Отворена работна позиција: Проектен менаџер за раст и развој на Grouper Shopping Mall

По започнувањето на кризата во април 2020та год. го лансиравме нашиот нов проект, Grouper Shopping Mall на кој работевме во изминатиот период. Со над 250.000 Grouper регистрирани корисници, постои голем потенцијал за брз раст и развој на најголемиот онлајн трговски центар (маркетплејс платформа). Веќе на 100 компании отворија свои е-продавници како дел од Grouper Shopping Mall. Во потрага сме по нов член на тимот со пасија за унапредување и развој на Grouper Shopping Mall и искуство во областа како и во менаџирање на проекти.  

Во што се состои работата:

  • Креирање и имплементирање на стратегија за раст на Grouper Shopping Mall (B2B и B2C)
  • Развивање на нови функционалности во соработка со CTO и тимот за развој 
  • Креирање на маркетинг кампањи и менаџирање на имплементацијата во соработка со маркетинг директорот и директорот на продажба
  • Редовен мониторинг и анализа на перформирањето и преземање на соодветни активности  
  • Истражување, анализа и изготвување на извештаи на месечна основа

Што очекуваме:

  • 2+ години работно искуство во проектен менаџмент и е-трговија 
  • Пасија за е-трговија и познавање од областа на маркетплејс платформи
  • Вештини за менаџирање на луѓе и таскови 
  • Комуникациски вештини
  • Позитивна, отворена, комуникативна и мотивирана личност
  • Желба за работа со луѓе и желба за работа во Grouper пред се
  • Способност за брзо учење и адаптирање, флексибилност и иницијатива

Како да аплицираш:

  • Испрати го твоето CV и мотивациско писмо на raboti@grouper.mk
  • Subject на email пораката преку која аплицираш треба да биде: Project Manager Mall