Како работи Grouper.mk?
Grouper - Сé на едно место!
Одбери > Купи купон > Користи и уживај
Grouper.mk секојдневно нуди најразлични зделки како купони за попуст, услуги, или патувања со најдобрите цени на пазарот. Преку Grouper Food можете онлајн да нарачате храна и пијалоци со достава до вашиот дом или со преземање од ресторанот. Доколку сакате да подарите избор, можете да испратите Grouper gift картичка со сума која вие ја избирате.
Како да купиш купон од Grouper?
Која е нашата Визија?
Нашата визија е да продолжиме да ја развиваме е-трговијата, а Grouper да биде препознаен како најголемата платформа за промоции и попусти.
Следете не за да бидете во тек со најновите попусти, за да го организирате вашето идно патување или да го најдете совршениот подарок од удобноста на својот дом преку мобилната апликација.
За компаниите ова е брз и едноставен начин да се промовираат, да објават зделки со попусти и да ги користат сите бенефити на е-трговијата со наша постојана поддршка.
Мисијата на Grouper е да биде вашиот локален водич низ градот за запознавање на нови ресторани, барови, салони за убавина, најдобрата масажа, највкусната храна, а секако да ви помогне и кога сакате да прошетате со цел да најдете добро сместување низ Македонија и надвор од неа. Со стотиците активни зделки секој ден нашето мото е - Сé што ќе посакаш #ПрвоПровериНаGrouper
Grouper има сé за Вас!
Зделки
На страницата за зделки можете да ги најдете најголемите попусти на услуги од најразлични категории: храна, едукација, здравје, убавина, релакс и многу други. Зделките се можност преку одлични цени да пробате нови искуства. Добивате најниски цени за услуги во градот и можност да дознете нови места и стекнете нови искуства.
- Купувањето е лесно!
- Погледнете го видеото и следете го упатството како да купите купон тука
- За било какви прашања пишете на тимот за корисничка поддршка кој е секогаш тука за вас!
Користи купони и уживај!
Сите купони кои ги имате купено можете да ги најдете на вашиот профил во делот Мои Купони. Нема потреба да ги печатите купоните, можете да ги прикажете од вашиот смарт телефон или таблет. Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата, и купувајте каде и да сте.
Храна до дома
На Grouper можете да нарачате храна од дома – до дома! Ова е супер начин да уживате во добри специјалитети доставени до вашиот дом за неполн час! Bon appetite!
Како да нарачаш?
-
Клик тука https://grouper.mk/hranadodoma
-
Одбери го омилениот ресторан
-
Кликни на омилената храна и стави ја во кошничка
-
Отвори ја кошничката, внеси ја адресата за достава и кликни плати
-
Честитки, ја нарачавте омилената храна до дома
Доколку нарачате храна нема потреба од покажување на купоните на доставувачот. По процесирање на нарачката дополнително добивате маил дека Вашата нарачка е процесирана и само вршите превземање.
Купони за попуст
Купоните за попуст се добро познат концепт кој е активен веќе подолго време на Grouper. Купувате специјални купони со симболична цена со кои добивате голем попуст директно во продавницата за која се однесува промоцијата. Ги добивате најголемите ексклузивни попусти на премиум брендови.
Gift Картички
Ова е најбрзиот и наjлесен начин да набавите подарок. Grouper Gift картичка e вредноста картичка која може да се користи на Grouper. Вредноста ја бирате самите кога го правите купувањето, а картичката може да биде дигитална и да ја испратите веднаш до оној за кој е наменета, а нудиме и опција за физичка печатена гифт картичка доколку сакате да ја подарите на тој начин. Подарувате избор во рамките на буџетот кој го имате. Идеален подарок за секоја пригода.
Патувања
На Grouper може да го резервираш твојот викенд, летен одмор, зимски релакс, еднодневен шопинг или екскурзија по одлични цени.
Од нашите почетоци, па се до денес, однесовме илјадници корисници на најразлични дестинации. Ги нудиме најдобрите цени за хотели, туристички аранжмани и еднодневни екскурзии, а воедно и ги организираме најпознатите кампањи за патувања меѓукои и онаа омилената #ДестинацијаМакедонија. Добивате брз начин на резервација, големи попусти на хотели, вили, превоз и аранжмани за најразлични дестинации.
Креирај профил и истражувај!
Не чекајте, креирајте ваш сопствен Grouper профил веднаш! Најавате се со е-маил или преку вашиот Facebook профил и најдете го она кое ви треба. За да бидете во тек со најатрактивните нови понуди зачленете за да го добивате нашиот дневен Newsletter.