ЧПП - Користење на Grouper.mk

Како работи Grouper?

Grouper.mk секојдневно нуди најразлични зделки за производи, патувања и услуги на само еден клик од вас со најдобрите цени и попусти во моментот. Grouper функционира на многу едноставен начин: Одбери зделка > Купи купон > Користи и уживај

Мисијата на Grouper е да биде вашиот локален водич низ градот за запознавање на нови ресторани, барови, салони за убавина, најдобрата масажа, највкусната храна, а секако да ви помогне и кога сакате да прошетате со цел да најдете добро сместување низ Македонија и надвор од неа. Со илјадници активни зделки секој ден нашето мото е сé што ќе посакаш #ПрвоПровериНаGrouper

Ми се допаѓа зделка на Grouper, како да ја добијам?

Со цел да купувате на Grouper потребно е да имате креирано кориснички профил. Доколку немате профил кликнете ТУКА и потоа или пополнете ги податоците за регистрација или ако имате Facebook профил одберете ја опцијата Најава со Facebook. По креирањето на профилот кликнете на копчето КУПИ ВЕДНАШ со цел да ја купите посакуваната зделка или додајте ја во КОШНИЧКА доколку сакате да купите повеќе зделки одеднаш.

Успешно купив зделка, а не го добив купонот?

По успешната трансакција купонот веднаш пристигнува на вашиот кориснички профил во делот Мои Купони, како и на e-mail адресата со која ви е поврзан корисничкиот профил на Grouper. Доколку сте сигурни дека имате направено успешна трансакција, а го немате купонот во делот Мои Купони ве молиме пишете ни на support@grouper.mk

Што е тоа купон и како може да се користи?

Купонот е ваучер со купон, пин код, и QR код кој можете да го користите за попусти низ цела Македонија и пошироко. Со купоните во категориите, производи, услуги и патувања ја плаќате целосната вредност на услугата со попуст и само го прикажувате купонот во компанијата со цел да ја добиете услугата.

Дополнително на нашиот веб сајт има посебна секција купони за попуст. Откако ќе купите купон за попуст го прикажувате во компанијата и добивате дополнителен попуст при плаќањето на производот во продавницата. Најважно е дека еден купон ваши само за еден производ.

Кога може да почнам да го користам купонот?

Grouper купоните имаат датум од кога може да се користат, како и рок на истекување до кога може да се користат. Најчесто купонот може да се користи веднаш по купување, меѓутоа во Условите на секоја зделка е наведен рокот за користење за конкретната понуда.

Како да го покажам купонот при користење?

Купонот можете да го покажете од вашиот смарт телефон, таблет или сличен уред од делот Мои Купони. Нема потреба да ги печатите купоните, бидете eco friendly и не трошете хартија, зачувајте ја околината. Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и купувајте и користете купони од каде и да сте.

Можам ли да купам Grouper Купон и да го искористи друго лице?

Да. Ние им пренесуваме на сите компании со кои соработуваме дека Grouper Купоните може да бидат искористени од било кое лице, и доколку не сте во можност вие да го искористите  слободно може да го подарите на друго лице кое ќе го прикаже на компанијата во соодветниот рок на користење. 

Како да знам кои се условите за одреден купон?

Во самата понуда во делот "Услови" кој се наоѓа во понудата под делот "Добивате" се наведени сите услови за користење на купонот. Ве молиме внимателно прочитајте ги условите пред купување на купонот за да се информирате. Во зделките за патувања има и дополнителен линк на Општи услови за патување.

Можам ли да го комбинирам мојот Grouper Купон со други понуди?

Не, освен доколку не е наведено поинаку во понудата.

Дали ми се наплатува веднаш штом ќе ја купам зделката?

Да, веднаш по успешната трансакција ви се одземаат средствата од вашата картичка со која сте го направиле купувањето и ви се испраќа купон кој непосредно по купувањето, ќе го најдете во делот Мои Купони на вашиот кориснички профил.

Дали е Grouper безбеден?

Апсолутно. Бројот од вашата кредитна картичка е пренесен преку SSL директно до безбеден електронски свод. Во ниедно време бројот на вашата кредитна картичка не е зачуван на нашиот сервер. Транскациите се процесираат преку процесинг системот на Халк Банка и во ниеден момент Grouper нема достап до вашите податоци.

Можам ли да вратам Grouper купон?

Ние ќе направиме се за да вие бидете задоволни. Ќе ви помогнеме ако нешто не е во ред со вашиот купон или доколку бизнисот кој сте го посетиле со купонот не ви ја даде услугата. Само потребно е да не известите на време.

Што ќе се случи ако мојот Grouper купон истече?

Не е се изгубено. Ако купонот истече, тој ја губи промотивната вредност, но во рок од 6 месеци сеуште можете да го искористите во вредноста која сте ја платиле, односно да ја доплатите редовната цена и да го добиете производот/услугата.

Како да соработувам со Grouper.mk?

Доколку сте заинтерсирани за соработка меѓу вашиот бизнис и Grouper.mk пополнете ја формата за соработка на следниот линк: https://b2b.grouper.mk/contact/
Нашите агенти ќе ве контактираат во најбрзо време.