Отворена работна позиција: Специјалист за продажба

Бројот на соработници постојано расте, па имаме потреба од нов член во одделот за продажба и соработка со компании. Ако сметаш дека имаш одлични комуникациски вештини, сакаш работа со луѓе и имаш потенцијал за преговарање, можеби ти си нашиот нов специјалист за продажба.

Во што се состои работата:

  • Пронаоѓање потенцијални соработници и остварување состаноци
  • Преговарање за креирање на Grouper зделка според потребите и целите на клиентот
  • Потпишување на договори
  • Тековна комуникација со твоите клиенти
  • Учество во реализација на најразличните маркетинг кампањи и активности кои ги организираме

 Што очекуваме:

  • Позитивна, отворена, комуникативна и мотивирана личност
  • Желба за работа со луѓе и желба за работа во Grouper пред се
  • Способност за брзо учење и адаптирање, флексибилност и иницијатива
  • Тимска игра

Како да аплицираш:

  • Испрати го твоето CV и мотивациско писмо на [email protected].mk
  • Subject на email пораката преку која аплицираш треба да биде: Специјалист за Продажба

*Бонус апликација што ќе има предност при разгледување: Стави се во улога на Grouper специјалист за продажба и испрати маил за предлог соработка на компанија во Grouper Shopping Mall

  • Hint > Маилот треба да биде во форма за соработка т.е. ти си Grouper специјалист за продажба и се обраќаш до компанија нудејќи и да отвори своја онлајн продавница во склоп на Grouper Shopping Mall. Ако добиеш повратен одговор тоа значи дека си го закажал своето интервју за работа кое е симулација состанок за продажба каде твојата задача е да потпишеш договор. (детали допoлнително ќе добиеш на email ако си одбран/а).

За Нас

 Grouper е сајт за промоција и воедно лидер на пазарот на е-трговија во Македонија кој предизвика револуција во онлајн купувањето! Од 2020 год го отворивме првиот маркетплејс  - Grouper Shopping Mall, во склоп на нашата платформа, каде секоја компанија има можност да отвори своја онлајн продавница. 

Мрежата на соработници брои над 3500 компании, над 270.000 корисници се регистрирани за купување на Grouper и над 600.000 посетители месечно. Мобилната апликација има над 35.000 активни корисници месечно и над 100.000 инсталации.

Нашиот тим е составен од 17 млади вредни ентузијасти кои работат со пасија и желба и секојдневно ги креваат стандардот на квалитет на работа во Македонија.

 [email protected]