Услови за замена и враќање на производ

Со купување на производ од Grouper Shopping Mall вие се согласувате со општите услови за достава замена и враќање на производи.

Достава

Времето потребно за достава е наведено во секој производ и зависи од компанијата од која е купен производот. Доставата ја врши компанијата или нивни соработник за достава. Во одредени периоди може да има доцнење на доставата и во тој случај спорот за достава се решава меѓу компанијата и корисникот. Секако Grouper е на располагање за било какви прашања.

Замена на производ

За секој производ постои можност за замена во рок од 15 дена по купувањето на производот доколку од компанијата имаат достапни залихи од истиот. Замената се врши само во случај кога производот е нефункционален, оштетен или доколку e испратен грешен производ. Производот може да биде заменет со нов само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување.

Постои можност за замена во случај производот да има соодветен квалитет, но да не му одговара на купувачот во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот, или од други причини, при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси Купувачот.

Доколку производот нема соодветен квалитет или му е доставен грешен или оштетен производ на купувачот, истиот може веднаш да се замени при што трошоците за доставата и евентуалните други трошоци за замената ќе ги сноси компанијата од која е нарачан.

Замената се врши при достава на новиот производ.

Враќање на производ

Постои можност за враќање на производот во просториите на компанијата во рок од 15 дена по купувањето. Трошокот за поврат е на сметка на купувачот. Производот може да биде вратен само доколку не е претходно користен и е уредно спакуван во оригиналното пакување. По враќањето на производот корисникот може да добие поврат на средствата со предходно известување на support@grouper.mk.