Отворена работна позиција: Digital Marketing Specialist

Во потрага сме по нов член на нашиот тим – Специјалист за Дигитален Маркетинг!

Еве што треба да знаеш:

  • Претходно работно искуство како Специјалист за Дигитални Медиуми или Дигитален Маркетинг Менаџер
  • Познавање на кој било софтвер за обработка на мултимедиа
  • Познавање на принципите на визуелна комуникација
  • Искуство во областа на веб дизајн и системите за управување со содржини (CMS)
  • Одлични аналитички вештини и способност за управување со проекти
  • Силни вербални и писмени комуникациски вештини
  • Високо образование од областа на маркетинг, дигитални медиуми или од некое друго релевантно поле би се сметало за плус

Еве што ќе работиш:

  • Дизајнирање на дигитални медиумски кампањи усогласени со деловните цели.
  • Координација и реализирање на дигитални содржини (на пример, контент за социјални медиуми, блогови, соопштенија за јавноста, реклами на социјални медиуми и подкасти)
  • Развивање на маркетинг кампањи во согласност со бренд начелата на Grouper
  • Управување со дигитални проекти од почеток до крај
  • Зголемување на свеста за нашиот бренд преку зајакнување на нашето онлајн присуство
  • Одржување на силен онлајн глас на социјалните медиуми
  • Предлагање и спроведување на директни маркетинг методи за зголемување на профитабилноста
  • Следење на ROI и KPI
  • Следење на актуелните настани во дигиталните медиуми

Еве како да аплицираш:

Испрати ни го твоето CV, мотивациско писмо и било што што сметаш дека ќе ни помогне за подобро претставување на твојата работа на raboti@grouper.mk
Subject на email пораката преку која аплицираш треба да биде: Digital Marketing Specialist