Политика за враќање

Нашите корисници се наш приоритет. Ако сте купиле одреден ваучер за користење на услуга или добивање на производ од давателот на услугата или продавачот на производот наведен на самиот ваучер и сакате да го повлечете купувањето односно да поднесете барање за рефундација преку овој формулар можете да го сторите тоа.
Законскиот рок за одговарање на поднесеното барање е 14 дена, во секој случај ние ќе се потрудиме да ви обезбедиме одговор што е можно поскоро.

Она што треба да го знаете пред да поднесете барање е следното:

Доколку ваучерот кој сакате да го вратите е за одреден производ, услуга или патување кое сте го купиле и притоа ваучерот не е употребен/искористен (согласно проверката и валидацијата во системот) потребно е да го поднесете барањето најмалку 5 работни дена пред истекот на рокот на користење на ваучерот. Барања кои се поднесени по истекот на рокот за користење нема да бидат прифатени.

Доколку сакате да поднесете барање за враќање на производ кој ви е веќе доставен пред да го поднесете ова барање осигурајте се дека производот не е користен, отворен или оштетен. При случај на поднесување на барањето за враќање на производ кој ви е веќе доставен вие се согласувате да ги сносите трошоците за испорака на производот до потребната локација на продавачот или сами да го доставите производот до адресата на продавачот. Рефундации на средства за вратени производи се вршат по приемот на вратениот производ на потребната назначена локација.

При повлекување на купувањето за одреден ваучер по ваша волја или враќање на одреден производ, без притоа да има вина на продавачот ве информираме дека административните трошоци за процесирање на трансакцијата за поврат на средствата ги сносите вие, во висина од 5% од вкупната платена вредност. Единствено доколку се согласите средствата да ви бидат ставени на располагање на вашиот Grouper профил од кој сте го извршиле купувањето во форма на поени кои ќе може да ги искористите за било кое друго купување, средствата ќе ви бидат вратени во полн износ. Доколку побарате средствата да се вратат на вашата сметка, враќањето се врши на истиот начин како што е извршено плаќањето а средствата намалени за износот од 5% ќе ви бидат ставени на располгање во рок од 3 до 7 работни дена (зависно од банката) по потврдената рефундација за која ќе бидете известени по емаил.