ЧПП - Менаџирање на вашиот Grouper профил и купони

Што е тоа Grouper профил?

Grouper профил е вашиот кориснички профил со кој можете да пристапите и да купувате од нашата платформа. Доколку сте нов корисник корисничкиот профил се креира преку регистрација со Facebook или емаил. Доколку веќе имате постоечки профил можете да пристапите кон профилот преку Логин опцијата. Во вашиот кориснички профил можете да внесете информации за вашите желби со цел ние да ги наоѓаме најдобрите зделки персонализрани само за вас.

Како да ги едитирам информациите во мојот профил?

За да можете да ги едитирате информациите на вашиот профил треба да сте логирани на вашиот кориснички профил на Grouper.mk.

Потребно е да пристапите во вашиот профил и тука можете:

  • Да ја смените вашата сегашна лозинка во табот Промена на лозинка
  • Да направите поврзување на вашиот профил со Facebook
  • Да ги смените информациите на вашиот профил (слика, лични податоци, демографски податоци и податоци за работа и лични прашања)

Направете ги промените кои ви се потребни и кликнете на зеленото копче Промени.

Каде можам да ги најдам купоните на мојот профил?

Вашите купони секогаш се наоѓаат во делот Мои Купони на вашиот кориснички профил независно дали користите пребарувач или Grouper апликација. Потребно е само да сте логирани за да пристапите до купоните.

Во делот Мои Купони можете да ги прегледате сите типови на купени купони од вашиот профил:

  • Подарени купони
  • Истечени
  • Добиени купони
  • Искористени
  • Во исчекување
  • Рефундирани 

Дополнително, сите купони ви пристигнуваат и на вашиот е-меил. Понекогаш​ вашите купони можaт да стигнat во Spam/Junk/Promotions фолдерот. 

Како можам да ги покажам купоните во компанијата?

Купоноите можете да ги прикажете од вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и прикажете ги купоните во компанијата преку делот Мои Купони - Достапни

Доколку во условите на зделката е наведено дека купоните треба да се испринтаат потребно е да ги приложите во печатена верзија.

Како да ги менаџирам дневните известувања од Grouper.mk?

Доколку сакате да се зачлените и да добивате дневни известувања од Grouper.mk потребно е да го внесете вашиот емаил во полето Email во футерот на нашата веб страница или во Pop-up прозорецот за зачленување кој се појавува на нашата веб страница.

Доколку не сакате да добивате дневни известувања од Grouper можете да ги промените категориите од интерес или да се отчлените со кликање на линкот Отчлени се која се наоѓа најдолу на емалот кој го имате добиено за дневното известување.

Како да ја сменаm мојата лозинка која ја користам на профилот?

Доколку ја знаете вашата стара лозинка можете да пристапите во делот Профил и во делот Промена на лозинка да ја внесете страта лозинка и новата која би сакале да ја користите.

Ја заборавив мојата лозинка како да направам нова?

Не се грижете можете во секое време да ја обновите вашата лозинка. За ресетирање на лозинката кликнете на https://grouper.mk/users/forgot-password

  • Внесете ја вашата емаил адреса и кликнете Рестрирај лозинка
  • На внесената емаил адреса ќе ви пристигне емаил со упатство за ресретирање
  • Потоа внесете ја email адресата и на вашиот email ќе добиете инструкции за ресетирање на лозинката
  • Кликнете промени лозинка
  • На новиот прозорец внесете ја новата лозинка и потврдете ја за да ја ресетирате

Сега можете да се логирате на нашиот сајт со новата лозинка.