дигитална форма на емаил адресата на пријателот која сте ја внеле.

На самиот купон има информација дека се работи за подарок од ваша страна и ќе има персонализрана порака од ваша страна. Исто така, купениот купон за подарок се наоѓа во делот Подарени купони на вашиот кориснички профил.

Купонот подарок не стигна на маилот на пријателот, што да правам?

Најпрво пријателот може да провери во spam,promotions, junk, trash фолдерите, ако не успее да го најде пишете ни на support@grouper.mk и ние ќе се потрудиме да го добие заедно со персонализрана порака од вас :)

Што е тоа гифт картичка и како се користи?

Grouper Гифт картичката е одличен избор за подарок за вашите најмили.
Гифт картичката се испраќа на вашиот пријател на меил и потоа треба да се логира на Grouper за да може да ги искористи поените, со тоа што начин на плаќање ќе избере торбичка. Поените може да ги користи за купување на било која понуда и истите не се временски ограничени.

За да подарите Гифт картичка, потребно е да кликнете на следниот линк  https://grouper.mk/users/send-gift-bag и да ги пополните полињата, а можете да оставите и кратка порака. Вие сами ја одредувате сумата која што ќе ја подарите, а истото можете да го направите со плаќање од било која платежна картичка.

Дали можам да подарам гифт картичка на фактура?

Доколку сакате да подарите Gift картичка преку фактура, потребно е претходно да ни ги пишете следните информации на емаилот support@grouper.mk

  • Сумата на гифт картичка која ќе ја подарите
  • Меил на кој треба да ја испратиме фактурата
  • Податоци за компанијата (назив, адреса, даночен број)
  • За физичко лице (име, презиме, адреса на живеење)

Откако ќе извршите уплата на сумата, средствата ќе ви бидат префрлени во Торбичката на вашиот кориснички профил.

Смислете уникатна порака и подарете со љубов!