Отворена работна позиција: Grouper агент за продажба

Бројот на соработници и зделки постојано расте, па имаме потреба од нов член во одделот за продажба и маркетинг. Ако сметаш дека имаш одлични комуникациски вештини, сакаш работа со луѓе и имаш потенцијал за преговарање, можеби ти си нашиот нов супер агент.

 

Во што се состои работата:

  • Пронаоѓање потенцијални соработници и остварување состаноци
  • Преговарање за креирање на Grouper зделка според потребите и целите на клиентот
  • Потпишување на договори
  • Тековна комуникација со твоите клиенти
  • Учество во реализација на најразличните маркетинг кампањи и активности кои ги организираме

 

Што очекуваме:

  • Позитивна, отворена, комуникативна и мотивирана личност
  • Желба за работа со луѓе и желба за работа во Grouper пред се
  • Способност за брзо учење и адаптирање, флексибилност и иницијатива
  • Тимска игра

 

Како да аплицираш:

  • Испрати го твоето CV и мотивациско писмо на raboti@grouper.mk
  • Subject на email пораката преку која аплицираш треба да биде: Агент за Продажба
  • Напиши предлог за 2 зделки кои би сакал/a да ги донесеш од компании кои не се наши соработници

 

*Бонус апликација што ќе има предност при разгледување: Стави се во улога на Grouper агент и испрати маил за предлог соработка до салон за убавина "Grouper's beauty room" или ресторан "Grouper's foodie room".

  • Hint > Маилот треба да биде во форма за соработка т.е. ти си Grouper агент и се обраќаш до салонот за убавина/ресторанот со предлог за соработка. Ако добиеш повратен одговор тоа значи дека си го закажал своето интервју за работа кое е симулација состанок за продажба каде твојата задача е да договориш промотивна зделка и потпишеш договор. (детали допoлнително ќе добиеш на email ако си одбран/а).

За Нас


Grouper е првиот сајт за групни попусти и воедно лидер на пазарот на е-трговија во Македонија кој предизвика револуција во онлајн купувањето!

Мрежата на соработници брои над 3000 компании, над 200.000 корисници се регистрирани за купување на Grouper и над 600.000 посетители месечно. Мобилната апликација има над 35.000 активни корисници месечно и над 100.000 инсталации.

Нашиот тим е составен од 17 млади вредни ентузијасти кои работат со пасија и желба и секојдневно ги креваат стандардот на квалитет на работа во Македонија.



raboti@grouper.mk