Наградна игра “Среќни купони”

НАГРАДИ

Преку наградната игра “Среќни купони” од 14 Април до 17 Јули ќе се поделат 11 награди кои ќе може да се искористат за производи и услуги по избор од grouper.mk и тоа во следните износи и интензитет:

  • 5 награди x 3000 Grouper поени еквивалентно на 3000 ден. – Извлекување на добитниците на 15.05.2015
  • 5 награди x 5000 Grouper поени еквивалентно на 5000 ден. - Извлекување на добитниците на 16.06.2015
  • 1 награда x 30.000 Grouper поени еквивалентно на 30.000 ден. – Извлекување на 17.07.2015

Вкупната вредност на наградниот фонд изнесува 70.000 ден.

купони до сега учествуваат во извлекувањето. Пополни го профилот, купувај среќни купони и чекај го извлекувањето!

КАКО ДА УЧЕСТВУВАШ

Наградата игра е завршена!

ДОБИТНИЦИ

Добитник од третото извлекување на 17.06.2015 на награда од 30000 ден.:


  1. Дејан Ивановски, корисничко име: dejankobt и пин код на среќен купон: 43271457

Инструкции за подигнување на наградите се испратени на добитниците на нивните e-mail адреси.

Им честитаме на добитниците и им посакуваме среќа на сите учесници!




Добитниците од второто извлекување на 16.06.2015 на 5 награди од 5000 ден се следните:


  1. Јасмина Макреска, корисничко име: jasminamakreska и пин код на среќен купон: 94865302
  2. Костадин Граматиков, корисничко име: kartagin и пин код на среќен купон: 22636189
  3. Виктор Вангелов, корисничко име: ViktorVangelov и пин код на среќен купон: 32608681
  4. Елена Стоилковска, корисничко име: elenas1 и пин код на среќен купон: 83107672
  5. Роберт Трајков, корисничко име: rottko и пин код на среќен купон: 60018921






Добитниците од првото извлекување на 15.05.2015 на 5 награди од 3000 ден се следните:


  1. Јорго Табаковски, корисничко име: jorgo и пин код на среќен купон: 81372280
  2. Олгица Шекеринова, корисничко име: alternativa и пин код на среќен купон: 63123692
  3. Далибор Бојковски, корисничко име: daliborbojkovski1982 и пин код на среќен купон: 34277445
  4. Јасмина Божиновска, корисничко име: Djasmin и пин код на среќен купон: 17103299
  5. Горан Стојановски, корисничко име: gorstoj и пин код на среќен купон: 47970016

ОПШТИ ПРАВИЛА НА НАГРАДНАТА ИГРА “СРЕЌНИ КУПОНИ”

Општи одредби

Користејќи ја оваа игра, корисниците доброволно изјавуваат дека се согласуваат со утврдените правила и услови и се согласни со нејзините правила. Правото на користење на оваа наградна игра е лично право на корисникот и истото не може да се пренесе на други физички и правни лица. Лична одговорност е на корисникот за заштита на доверливоста на лозинките за оние места каде што е предвидено да се впишат. Организаторот не сноси никаква одговорност за било какво губење на податоците, со оглед на фактот што понекогаш доаѓа до прекин на услугите при пренос на информациите на интернет. Корисникот во потполност се согласува и го прифаќа фактот дека, без оглед на причините, пристапот до веб страната на наградната игра понекогаш може да биде во прекин, односно привремено недостапен или пак исклучен. Самиот корисник е во потполност одговорен за набавка и одржување на својата компјутерска опрема, вклучувајќи ги хардверот и софтверот, како и било која друга опрема која што е потребна за пристап и користење на оваа интернет страница.

Организатор

Oрганизатор на нарадната игра е компанијата ВЕБСПОТ ДООЕЛ, со седиште на адреса ул. Лермонтова 3/6, во чија сопственост е веб страницата GROUPER со адреса //grouper.mk. на која ќе се спроведува наградата игра.

Опис на наградната игра

За да стане потенцијален добитник на награда секој корисник е потребно да го пополни својот профил со бараните информации (минимум 90% пополнетост) и потоа да прави купувања на било кои купони од било кои активни понуди. Секој купен купон од корисник чиј профил е 90% пополнет учествува во извлекување за награда.

Времетраење

Играта ќе започне на 14 Април 2015 година, а ќе заврши на 17 Јули 2015 година во 12:00 часот на веб-страницата на GROUPER со адреса //grouper.mk

Право на учество, услови за учество и тек на играта

Право на учество во играта– „Среќни купони“ имаат сите државјани на Република Македонија, кои:

  • се регистрирани на веб сајтот Grouper односно имаат профил на веб страната //grouper.mk.
  • се полнолетни односно имаат 18 или над 18 години.
  • ги прочитале, а со тоа и се согласиле со правилата за учество.

Во играта – „Среќни купони“ можат да учествуваат сите физички лица кои ги исполнуваат горенаведените услови. Во наградната игра не смее да учествуваат вработените лица на ВЕБСПОТ како и членовите на нивните потесни семејства.

Секој корисник кој ќе одлучи да стане дел од наградната игра „Среќни купони“ потребно е најпрво да се регистрира т.е. да креира профил на Grouper.mk. Во наградата игра учествуваат и сите претходно регистрирани корисници на Grouper.
За да стане потенцијален добитник секој корисник кој има креирано свој профил потребно е да го пополни својот профил – минимум 90% од бараните податоци.
За да го пополни својот профил корисникот по логирањето потребно е да пристапи на линкот Мој Профил кој се наоѓа во главното мени на сајтот или преку формата за поплнување која се наоѓа на почетната страна и потоа да ги пополни полињата.
Бидејќи е потребно минимум пополнетост од 90% на информациите во профилот во следната табела се дадени одделните секции од делот Мој Профил и учество на секоја секција во вкупната пополнетост.

Секции во “Мој Профил” Учество на секоја секција
Лични податоци (Име, Презиме, Дата на раѓање, Пол и мобилен телефон) 18%
Место на живеење 15%
Место на работење 15%
Лични прашања 32%
Профилна слика 10%
Facebook поврзување на профилот 10%

Откако е исполнет предусловот за пополнетост на профилот од минимум 90% на корисникот ќе му се појави известување на екранот дека е потенцијален учесник за награда и секој купен купон му учествува во извлекувањето за наградите. Доколку корисникот купил купони пред да го пополни 90% профилот тие купони нема да учествуваат во извлекувањето.
Секој купен купон во период од 14.04.2015 до 15.07.2015 од корисник кој има 90% пополнет профил учествува во извлекувањето за наградата. Секој корисник ќе може да види во делот Купони на неговиот профил дали купонот е влезен во извлекувањето.
Со зголемување на бројот на купени купони се зголемува шансата на корисникот да стане добитник на награда бидејќи извлекувањето ќе се врши од сите купени купони од корисници кои имале 90% пополнет профил.
Во случај организаторот да забележи обид за нелегално логирање (лажни Facebook профили, различни нелегални програми и софтвери) има потполно право во истиот момент на тој учесник да му забрани повторно учество во играта “Среќни купони”.

ВАЖНО: Организаторот на наградната игра ги задржува сите права на дисквалификација од натпреварот на сите оние учесници што не ги исполнуваат условите и правилата на учество.

Зачленување

Секој учесник кој е вклучен во играта, се согласува да добива e-mail известувања за дневните зделки на Grouper.mk., односно ќе биде зачленет на мејлинг листата на Grouper. Зачленетите корисници потоа ја имаат опцијата да се отчленат од листата за добивање на дневни e-mail известувања за зделки со кликнување на линкот “Отчлени се” кој се наоѓа најдолу во секоја добиена e-mail порака од Grouper.mk.

Спецификација на наградите

Преку апликацијата “Среќни купони” ќе се поделат 11 вредносни награди кои корисниците може да ги искористат за производи и услуги по избор од //grouper.mk. и тоа во следните износи и интензитет:

  • се регистрирани на веб сајтот Grouper односно имаат профил на веб страната //grouper.mk.
  • се полнолетни односно имаат 18 или над 18 години.
  • ги прочитале, а со тоа и се согласиле со правилата за учество. 

Извлекување, прогласување добитници на награди и нивно подигање

Начин на извлекување:

Извлекувањето ќе биде извршено од страна на автоматски софтвер кој по случаен избор ќе одбере купони кои се влезени во извлекувањето т.е. кои се купени од корисници на кои им е 90% пополнет профилот во период од 14.04.2015 до 17.07.2015 година и тоа:

  • Купоните купени во период од 14.04.2015 до 14.05.2015 учествуваат во првото извлекување на 15.05.2015.
  • Купоните купени во период од 14.04.2015 до 15.06.2015 учествуваат во второто извлекување на 16.06.2015.
  • Купоните купени во период од 14.04.2015 до 16.07.2015 учествуваат во третото извлекување на 17.07.2015.

Софтверското извлекување ќе биде надгледувано од страна на жири комисијата во просториите на ВЕБСПОТ ДООЕЛ, на адреса ул. Лермонтова 3/6. 1000 Скопје.

Време на извлекување:

Извлекувањето на добитниците ќе се изврши во 3 етапи односно еднаш месечно ќе се доделуваат награди и тоа:

  • 1 етапа: Првото извлекување ќе се изврши на 15 Мај 2015 година во 12:00ч. (по истекот на 1 месец од почетокот на наградната игра). Наградите кои ќе бидат доделени во првото извлекување се 5 награди во вредност од 3000 ден. еквивалентни на 3000 групер поени.
  • 2 етапа: Второто извлекување ќе се изврши на 16 Јуни 2015 година во 12:00ч. Наградите кои ќе бидат доделени се 5 награди x 5000 ден. еквивалентни на 5000 групер поени.
  • 3 етапа: Третото извлекување ќе се изврши на 17 Јули 2015 година во 12:00ч. Наградата која ќе биде доделена е 30.000 ден, односно 30.000 групер поени.

Групер поените ќе бидат префрлени на профилите на добитниците и ќе им бидат на располагање за купување на било кои Grouper зделки по избор.

Објавување на добитници:

По секое извлекување добитниците ќе бидат објавени на страната на //grouper.mk. во делот Добитници од наградната игра а добитникот ќе и известување по email дека е добитник на награда на емаил адресата која ја оставил во профилот.

Еден корисник не може да добие 2 подароци. Софтверот кој ќе се користи за извлекување е дизајниран на тој начин што кога еднаш е извлечен еден корисник истиот автоматски не влегува во предвид за следното извлекување.

Рок и начин на исплата:

Наградите на добитниците ќе им бидат префрлени на нивните Grouper профили од кои биле регистрирани кога учествувале во наградната игра. Сумата која ќе ја добие добитникот на профилот ќе може да ја искористи за разменување на истата со производи и услуги по избор од зделките на //grouper.mk.. Добиената сума ќе му биде на располагање на корисникот на неговиот профил на неопределено време без временско ограничување се додека тој не направи купување со истата на посакуваните зделки во висина на добиената награда. За да ги искористи средствата за купување на производи или услуги корисникот, односно размена на истата ќе биде потребно корисникот да се логира и потоа при купување на посакуваната зделка кај Тип на плаќање да одбере Торбичка. Со тоа ќе биде минусирана оваа сума која ја потрошил при купувањето од неговиот профил. Сите добитници еден работен ден по извлекувањето ќе бидат повикани во канцелариите на Grouper кои се наоѓаат на ул. Лермонтова 3/6 Скопје за да приложат лична карта за идентификација која е потребно да се поклопува со името и презимето оставено во профилот на добитникот.

Наградите ќе бидат префрлени на Групер профилите на добитниците во рок од 5 дена по приложување документ за идентификација од страна на добитникот.

Дисквалификација и поднесување приговор против организаторот на наградната игра

За сите жалби и поплаки е одговорен организаторот на наградната игра. Во случај на жалба со релевантни забелешки, организаторот е обврзан да ги реши во најкратко можно време и да го извести учесникот за исходот. Жири комисијата е овластена да го дисквалификува секој учесник, за кој се сомнева дека не учествувал во согласност со наведените правила.

Одлуките на жири комисијата во поглед на можните дисквалификации, се конечни. Рокот за жалби од страна на незадоволните играчи е 3 дена по објавување на добитините.

Сите прашања поврзани со наградната игра “Среќни купони” корисниците може да ги постават на наведената адреса за контакт: [email protected]