ЧПП - Патувања

Како да направам предрезервација?

За слободни места контактирајте го избраниот хотел на е-маил или на телефонските броеви кои се наведени во зделката.

Откако ќе ви потврдат дека има слободни места може да ги купите купоните во најкус можен рок. Предрезервацијата трае само неколку часа.

Препратете ги купоните на е-маил на хотелот за да ја потврдите вашата резервација.

Со ова вашето патување е резервирано и можете да почнете со спремање за пат.

Како да изгледа меилот за предрезервација во хотелот?

Во секој маил за слободни капацитети до хотелот, потребно е да ги наведете следните информации: 

  • Период на престој
  • Тип на соба
  • Број на возрасни лица 
  • Број на деца (задолжително напишете ја возраста)
  • Нагласете дека ќе купите ваучер преку Grouper.mk

Доколку има слободни места, купете ги купоните и препратете ги на хотелот со надоврзување на претходната маил конверзација за потврда на резервацијата.

Дали треба да купам купон за дете?

Најчесто нема потреба да купувате купон за дете. Зависно од возраста има соодветни доплати, кои се вршат директно во хотелите и се наведени во делот Услови во секоја зделка.

Информација за слободни соби од домашни агенции

Доколку сакате да купите патување преку домашна туристичка агенција контактирајте ги на телефонските броеви наведени во зделката и информирајте се за слободни капацитети. Откако ќе ви потврдат од агенцијата, купете ги купоните и јавете им се за потврда на предрезервацијата.

По купувањето на купоните, потребно е да потпишете договор за патување во агенцијата. 

Колку месеци треба да ми е валиден пасошот?

За реализација на патувањата, потребно е да имате валиден биометриски пасош минимум уште 90 дена.