Услови на купување

Услови на купување

Со купување на било која понуда од веб сајтот Grouper.мк или учествување во било која програма на сајтот Вие се согласувате со Условите на употреба, вклучувајќи ги и Условите на купување.

(А) Општо

Описот на понудите на Grouper се дадени од страна на Продавачите или друга трета страна која е засегната. Grouper не ги истражува или гарантира за Продавачите и согласно Grouper не е одговорен за давањето на услугата  ниту за квалитетот  и  други забелешки поврзани со описот на понудата. Цената на понудите може да се промени во било кое време без претходно известување од страна на Grouper. 

Продавачот може да рекламира услуги, производи или патувања преку веб сајтот. Grouper не прави верификација и валидација и не собира докази, регулаторни авторизации, лиценци или сертификати од Продавачите (вклучувајќи, но не и лимитирано на Здравствени установи, Фитнес Центри, Салони за убавина). Вие како Корисник може да истражите повеќе ако сметате дека е неопходно, пред купување на било која понуда за да дознаете дали Продавачот е овластен да врши продажба и давање на конкретните услуги. Продавачот е единствено одговорен за квалитетот на услугите и производите кои се продаваат преку понудата.

Grouper не е  давател на здравствени услуги и не фаворизира или препорачува одредени услуги, производи или процедури кои се рекламираат на сајтот. Сајтот не е замена за професионален совет, вклучувајќи здравствен или медицински совет, дијагноза или лекување. Секогаш консултирајте се со Вашиот лекар за било кои прашања околу Вашата здравствена состојба. Никогаш не дозволувајте да го игнорирате професионалното мислење поради нешто што сте го виделе или прочитале на сајтот.

Grouper може во своја дискреција да го провери идентитетот на одреден купувач. 

Grouper може исто така да да одбие процесирање на купување или да откаже направено купување, ако е тоа разумно неопходно, во согласност со важечките закони или со цел да одговори на погрешна интерпретација, измама или потенцијално кршење на законите или Условите на употреба. Рефундирања на средства за откажани трансакции може да бидат направени каде што е потребно. 

Ако одредена понуда стане недостапна за купување, Grouper ќе го откаже купувањето и ќе ве извести по е-маил.

Grouper не гарантира за цените на понудите и не гарантира дека нема да има грешка во цените. Grouper го задржува правото да не ги процесира или откаже купувањата ако цената која била дадена во понудата е грешна. Ако ова се случи Grouper ќе ве информира преку е-маил. Дополнително Grouper го задржува правото да ја промени продажната цена на понудите вo било кое време. 

(Б) Ваучери

Сите ваучери купени од сајтот Grouper се промотивни ваучери по цени со попуст од оригиналната цена или по оригинална цена кои се разменуваат за услуги или производи кај Продавачот на конкретниот ваучер. Понатаму, единствено Продавачот е одговорен за грижата и квалитетот на услугите и производите кои ги обезбедува и за било каква настаната штета, повреда, трошок направен директно или индиректно, делумно или целосно, без разлика дали тоа произлегува од користењето на Grouper ваучер или не. Вие го ослободувате Grouper и неговите вработени од било какви обврски кои прoизлегуваат од или се поврзани со кој било чин или пропуст од страна на Продавачот во врска со користењето на ваучер за производи, услуги или патувања кои Продавачот ги обезбедува во врска со ваучерот.

Со купување, гледање на мобилната верзија, печатење, прифаќање, користење или обид за користење на било кој ваучер, Вие се согласувате конкретно со условите на тој ваучер наведени во самата понуда за ваучерот и со дополнителните услови специфични за одредената понуда кои се наведени во самата понуда во времето на купување на ваучерот ("Услови"), понатаму се согласувате и со Условите на употреба и со овие Услови на купување. Овие правила важат за сите Ваучери кои се ставени на располагање за продажба на сајтот, освен доколку во Условите на конкретниот ваучер не е поинаку наведенo, и освен ако важечкиот закон не налага поинаку. Во случај на судир помеѓу овие Услови на употреба и Условите наведени во ваучерот, предност ќе имаат условите на ваучерот. Секој обид да се употреби ваучер со прекршување на овие Услови на употреба (вклучувајќи ги и условите на купување) ќе значи дека ваучерот е неважечки.

Продавачот е издавач и продавач на ваучерите и истиот е единствено одговорен за размена на ваучерот за производи и/или услуги. Ако Продавачот одбива размена на ваучерот, а периодот за искористување е валиден и понудата е активна контактирајте не со цел да извршиме проверка со компанијата. Ваучерите не може да се заменат за пари.  

(В) Правила и услови за сите ваучери (освен ако не е поинаку назначено во условите на зделката или во специфичните правила кои се однесуваат на конкретниот ваучер)

Ваучер од Продавач може да се примени само за размена на производи или услуги кои се нудат од страна на Продавачот и не се однесува на трошоците за испорака.

Еден ваучер може да се користи само за една нарачка (замена за производ или услуга) освен ако не е различно назначено од Продавачот.

Ваучерите не може да се комбинираат со други ваучери од продавачи или промоции, доколку не е поинаку назначено од страна на продавачот.

Репродукција, продажба или трговија со ваучерите е забранета освен ако не го направите тоа во согласност со применливиот закон.

Користење на ваучер во предвидениот рок: Доколку сте биле кај продавачот во предвидениот рок на купонот и продавачот одбил да Ви го размени ваучерот за услуги/производи за кои се однесува ваучерот, Ве молиме контактирајте не со цел да извршиме проверка. Доколку рокот наведен на страната, за користење на ваучерот е истечен или зделката е завршена, ваучерот повеќе не можете да го користите освен во случај продавачот да се согласи да Ви ја даде услугата/производот со доплата на купонот до редовната цена.

Парцијално искористување на вредносни ваучери кои се продаваат од одредени продавачи: Доколку го замените ваучерот за вредност помала од назначената вредност, ќе имате право да ја искористите разликата (назначената вредност на ваучерот – (минус) помалата вредност која сте ја искористиле) за друг производ/услуга при истото доаѓање, кај истиот продавач под истите услови. На пример ако купите вредносен Grouper.mk ваучер по цена од 200 ден. кој ви дава право да купите производи во вредност од 400ден. и купите производ/услуга во вредност од 300ден. ќе имате право на искористување на остатокот од 100ден. на друг производ/услуга во истиот термин, односно наеднаш. Остатокот од вредноста не може да се користи на повеќе пати во иднина. Продавачот нема да ви ја исплати разликата во пари. 

Изгубени или оштетени ваучери: Ниту Grouper.mk ниту наведениот продавач не е одговорен за изгубени или оштетени Grouper.mk ваучери. Чувајте го ваучерот на безбедно место. Лицето кое го користи купонот не мора задолжително да е купувачот. Купонот може да го искористи лице кое го поседува со прикажување кај продавачот. По употребата ваучерот се смета за искористен и истиот ќе биде одбележан како таков кај компанијата-продавач. Чувајте го ваучерот внимателно бидејќи секој оној кој има пристап до Вашeто email сандаче или до Вашиот Grouper купон, може да има пристап до Вашите Grouper ваучери. 

Користење на ваучер по истекот на предвидениот рок: По истекот на рокот на ваучерот истиот ја губи промотивната вредност. Може да се искористи за истата услуга/производ со доплата до редовната цена на купената услуга/производ само доколку компанијата за која важи ваучерот се согласи. Ваучерот ја губи и платената цена по 6 месеци од датумот на завршување на рокот за реaлизација на конкретниот ваучер и не може да се искористи ниту со доплата по истекот на периодот од 6 месеци.

(В.1) Правила и услови на вредносни ваучери

Вредносен ваучер е ваучер кој на купувачот му обезбедува размена за услуги и производи кај Продавачот во одредена вредност назначена на ваучерот. Ако ваучерот кој се продава е на 50% попуст тоа значи дека на пример. за купен ваучер од 100 ден. корисникот има право да го размени за производи и усуги (по избор, наведени во понудата) во вредност од 200 ден. 

Доколку го замените ваучерот за вредност помала од назначената вредност, ќе имате право да ја искористите разликата (назначената вредност на ваучерот – помалата вредност која сте ја искористиле) еднократно при истото доаѓање, кај истиот трговец под истите услови. На пример ако купите ваучер од 200 ден. кој ви дава право да купите производи во вредност од 400 ден. и купите производ/услуга во вредност од 300 ден. ќе имате право на искористување на остатокот од 100 ден. на друг производ/услуга во истиот термин, односно наеднаш. Остатокот од вредноста не може да се користи на повеќе пати во иднина. Продавачот нема да ја исплати разликата во пари.

(В.2) Правила и услови за ваучерите за патувања

Друштво за производство, трговија и услуги АНАНАС МК Скопје - Подружница Туристичка агенција ГРУПЕР Скопје, ул. Столтенбергова бр.4/ла.В/ДП1 Скопје - Центар ДООЕЛ Скопје е лиценцирана туристичка агенција со лиценца А, рег. бр. 13-753/2. Понудите кои се рекламираат за патувања може да бидат понуди кои се нудат во соработка со различни хотели или понуди кои се нудат од други туристички агенции.

Понуди кои се рекламираат од Туристички агенции: Grouper (Друштво за производство, трговија и услуги АНАНАС МК Скопје - Подружница Туристичка агенција ГРУПЕР Скопје, ул. Столтенбергова бр.4/ла.В/ДП1 Скопје - Центар Скопје) не е одговорен за аранжманите кои се нудат преку туристичките агенции. Вие се согласувате дека со купувањето на ваучер за туристички аранжман од Туристичка агенција наведена во понудата, го ослободувате Grouper од било каква одговорност за патувањето. Единствено Туристичката агенција - Продавач на аранжманот е одговорна за истиот. Потпишувањето договор за патување е задолжително пред патувањето и тоа со Туристичката агенција која се јавува како организатор на патувањето. Во случај на откажување на туристички аранжман од страна на ТА која се јавува како организатор на патувањето, за рефундација на средствата на купувачите е одговорна туристичката агенција организатор на патувањето.

Понуди кои реламираат и нудат хотели: Понудите кои се нудат за хотели директно преку АНАНАС МК ДООЕЛ, Скопје ДООЕЛ Скопје, не претставуваат аранжмани со вклучен превоз, туку Ви обезбедуваат промотивни цени за сместувања во најразлични хотели под различни услови и рокови за користење. Единствено Вие сте одговорни за правење на резервацијата во Ваше име и за Ваша сметка кај хотелот - продавач на понудата. Grouper не врши резервација во име на корисникот и за негова сметка кај хотелот. Секоја понуда содржи контакт телефон и е-маил од хотелот - Продавач на истата каде што Вие треба да се обратите за резервација, односно достапност на капацитети, согласно Вашите желби и согласно рокот за користење на понудата. По потврдена достапност на капацитет од страна на хотелот, Вие треба да извршите купување на ваучерот во следните 3 часа, освен ако поинаку не сте се договориле со хотелот, по што задолжително треба да го испратите купениот ваучер по е-маил за да ја потврдите резервацијата. Доколку не направите потврда на резервацијата, хотелот не е должен да Ви ја чува резервацијата и Вие може да го изгубите правото на истата. 

Единствено Хотелот - Продавач на понудата е одговорен за испорачаниот квалитет на услугата. Се согласувате дека сите коментари и критики ќе ги упатите кон хотелот со цел решавање на ситуацијата. Grouper/АНАНАС МК ДООЕЛ, Скопје не е одговорен за испорака на квалитетна услуга, изгубени предмети при престојот, оштетувања, здравствени проблеми кои може да произлезат од храна, вода и бактерии. Grouper ги става на располагање понудите на корисниците, а самите се должни за вршење и комплетирање на резервацијата. 

Со купување на ваучер за патување Вие се согласувате со Условите на употреба, Условите на купување и Општите услови за патување на СКТМ.

(В.3) Ваучери во форма на купони за попуст

Купони за попуст претставуваат купони кои се нудат од страна на Продавачите, а кои на купувачот му овозможуваат попуст на одреден производ или услуга кој се рекламира, чија цена ја плаќа корисникот кај продавачот при подигнување на производот или услугата, за кој е должен да прикаже купен Grouper купон кој му овозможува плаќање со попуст. 

(Г) Grouper Gift картичка/Подари на пријател/Пари во торбичка

Grouper Gift картичка е картичка со одредена вредност која може да се подари на пријател. Картичката му овозможува на примачот да ја размени за Grouper поени и да купува ваучери за услуги и производи на попуст од различни продавачи, без ограничувања. Примачот на картичката добива е-маил со иструкции за размена на истата и од него се бара да има регистрирано профил за да може да врши купувања. Опцијата Подари на пријател се користи за подарување на купон на пријател, при купувањето можете да одберете подари на пријател и купонот ќе биде испратен на емаилот на пријателот. Доколку одлучите да ги користите нашите услуги опишани погоре, ние ќе Ви го побараме името на Вашиот пријател/трето лице на кое ќе гласи подарокот/торбичката и неговата е-маил адреса. Автоматски ќе му испратиме еднократен е-маил на Вашиот пријател со подарокот/сумата кој сте го купиле за него или покана да го посети нашиот веб сајт.  Grouper ќе ги зачувува овие податоци со една единствена цел – да се испрати овој еднократен е-маил, подарок кој сте го купиле и заради следење на купувањата. Веднаш по добивање на известувањето, Вашиот пријател може да не контактира со испраќање на е-маил на [email protected] и да побара овие податоци да бидат отстранети од нашата база на податоци, во спротивно се смета дека дал и согласност да се реализира нарачката и да се користат неговите лични податоци, согласно условите од оваа политика. Секој Kорисник има обврска средствата од торбичката, подароците за пријател, гифт картички и сл, да ги искористи во рок од 12 (дванаесет) месеци од денот кога истите се внесени на неговата сметка, по истекот на кој рок правото автоматски се гасне и средствата се бришат како неискористени.

Д) Плаќање на рати

Секоја трансакција со Diners Club картичка на Grouper е автоматски поделена на 6 рати.

Доколку сакате износот да биде на 12 рати или во целост, корисникот на картичката треба да испрати мејл на [email protected]