Политика за заштита на лични податоци

Последно обновено: 14.08.2014


Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на Grouper веб страната, и објаснува како ВЕБСПОТ ДОО ("Grouper", "нас", "ние" и "нашите") ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.grouper.mk, мобилната апликација Grouper.mk за Android и iOS, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.


Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколу не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт. 


ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ


Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштите на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во "Последно обновено".

Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.


Политиката за зашите на лични податоци е организирана на следниот начин:

1. Видови на податоци кои ние ги собираме
2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци
3. Како Groper ги користи податоците
4. Кога и како Grouper открива податоци 
5. Како Grouper ги собира податоците
6. Безбедност на податоците
7. Пристап и промена на Вашите податоци
8. Социјални мрежи
9. Приватност на трети страни
10. Политика за заштита на лични податоци за деца
11. Терминологија
12. Контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци



1. Видови на податоци кои ние ги собираме

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници, Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

  • - го пристапувате или користите нашиот сајт
  • - се регистрирате, се зачленувате или креирате профил на Grouper.mk
  • - ги отворате или одговарате на нашите email пораки
  • - давате податоци за да се вклучите или учествувате во програми организирани од или за сметка на нашите Бизнис Соработници.
  • - оставате коментари на сајтот

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример креирање на профил, порачување производ или услуга од нас или од нашите бизнис соработници, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас или нашите бизнис соработници, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на нас или нашите бизнис соработници повратни податоци, барање податоци за нашите услуги, поднесување на договор за соработка, објавување на видео или регистрирање за специјални понуди од трети лица преку вебсајтот ("Активности за Идентификација"), може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку https безбедносна конекција преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни. Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност.

Кажи на пријател/Купи за пријател. Доколку одлучите да ја користите нашата услуга за препорака или да купите зделка за пријател, ние ќе Ви го побараме името на Вашиот пријател и неговата е-маил адреса. Автоматски ќе му испратиме еднократен е-маил на Вашиот пријател со подарокот кој сте го купиле за него или покана да го посети нашиот Веб сајт. Групер ги зачувува овие податоци со една единствена цел – да се испрати овој еднократен е-маил, подарок кој сте го купиле и заради следење на успешноста на нашата програма за препораки. Вашиот пријател може да не контактира нас со испраќање на е-маил на contact@grouper.mk и да побара овие податоци да бидат отстранети од нашата датабаза.

Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи и услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашето искуство со трети лица како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна. Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол ("IP") адреса. Ние, и / или нашите овластени трети странки Даватели на услуги и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.

2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци

Иако податоците се користат со добра намера и цели можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате.

Можете да ги уредите Вашите е-маил преференци, со логирање на Вашиот профил преку Grouper вебсајтот, со влез во секцијата "Мој Grouper" и потоа "Email известувања" или преку Grouper мобилната апликација со кликнување на G иконата во главното мени и потоа "Е-mail известувања". Тука може да се отчлените или да ги одберете категориите од Ваш интерес за кои сакате да добивате промотивни пораки со известувања за новите понуди. Исто така можете да ги прилагодите е-маил преференците со следење на инструкциите во е-маил пораките кои ги ви праќаме. Можете да ги промените преференците во било кое време. Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние ќе ви испраќаме административни пораки со информации за извршено купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на "отчлени се" копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инстукциите за да го комплетирате отчленувањето.


Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со подесување во самиот пребарувач. Пребарувачите се различни, затоа следете ги инструкциите на пребарувачот зависно кој го користите. Истото може да го подесите и од Вашиот паметен уред доколку ја користите апликацијата со подесување зависно од мобилниот уред. 

Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и подесувањата на социјалните мрежи или апликации за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу Grouper и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација. 

3. Како Grouper ги користи податоците

Ние (или нашите "Бизнис Соработници" во наше име) ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Полтика за заштита на лични податоци со цел:

  • - да го подобриме работењето на сајтот, да ви понудиме персонализирани производи и услуги од нашите бизнис соработници,
  • - да го олсениме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување, да ви одговараме на Ваши барања и прашања,
  • - да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу Grouper и нашите бизнис соработници,
  • - да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително во име на нашите Бизнис Соработници, 
  • - да аминистрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши бизнис соработници,
  • - да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, менаџирање на форумот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,
  • - да ви овозможиме да аплицирате за работно место. 
4. Кога и како Grouper открива податоци

Ние нема да ги делиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци со Grouper продавачи. Бизнис Соработниците чии услуги и производи се промовираат, може да побараат податоци за Grouper корисници кои ја купиле понудата, со цел да им помогнат при замената на купоните во производот/услугата. Во овие случаи, ние споделуваме некои од Вашите лични податоци со Grouper продавачите. Споделувањето на овие податоци може да му дозволат на Grouper продавачот да испраќа реклама директно до Вас, доколку одлучи да го стори тоа. Сепак, ние ќе споделуваме лично идентификациони податоци со Grouper продавачот само ако се вклучите во некоја активност која бара идентификација, и само со Grouper продавачот кој е вклучен во таа активност за која се барало идентификација. Ние не превземаме било каква одговорност за постапките на Grouper продавачите. Ние ги информираме дека им е дозволено да комуницираат со Вас за целите за одредени промоции кои ги склучиле со Grouper. Ние немаме никаква одговорност за активностите на Grouper продавачот, и активностите на Grouper продавачот не се под наша контрола.
  • Ние можеме да ги споделуваме Вашите податоци со овластени трети лица - Даватели на услуги. Овие "трети лица - Даватели на услуги" извршуваат функции во наше име, како испраќање и дистрибуција на нашите административни и промотивни пораки. Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски маил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите податоци со Даватели на услуги со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога нарачувате некоја услуга, податоците од Вашата  платежна картичка се процесираат преку платежниот процесинг систем на ХалкБанк со цел да се потврди плаќањето и доколку е успешно остварено може да  испратиме податоци за вашата адреса на испорачувачот на услугата заради реализација на услугата. Исто така, можеме да дадеме податоци за Grouper продавачот на нашата банка со цел да се направи исплата. Ние ги охрабруваме Grouper продавачите и третите лица Даватели на услуги да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.
  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци.
  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница.
  • Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците, и огласувачите. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со "Огласувачи" или "Маркетинг компании".
5. Како Grouper ги собира податоците

Вие ни ги оставате Вашите податоци кога се регистрирате, зачленувате, креирате профил, купувате купони или искористувате или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци на други начини со цел да го подобриме искуството и да ги оствариме маркетинг целите.

Еден начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies) За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Cookie е мал текстуален податок кој е складирани на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме cookies додека ја користитете нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Cookies, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат cookies, но вие можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач, за да одбиете cookies. Забележете дека ако сте ги одбиле или избришале овие cookies, некои делови од веб-страницата може да не работат правилно.

Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис соработници да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт, или во нашите е-пораки кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција. Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашиот сајт или апликација и кога не сте логирани на нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноста и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.

6. Безбедност на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вие можете да пристапите до Вашите лични податоци на нашата веб-страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Ние Ви препорачуваме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап. Ние шифрираме одредени чувствителни податоци со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да се осигураме дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на нас.

Податоци за плаќање: Податоците кои ги несувате при плаќањето односно купувањето, од Вашата платежна картичка не се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на банката со која соработуваме Халк Банка која е серфитицирана од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот кога го вршите плаќањето и ги внесувате податоците истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас не се видливи податоците од Вашата платежна картичка, едиствена информација за Вашата трансакција која е видлива за нас е Вашето Име и Презиме од платежната картичка, последните 4 броеви од картичката и сумата на која е извршена трансакцијата, додека сите останати се енкриптирани.

Плаќања преку мобилна апликација: Кога вршите купувања преку мобилната апликација имате опција по Ваша желба да ги зачувате податоците од Вашата платежна картичка, се со цел да се олесни купувањето и да можете со само еден клик да вршите купувања. Овие податоци се зачувани единствено на Вашиот мобилен уред и тоа во енкриптирана форма. Ако телефонот Ви биде изгубен или украден зачуваните податоци нема да бидат видливи на трето лице, единствено штета која може да ви биде направена е ако некој изврши купувања преку мобилната апликација на Вашиот телефон со Вашите зачувани податоци. Процесот на ваков начин на мобилно плаќање ви овозможува лесно купување со само еден клик, а истото е серетифицирано и проверено од компанија за етичко хакирање и безбедност на информациски системи.

7. Пристап и промена на Вашите податоци

Можете да ги пристапите, промените или избришете Вашите податоци кои сте ни ги оставиле преку Вашиот профил со едноставно логирање на Вашиот профил и пристапување на секцијата "Мој Grouper". Едниствено што неможе да го промените сами е Вашата email адреса во профилот, затоа доколку сакате да ја промените ве замолуваме да ни испратите електронска порака на contact@grouper.mk со адресата која сакате да се замени и новата адреса.

Ние ве охрабруваме веднаш да ги ажурирате Вашите лични податоци доколку се променат. Доколку сакате да го остраните профилот може да испратите барање на contact@grouper.mk но сепак тоа не означува дека сите податоци претходно зачувани ќе бидат избришани, бидејќи ние чуваме податоци за изминатите активности, не можеме да ги избришеме податоците поврзани со изминатите купувања на веб-страната поради анализи на продажбите и месечни и годишни извештаи. Покрај тоа, може да биде невозможно за нас комплетно да ги избришеме сите ваши податоци, бидејќи периодично правиме резервна копија на датабазата.

Ако одберете да ги зачувате податоците од Вашата платежна картичка на мобилната апликација, истите ќе бидат зачувани само на Вашиот мобилен уред и ние нема да имаме никаков достап до истите. Податоците во мобилната апликација именувани "Инфо за платежна картичка" можете да ги промените и избришете во било кое време. Истите се чуваат во енкриптирана форма на Вашиот мобилен уред и доколку истиот го изгубите или ви е украден податоците нема да бидат видливи за третото лице. Процесот на ваков начин на мобилно плаќање ви овозможува лесно купување со само еден клик, а истото е сретифицирано и проверено од компанија за етичко хакирање и безбедност на информациски системи.

8. Социјални мрежи

Друштвени јавни области

Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некој ресторан како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.

Поврзување со преку социјални мрежи (Facebook, Twitter, Google Plus)

Grouper им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи. Ако сте најавени на Grouper и Социјална мрежа, кога ќе кликнете на "Поврзи се" (Connect with Facebook) ќе ги споиме Вашите профили, ако е-маил адресите се совпаѓаат. Ако е-маил адресите не се совпаѓаат, ќе имате можност да ги споите мануелно преку опција Поврзувања во "Moj Grouper" на Вашиот профил. Ако веќе сте најавени на Grouper, но не и најавени на некоја Социјална мрежа, кога ќе кликнете на опцијата за поврзување преку социјална мрежа ќе биде побарано да ги внесете вашите податоци за логирање на конкретната социјална мрежа.

Спротивно на тоа, ако моментално не сте регистрирани како Grouper корисник и сакате да се најавите преку социјална мрежа најпрво ќе биде побарано да ги внесете Вашите податоци за логирање од социјалната мрежа, а потоа ќе ви биде креиран профилот на Grouper со податоците од Вашиот профил на социјалната мрежа. Ве молиме подесете кои податоци сакате да ги споделите од Вашиот профил во подесувањата на социјалната мрежа каде ви е регистриран профилот. Ако Вашиот профил е поврзан со Facebook, ќе бидете во можност автоматски да постирате неодамнешни активности на Facebook, така на пример при купување на одреден купон има опција да го споделите купувањето на Вашиот Facebook профил со Вашите пријатели. Доколку не ја отштиклирате оваа опција, купувањето ќе биде автоматски споделено на Вашиот Facebook времеплов (Timeline).

9. Приватност на трети страни

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.grouper.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците. Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.

10. Политика за заштита на лични податоци за деца

Grouper не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на Grouper изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да креирате профил и вршите купувања на услуги и производи. Веднаш ќе го отстраниме профилот и податоците поврзани со него доколку дојдеме до знаење дека истиот е на регистриран корисник кој нема 18 години.

11. Терминологија

Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се компаниите чии понуди се промовираат, маркетинг агенции, дистрибутери и продавачи.

Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го користите за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.

Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди.

Друштвени јавни области, се однесува, збрино на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт. 

Даватели на услуги, се трети лица чии услуги ги користиме, а кои ги извршуваат во наше име, како што е банка за процесирање на трансакции, сервис за испраќање на промотивни и други е-маил пораки, маркетинг агенции и аналитичари.

12. Контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци

Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци. Можете да не контактирате онлајн на contact@grouper.mk или може да ни испратите пошта на следната адреса:

  • ВЕБСПОТ ДОО, Скопје
  • Ознака: Политика на приватност
  • ул. Лермонтова 3/6, 1000 Скопје Македонија