ЧПП - Плаќање и промо кодови

Како да направам Grouper профил и да купам купон?

Доколку сте нов корисник ве молиме следете ги следниве чекори за регистрација:

  • Регистирајте ваш кориснички профил на овој линк: https://grouper.mk/users/login
  • Има две опции на регистрација, едната опција е со кликање на Најава со Facebook за логирање преку вашиот Facebook профил. 
  • Втората опција е да се регистрирате со e-mail адреса. Пополнете ги сите полиња во делот Нов Корисник и кликнете Регистрирај се. 
  • По креирање на профил на вашиот маил се испраќа линк за активација на профилот кој ќе треба да го кликнете за да може да се логирате.
  • По логирањето одете на зделката која сакате да ја купите и кликнете на копчето КУПИ ВЕДНАШ ако сакате да купите една зделка или ВО КОШНИЧКА ако сакате повеќе зделки или количини и продолжете кон купувањето.
  • Доколку производот е со достава, внесете ги потребните податоци за истата
  • Внесете ги податоците од вашата платежна картичка и кликнете ПЛАТИ

Честитки! Го купивте вашиот прв Групер купон, можете да го најдете на вашиот профил во Мои Купони - Достапни.

Имаме и Видео приказ за тоа како се купува купон.

Дали можам да купам повеќе купони одеднаш?

Секако! Воведовме опција Кошничка во која можете да ги додадете сите ваши омилени зделки со клик на копчето Во кошничка.
Потоа кликнете на Кошничката во горниот десен агол и на знаците + или - менувајте ги количините согласно потребите.
Потоа доле десно има прозорче со вкупната сума за плаќање проверете дали количината на купони е во ред и кликнете Продолжи кон наплата.

Како да знам дека успешно сум купил/а купон?

По успешната трансакција веднаш се испраќа купон на вашиот Grouper профил. По купувањето ќе бидете пренасочени на екран каде ви пишува дека трансакцијата е успешна, ако истата била процесирана успешно. 

Можете да ги најдете вашите купони, вклучувајќи ги и подарените купони и истечените купони со кликање на Мои Купони на нашиот веб сајт. Или во делот Мои Купони на Grouper апликацијата. Дополнително, сите купони ви пристигнуваат и на вашиот е-меил. Понекогаш​ вашите купони можaт да стигнat во Spam/Junk/Promotions фолдерот. 

Ги внесов сите податоци за купување и ништо не се случи, дали ќе ми биде наплатено од мојата платежна картичка?

Доколку на вашиот профил не се наоѓа купон во делот Мои Купони - Достапни,  вашата трансакција не била успешна и нема да ви биде наплатено ништо. Доколку сте сигурни дека трансакцијата била успешна, а купонот не можете да го најдете ве молиме контактирајте не на support@grouper.mk

Можни причини за неуспешна трансакција

  • Неважечка картичка: поминат е рокот на важност на платежната картичка
  • Картичката нема доволно средства: доколку сте додале средства на картичката истите ќе бидат достапни за онлајн купување во текот на наредниот ден. 
  • Податоците не се правилно внесени: проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање и дали истите се точно пополнети (ова да биде линкувано со прашањето подоле Кои податоци за мојата платежна картичка треба да ги внесам?). 
  • Имате лимит за онлајн купување од страна на банката: потребно е само да се јавите во банката издавач (број имате на задната страна од картичката) и да ви го отстранат лимитот
  • Немате најнов Update на мобилната апликација: направете Update на апликацијата, избришете cache меморја и обидете се повторно или обидете се преку Desktop пребарувач. 
  • Имате повеќе неуспешни обиди за купување од Desktop: oбидете се со друг интернет пребарувач, incognito window или мобилна апликација.

Доколку се наведено сте провериле и понатаму не можете да ја купите посакуваната зделка ве молиме известите на support@grouper.mk со цел да го решиме проблемот.

Со кои картички можам да купувам?

Можете да купувате со било која картичка од било која банка (Master, Visa, Maestro) освен Diners и American Express картичките. Сепак, одредени домашни банки ги немаат одобрено сите свои картички за онлајн купување, затоа доколку не сте сигурни за вашата картичка можете да се обратите кај банката издавач на картичката во врска со детали околку онлајн плаќањето.

Кои податоци за мојата платежна картичка треба да ги внесам?

Потребно е да ги пополните сите празни полиња во прозорецот за плаќање: 

  • Име и презиме: Името и презимето наведни на платежната картичка.
  • Број на картичката: 16те цифри од предната страна на картичката (без да оставате празни места меѓу цифрите) 
  • Рок на важност: датумот до кога е важечка картичката 
  • CVC2/CVV2: трицифрениот број кој се наоѓа на задната страна од картичката

Откако ќе ги внесете податоците потребно е да кликнете на копчето ПЛАТИ.

Што ако немам платежна картичка?

Имаме решение и за тоа. Доколку немате платежна картичка можете да уплатите пари во вашата торбичка со уплатница со што ќе може да купувате зделки.

Како да купам преку мојата торбичка?

Откако ќе ни испратите маил со скенирана/сликана уплатница, (следете го упатството за уплатница ТУКА) средствата ви ги префрламе на вашиот кориснички профил и ви пишуваме повратно на миалот.

Сега потребно е да кликнете на КУПИ ВЕДНАШ на зделката која сакате да ја купите, а потоа во следниот чекор да одберете Торбичка кај МЕТОД НА ПЛАЌАЊЕ и да кликнете комплетирај го купувањето.

Како може да ја надополнам мојата Grouper торбичка?

Доколку сакате да купувате преку Grouper торбичка, потребно е истата да ја надополните преку вашиот компјутер со сумата која ви е потребна за купување на една или повеќе зделки. Има два начини да ја наполните торбичката и тоа:

  • Преку уплатница - следете го упатството за уплатница ТУКА
  • Преку платежна картичка – логирајте се, одете со маусот над корисничкото име во десниот горен агол и потоа од опаѓачкото мени одберете “Наполни ја торбичката” и внесете ги податоците од платежната картичка, како и сумата со која сакате да ја наполните торбичката.

Откако ќе ги додадете средствата, истите може да ги видите во делот Биланс и можете да вршите купување на зделки со тоа што кај начин на плаќање ќе одберете Торбичка.

Што е промо код?

Промо кодовите ви даваат можност да добиете дополнителен попуст за соодветни типови и категории на зделки. Без оглед каков вид на код имате, процесот на купување е истиот потребно е само да го внесете промо кодот при нарачката.

Како можам да го искористам промо кодот?

  • Ја одбирате посакуваната зделка 
  • Кликате на копчето Купи веднаш
  • Во полето промо код го внесувате вашиот промо код
  • За да го активирате промо кодот потребно е да кликнете на копчето Активирај
  • Откако ќе го комплетирате купувањето, системски попустот ќе ви биде пресметан.

Како можете да ги видите информациите за промо кодот?

Откако ќе кликнете на Купи Веднаш, во делот Промо Код кај прашалникот во прилог ви стои објаснување за времетрањето на кодот и максималиот попуст кој можете да го добиете.