Social Media & Google Ads Manager

Имаме потреба од нов член во нашиот маркетинг тим - Social Media & Google Ads Manager

Еве што треба да знаеш:

  • Познавање на Facebook Ads Manager и Google Ads платформата за рекламирање како и Google Analytics
  • Copywriting вештини
  • Во тек со трендовите на дигиталниот свет
  • Организациски способности и одговорност

Се смета за предност:

  • Високо образование од областа на Маркетинг
  • Познавање на Photoshop/ Illusrator
  • Познавање на MailChimp или Mailterlite

Еве што ќе работиш:

  • Креирање на платени кампањи на социјалните мрежи (Facebook и Instagram) преку платформата Facebook Ads Manager
  • Креирање на платени кампањи на Google Ads платформата за рекламирање
  • Анализа и следење на KPI’s на кампањите
  • Идентификација на нови трендови, имплементација на нови алатки
  • Подготовка на дедицирани email кампањи по потреба
  • Оптимизација на кампањите врз база на дневните резултати и добри практики
  • Креирање на месечни извештаи за сите кампањи
  • Учество во подготовката на маркетинг кампањите

Еве како да аплицираш:

Subject на email пораката преку која аплицираш треба да биде: Social Media & Google Ads Manager

Заедно со твоето CV и мотивациско писмо, испрати ни на raboti@grouper.mk и copy за реклама на Facebook и Instagram за следнава кампања:

Grouper подготвува мини кампања за “Best of Grouper Weekend”. Само 48 часа ќе бидат објавени најпосакуваните зделки по специјални викенд цени. Твоја задача е да напишеш copy кое би се користело при рекламирање на кампањата на социјалните мрежи.