Отворена работна позиција: Senior Sales Specialist for marketplace (Сениор Специјалист за продажба за marketplace)

По започнувањето на кризата во април 2020та год. го лансиравме нашиот нов проект, Grouper Shopping Mall на кој работевме во изминатиот период. Со над 250.000 Grouper регистрирани корисници, постои голем потенцијал за брз раст и развој на најголемиот онлајн трговски центар (маркетплејс платформа). Веќе на 100 компании отворија свои е-продавници како дел од Grouper Shopping Mall. Во потрага сме по нов член на тимот со пасија за унапредување и развој на Grouper Shopping Mall и искуство во областа а продажба.

Во што се состои работата:

  • Комуникација и склучување на продажба со средни и големи клиенти

  • Пронаоѓање потенцијални соработници и остварување состаноци

  • Креирање и имплементирање на продажна стратегија за раст на Grouper marketplace (B2B и B2C)

  • Креирање на маркетинг кампањи и имплементацијата во соработка со маркетинг директорот и директорот на продажба

  • Предлози за подобрување на функционалности на маркетплејс

  • Редовен мониторинг и анализа на перформирањето и преземање на соодветни активности  

  • Истражување, анализа и изготвување на извештаи на месечна основа

Што очекуваме:

  • 3+ години работно искуство во продажба 

  • Oрганизациски вештини и вештини за менаџирање на луѓе и задачи

  • Позитивна, отворена, комуникативна и мотивирана личност

  • Желба за работа со луѓе и желба за работа во Grouper пред се

  • Способност за брзо учење и адаптирање, флексибилност и иницијатива

  • Работа во поле на е-трговија ќе се смета за предност

  • Познавање на маркетплејс платформи ќе се смета за предност

Како да аплицираш:

  • Испрати го твоето CV и мотивациско писмо на [email protected]

  • Subject на email пораката преку која аплицираш треба да биде: Senior Sales Specialist