Графички дизајнер

Имаме потреба од нов член во нашиот маркетинг тим - Графички дизајнер!

Еве што треба да знаеш:

  • Познавање на Adobe Creative Suite (Photoshop, Illustrator, InDesign)
  • Познавање на social media каналите (Facebook, Instagram)

 

Се смета за предност:

  • Познавање на video editing software, познавање и ракување со фото опрема

 

Еве што ќе работиш:

  • Подготовка на различни типови на digital visuals за social media
  • Подготовка на различни типови на digital visuals за web
  • Фотографирање и едитирање на материјалот
  • Придонес во креативата за различни маркетинг кампањи
  • Креирање на визуелен идентитет на различни маркетинг кампањи
  • Креирање на промотивни печатени материјали

 

Еве како да аплицираш:

Испрати ни го твојот дизајн на web банер заедно со CV и портфолио на raboti@grouper.mk
Subject на email пораката преку која аплицираш треба да биде: Графички Дизајнер

За креирање на банерот води се по следниот бриф:

  • Димензии на банер: 1140x100 px
  • Формат: .png
  • Тема: Grouper подготвува мини кампања за “Best of Grouper Weekend”. Само 48 часа ќе бидат објавени најпосакуваните зделки по специјални викенд цени. Претстави ја креативата со твој copy и визуелно решение кое би соодветствувало со оваа акција. Банерот би се поставил на предната страна на Grouper.


Во subject на email пораката задолжително наведи за која позиција аплицираш.

За Нас


Grouper е првиот сајт за групни попусти и воедно лидер на пазарот на е-трговија во Македонија кој предизвика револуција во онлајн купувањето!

Мрежата на соработници брои над 3000 компании, над 200.000 корисници се регистрирани за купување на Grouper и над 600.000 посетители месечно. Мобилната апликација има над 35.000 активни корисници месечно и над 100.000 инсталации.

Нашиот тим е составен од 17 млади вредни ентузијасти кои работат со пасија и желба и секојдневно гo креваат стандардот на квалитет на работа во Македонија.


raboti@grouper.mk