Услови и согласност за директен маркетинг

Обновено на 22.04.2021

1. Што се дневни емаил известувања

Дневните емаил известувања се пораки кои секој ден ги добивате во вашето поштенско сандаче и ве информираат за сите нови зделки и понуди на Grouper.mk. Дневните емаил известувања ги добивате доколку се зачлените на нашата листа за дневни известувања.

2. Цел на дневните емаил известувања

Целта на емаил известувањата е да добивате дневна информација во вашето емаил сандаче за сите најнови промоции, производи и услуги на www.grouper.mk, лесно да ги најдете понудите кои ги барате и да останете информирани за сите новости.

3. Прифаќање или одбивање за добивање на дневни емаил известувања

При регистрација имате опција да одберете check box „Да” или „Не” на прашањето „Дали сакате да добивате дневни емаил известувања”. Со штиклирање на истото вие давате согласност да добивате дневни емаил известувања за новите објавени понуди на www.grouper.mk.

4. Како се користи вашата емаил адреса

Емаил адресата со која ќе се зачлените ќе стане дел од меилинг листата за дневни известувања. Единствен начин на кој ќе се користи податокот за емаил адресата е испраќање на емаил известувања за промоции и новости.

5. Право на отчленување од листата на дневни известувања и бришење на емаил адресата

Секој корисник има право да ја даде или да ја повлече согласноста за Директен маркетинг, во било кое време. 

Отчленувањето од емаил известувањата е многу едноставно.

На секој емаил кој го добивате во долниот денес агол им копче Отчлени се.

Го кликате и одбирате дека повеќе не сакате да добивате дневни известувања и одбирате Зачувај. Со тоа повеќе нема да добивате дневни известувања од Grouper.

Доколку сакате вашата емаил адреса да биде целосно избришана пишувате емаил до support@grouper.mk со цел целосно бришење на истата.