Со секое купување на Grouper.mk од 15.12.2016 до 20.01.2017 година со твојата Mastercard картичка учествуваш во извлекување за iPhone 7 и Samsung Galaxy S7!

Grouper во Медиумите

Сакате да дознаете нешто повеќе за нас? Прочитајте ги медиумските објави од нашето постоење до денес и дознајте повеќе за нашата работа

Февруари 2016|  5 години Grouper, 5 златни зделки [Puls.mk] 5 години Grouper, 5 златни зделки [Biznisvesti.mk] 5 години Grouper, 5 златни зделки [Makmoda.com] 5 години Grouper, 5 златни зделки [Libertas.mk] 5 години Grouper, 5 златни зделки [Bankarstvo.mk] 5 години Grouper, 5 златни зделки [A ktuelno24.mk] 5 години Grouper, 5 златни зделки [Kadevecer.com.mk]

Пред 5 години за прв пат на Македонскиот пазар се појавија најголемите попусти преку непобедливите зделки кои ги воведе првиот Македонски сајт за групни попусти, лидерот во е-трговија, Grouper.mk. Оние кои ги следат сигурно ги знаат уникатните начини на одбележување на нивните родендени изминативе 4 години. Оваа година забавата е онлајн под името “5 Златни зделки на Кралот на попустите”.

Maj 2015| Зошто e-трговијата во Македонија е на ниско ниво, иако има услови за нејзин развој? [IT.com.mk]

Електронската трговија и поврзаните активности преку интернет можат да бидат мотор на подобрување на економската состојба во земјата, но придонесува и за поголема интеграција на земјата во глобалните трендови. Информатичко-комуникациската технологија (ИКТ) направи трансформација во начинот на кој трговците и потрошувачите купуваат и дистрибуираат производи.

Март 2015| Македонските граѓани лани потрошиле 11 милиони евра онлајн [Novamakedonija.com.mk]

Забрзано расте интернет-трговијата во Македонија, а најголемо влијание врз порастот на реализираните трансакции кај електронски продавници на трговците имаат глобалните трендови што полека се рефлектираат и на домашен пазар, како и поголемата понуда на производи и услуги што можат да се купат онлајн.

 

Февруари 2015| Grouper- Моќна и директно мерлива промоција за секоја компанија [Inovatinost.mk]

Умешноста во изборот и комбинацијата на промотивните алатки е клучна за да се постигнат максимални резултати со ограничениот буџет на малите и средни компании.

Февруари 2015| Растот на Grouper.mk покажа дека веќе не се плашиме да купуваме онлајн [It.com.mk]

Од година за година Grouper.mk продолжува да расте. Статистиката објавена за четвртиот роденден ни открива дека Grouper лани имал 33 отсто повеќе продадени купони од 2013-та година, или 20.000 нови корисници, над 3.200 нови зделки од 500 нови компании, и 20.000 симнувања на мобилните верзии кои беа објавени годинава.

Јануари 2015| Луда забава за четвртиот роденден на Групер! [Fashionel.mk]
Огромна журка и многу подароци на роденденот на Групер! [Kadevecer.com.mk]
Среќен 4-ти роденден Grouper! (фото+видео) [Crnobelo.com]
ФОТО: ГРУПЕР ГО ПРОСЛАВИ СВОЈОТ 4ТИ РОДЕНДЕН [Fakulteti.mk]
„Grouper.mk“ – го прослави роденденот со голема традиционална забава и многу подароци [Faktor.mk]

Лидерот во групно купување и е-трговија, Grouper, изминатава сабота го прослави својот 4ти роденден со традиционална голема забава од отворен тип, на која присуствуваа повеќе од 1000 гости. Забавата се одржа во City Hall, во целосно брендиран простор со осмислена приказна, атрактивна за корисниците, соработниците и сите посетители.

Јули 2014| Aпликација на денот: Kупоните на Grouper.mk сега се достапни и преку Android апликација [It.com.mk]

Grouper.mk, сајтот за групни попусти кој вели дека допринесува со 40 отсто во севкупната е-трговија во Македонија, сега претстави Android апликација со намера да ги мотивира корисниците да купуваат преку мобилен. Aпликацијата нуди полесно купување и пребарување на купони за попусти, но тоа што ја прави „Апликација на денот“ е што го унапредува Grouper.mk. Со апликацијата корисниците нема да мора да ги печатат купоните, туку ќе ги прикажуваат преку мобилните телефони.

Февруари 2014| Македонците стекнуваат навика за онлајн-купување[Нова Македонија]

Онлајн-светот е транспарентен, корисниците имаат поголема моќ и може значајно да влијаат на подобрување на услугите што ги нудат компаниите

Февруари 2014| Grouper.mk традиционално со голема забава го прослави третиот роденден [Crnobelo.com]

Со повеќе од 1000 гости во целосно брендиран простор со доминација на зелената боја во City Hall, најдобриот сајт за е-трговија во Македонија - Grouper, го прослави својот трети роденден. По тој повод традиционално на корисниците им беа доделени повеќе од 333 вредни подароци, во знакот на бројот 3.

Февруари 2014| Како Grouper.mk и групните попусти ја oхрабруваат е-трговијата во Македонија [It.com.mk]

Само во 2013-та година Grouper.mk услужи околу 60.000 корисници кои купија над 185.000 купони од над 950 компании, од вкупно 2.195 зделки, или 91 отсто повеќе од претходната година.

Февруари 2014| 3 години Grouper, 333 подароци за корисниците [Kadecever.com.mk]

Со повеќе од 1000 гости во целосно брендиран простор со доминација на зелената боја во City Hall, најдобриот сајт за е-трговија во Македонија -Grouper, го прослави својот трети роденден и со тоа уште еднаш покажа дека е водечки сајт за најголемите групни попусти.

Јануари 2014| Интервју со Нина Ангеловска, CEO на Grouper [InternetMarketing.com.mk]

Grouper e eден од најиновативните и најспешните вебсајтови во Македонија. Во 2013 доби награда за најдобар вебасјт за е-трговија, а статистиките покажуваат дека всушност Grouper успеа да го направи онлajн плаќањето наше секојдневие.

Декември 2013| Избор за најдобар сајт за 2013 [Sajtnagodinata.mk]
Grouper.mk прогласен за најдобар сајт за е-трговија [Kadevecer.com.mk]
ИТ настан: Сите победници на Сајт на годината 2013 [It.com.mk]

Со ова Grouper уште еднаш покажа дека е водечки сајт за е-трговија, сајт кој нуди најголеми попусти во повеќе од 10 категории. Од годинава Grouper има и нов софистициран изглед кој им нуди на корисниците еден подобар преглед на сите попусти и можност за купување.

Октомври 2013| Интервју со г-ца Нина Ангеловска, генерален менаџер на Групер - интернет страница за групни попусти [Марили]

Со речиси три години постоење, Grouper направи револуција во он-лајн купувањето во Македонија, со учество од 40% од вкупната е-трговија. Онлајн трансакциите во 2011 година, споредено со 2010 година бележеа пораст од над 1100%.

Октомври 2013| Македонците сакаат добри зделки, страниците со попусти се хит [Netpress.com.mk]

Лидери во овој бизнис за промовирање на одлични зделки се „Групер“ кои направија револуција во онлајн купувањето во Македонија, со моментално учество од 40 отсто од вкупната е-трговија.

Октомври 2013| БЕСПАРИЦА ИЛИ ТРЕНД: Навлечени на групните попусти [Telegraf.mk]

Купувачите се свесни дека онлајн-плаќањето не е ризик, туку нормална секојдневна работа, вели Нина Ангеловска од grouper.mk.

Октомври 2013| СОНИШТАТА НЕ СТАНУВААТ РЕАЛНОСТ СО МАГИЈА, ПОТРЕБНА Е ПОСВЕТЕНОСТ, НАПОРНА РАБОТА И ПОТ [eMagazin.mk]

За интересот говорат бројките: Grouper моментално има над 55.000 зачленети корисници, над 3.200 објавени успешни зделки во соработка со над 800 компании и со тоа продадени над 166.000 купони. Нашата FB фан страна во моментот бележи околу 106.000 фанови. Зборот “зависниост” ми е премногу груб и иако можеби многу сопственици на компании би сакале да го слушнат тоа за својот производ/услуга не би сакала да се согласам дека групното купување на попусти може да се нарече “зависност” од причина што по правило зависноста од било што неможе да е добра.

Јануари 2013|Grouper.mk во емисијата "Добра Идеја"

Јануари 2013| Успешната интернет македонска приказна прослави 2 години [Idividi.com.mk]

Grouper.mk е една успешна македонска интернет приказна која наполни 2 години. Со само две години постоење, Grouper.mk успеа да направи револуција во однос на онлајн трансакциите и попустите во Македонија.

Јануари 2013| Grouper.mk продаде 262% повеќе купони во 2012 година [It.com.mk]

Македонскиот сервис за групни попусти Grouper.mk само што го прослави својот втор роденден. По тој повод се организираше забава, но тоа што нам ни е поинтересно е статистиката која беше објавена за работењето на сервисот. А таа статистика е импресивна.

Јуни 2012| Интервју со Нина Ангеловска: Grouper [Pretpriemac.mk]

Grouper.mk, кој за прв пат се појави на 21 Јануари 2011 година, е првиот веб сервис за групно онлајн купување во Македонија и воедно e лидер на пазарот на групно купување, земајќи го во предвид бројот на трансакции и продадени купони,.

Јануари 2012| Една година Grouper.mk (инфографик)[It.com.mk]

Најпродавани попусти се тие за продуктите за убавина и здравја, што значи женска публика, и тие за храна и пијалоци, открива Grouper.mk во својот инфографик по повод првиот роденден. Како што пишавме претходно сервисот за групно купување во својата прв година успеа да продаде 33.162 купони за попусти од 296 компании.

Јануари 2012| Grouper.mk за една година продаде 30.000 купони за попусти [It.com.mk]

Сервисот за групно купување Grouper.mk за својот прв роденден открива дека за една година успеа да направи обрт на над 10 милиони денари од над 30.000 продадени купони на oколу 20.000 корисници.

Јануари 2012| [подкаст с2-е16] Една година Групер.мк [Komunikacii.net]

Се вративме од зимскиот сон со нова епизода од втората сезона на комуникации.нет подкасотот. Во оваа епизода скоро цел час ги прашувавме разни прашања Нина и Мартин од Групер.

Февруари 2011| Интервју со Колектива и Групер [Komunikacii.net]

По сето ова можам да кажам дека следниот milestone не ни е продажба на 1000 купони од еднa зделка туку илјадници задоволни групери како корисници на попустите и стотици задоволни бизниси и наши понатамошни партнери.