Играта заврши на 17.03.2019 во 23:59h. Провери ги добитниците тука

ПРАВИЛА
НА НАГРАДНА ИГРА
“8 години Grouper: Наградна игра”

1. Назив и седиште на трговското друштво

Oрганизатор на нарадната игра “8 години Grouper: Наградна игра!” е ВЕБСПОТ ДОО, со седиште на адреса ул. Лермонтова 3/6 и ЕДБ 405700950053 , во чија сопственост е веб страницата GROUPER со адреса http://www.grouper.mk на која ќе се спроведува наградата игра. (во понатамошниот текст Организатор)

2. Услуги и производи заради чие рекламирање се спроведува наградната игра

Наградната игра има за цел да ги рекламира Grouper зделките и MASTERCARD® платежните картички при онлајн купувањата на веб страната www.grouper.mk и мобилната апликација Grouper.mk за Android и iOS.

3. Име, опис и времетраење на наградната игра

Официјалното име на наградната игра е “8 години Grouper: Наградна игра!”

Опис на наградната игра:

“8 години Grouper: Наградна игра!” е наградна игра која се состои од 2 дела и тоа:

Наградување на неделно ниво на 8 среќни извлечени добитници

Во извлекувањето се квалификуваат сите Grouper корисници кои ги исполнуваат условите за учество и се согласиле со правилата на игра и кои направиле минимум едно купување на купон од било која понуда со MASTERCARD® картичка.

Наградување на 5 добитници со карти за UEFA Champions League според собрани златни поени.

Секој Grouper корисник кој ги исполнува условите за учество и со согласил со правилата на игра може да учествува за овие награди со собирање на поени. Првите двајца учесници кои имаат собрано најмногу поени се добитници на првите 2 награди, додека тројца добитници ќе бидат извлечени од сите учесници со собрани 150 или над 150 златни поени. За да се квалификува во извлекувањето за наградите учесникот мора да собере најмалку 150 поени. Секој учесник ќе има увид врз своите собрани поени на страната на играта www.grouper.mk/nagradna-igra како и транспарентно да ги гледа собраните поени на другите играчи на Табелата на играчи.
Начин на собирање на златни поени:
Секој купен купон со MASTERCARD® картичка носи 10 поени
Секои потрошени 100 денари носат 10 поени.
(пр. Купување на 2 купони во вкупна вредност од 1000 ден. носи 120 поени и тоа пресметано на следниот начин: (1000 ден. /10) + (2 купони x10 поени)= 120 поени.

Купувањата за учество корисниците може да ги вршат на веб страната www.grouper.mk или преку Grouper.mk мобилната апликација со нивните MASTERCARD® картички. Потврда за учество е купениот Grouper купон кој содржи уникатен купон код и пин код. Корисникот добива email по успешно направена нарачка во кој се содржи бројот на нарачката и посебен email со купениот купон или истиот може да го најде на неговиот профил во делот “Мои Купони”.

Времетраење:
Наградната игра ќе започне на 13 Февруари 2019 година, а ќе заврши на 17 Март 2019 година во 23:59 часот.

4. Услови за учество

Право на учество во наградната игра имаат сите државјани на Република Македонија, кои:
Се регистрирани на веб сајтот Grouper односно имаат профил на веб страната http://www.grouper.mk
Се полнолетни односно имаат 18 или над 18 години.
Ги прочитале, а со тоа и се согласиле со правилата за учество.

Во наградната игра можат да учествуваат сите физички лица кои ги исполнуваат горенаведените услови. Во наградната игра не смее да учествуваат правни лица, вработените лица на ВЕБСПОТ како и членовите на нивните потесни семејства.
Во наградната игра учествуваат сите ново регистрирани корисници кои ќе креираат профил на Grouper како и сите претходно регистрирани корисници на Grouper.

Правилата на наградната игра, начинот и условите за учество во наградната игра, како и нејзиното времетраење, приредувачот ќе ги објави на веб-страницата на награданта игра https://grouper.mk/rodendenska-nagradna-igra.

ВАЖНО: Организаторот на наградната игра ги задржува сите права на дисквалификација од наградната игра на сите оние учесници што не ги исполнуваат условите и правилата на учество.

5. Територија

Наградната игра се организира и спроведува на територијата на Република Македонија односно на сајтот www.grouper.mk

6. Рекламирање

Наградната игра ќе се рекламира на сајтот на оргaнизаторот (www.grouper.mk), преку дигитални медиуми (социјални мрежи, онлајн портали, веб банери), печатени медиуми (билборди во Скопје и други градови во Македонија) и други медиуми.

7. Зачленување и обработка на лични податоци

Секој учесник кој е вклучен во играта, се согласува да добива e-mail известувања за дневните зделки на Grouper.mk, односно ќе биде зачленет на мејлинг листата на Grouper. Зачленетите корисници потоа ја имаат опцијата да се отчленат од листата за добивање на дневни e-mail известувања за зделки со кликнување на линкот “Отчлени се” кој се наоѓа најдолу во секоја добиена e-mail порака од Grouper.mk. Добитниците на награди во вредност над 5.000 денари треба да го дадат и својот матичен број за да може организаторот во нивно име да изврши уплата на персоналниот данок за добиената награда. Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на наградната игра. Сите учесници во играта кои се сложиле со правилата ќе бидат објавени со името и првата буква од презимето на страната на играта во делот “Табела на играчи” заедно со собраните поени во играта во реално време. Добитникот се сложува дека е согласен да бидат фотографиран при приемот на наградата и да учествува во кратко видео кое потоа ќе се сподели на социјалните мрежи од страна на Grouper.mk

8. Награден фонд

Наградите во наградната игра се поделени во 2 категории, и тоа Награди кои ќе се доделуваат на неделно ниво во текот на 5 седмици Главни награди кои ќе се доделат на крајот на наградната игра Награди за среќните добитници избрани по случаен избор од сите купувачи на Grouper купони со MASTERCARD® картички кои ќе се доделуваат на неделно ниво: Количина Единечна вредност Вкупна вредност
Награди кои ќе се доделуваат на неделно ниво (5 недели x 8 награди) Единечна вредност Вкупна вредност
Вредносен ваучер од 3000 ден. oд Adam’s Shoes 10 x 3000 ден. 30.000 ден.
Вредносен ваучер од 4500 ден. oд АМС 5 x 4500 ден. 22.500 ден.
Вредносен ваучер од 3000 ден.за производи по избор oд Bio Cosmos 5 x 3000 ден. 15.000 ден.
2 ноќевања со појадок за двајца во Gardenia Hotel & Spa 5* (Велес) 5 x 5000 ден. 25.000 ден.
2 ноќевања со појадок за двајца во Хотел Тино Св. Стефан 4* (Охрид) 4 x 3100 ден. 12.400 ден.
2 ноќeвања со појадок и вечер за двајца во Hotel Park Gardenia (Банско) 1 x 5000 ден. 5000 ден.
2 ноќeвања со појадок и вечер за двајца во Hotel Terra Complex (Разлог) 1 x 5000 ден. 5000 ден.
2 ноќeвања со појадок и вечер за двајца во Hotel All Seasons Club 4* (Банско) 1 x 5000 ден. 5000 ден.
2 ноќeвања со појадок и вечер за двајца во Hotel Breza (Боровец) 1 x 5000 ден. 5000 ден.
2 ноќeвања за 4 лица во Villa Jagoda (Боровец) 1 x 5000 ден. 5000 ден.
2 ноќeвања со појадок и вечер за двајца во Hotel Maraya 4*(Банско) 1 x 5000 ден. 5000 ден.
Вредносен ваучер од 3000 ден. од ресторан THE LOFT 5 x 3000 ден. 15.000 ден.

Награди кои ќе се доделат на крајот на наградната игра на добитниците со најмногу собрани поени (2 добитника) и добитници извлечени по случаен избор од сите купувачи со над 150 собрани поени (3 добитници) на крајот на наградната игра:

Награди кои ќе се доделат на крајот на наградната игра Начин на доделување на наградата Вредност
2 карти за финалето на UEFA Champions League на 1ви Јуни 2019 во Мадрид Купувач со најмногу собрани поени во текот на наградната игра 55.350 ден.
2 карти за второто полуфинале на 7.05.2019 Вториот купувач со најмногу собрани поени во текот на наградната игра 12.300 ден.
2 карти за второто полуфинале на 07.05.2019 Во извлекувањето за овие 3 награди влегува секој купувач кој има собрано мин. 150 поени во текот на наградната игра 12.300 ден.
2 карти за првото полуфинале на 30.04.2019 Во извлекувањето за овие 3 награди влегува секој купувач кој има собрано мин. 150 поени во текот на наградната игра 12.300 ден.
2 карти за првото полуфинале на 30.04.2019 Во извлекувањето за овие 3 награди влегува секој купувач кој има собрано мин. 150 поени во текот на наградната игра 12.300 ден.

Вкупната вредност на наградниот фонд со вклучено ДДВ изнесува 254.450ден.

9. Начин на извлекување на добитниците

Изборот на добитници за двете категории на награди ќе се извршува на различен начин и тоа за наградите кои ќе се доделуваат на неделно ниво ќе се врши извлекување по случаен избор од сите купени купони со MASTERCARD® картички на Grouper.mk. За главните 5 награди односно картите за UEFA Champions League, 3 награди ќе се доделат по случаен избор од сите учесници кои имаат собрано минимум 150 поени, и 2 награди ќе се доделат на учесниците кои собрале најмногу поени во текот на времетраењето на играта.
5те главни награди ќе се доделат на следниот начин:
  • 2 карти за финалето на UEFA Champions League на 1ви Јуни 2019 во Мадрид - на купувачот кој ќе има најмногу собрани поени односно ќе биде прв на Табелата на играчи
  • 2 карти за второто полуфинале на 7.05.2019 - на купувачот кој ќе биде втор во собрани поени односно ќе биде втор на Табелата на играчи
За следните 3 награди ќе се одржи извлекување од сите учесници кои собрале минимум 150 поени односно кои влегле во извлекувањето:
  • 2 карти за второто полуфинале на 07.05.2019
  • 2 карти за првото полуфинале на 30.04.2019
  • 2 карти за првото полуфинале на 30.04.2019

Извлекувањето на овие три награди ќе изврши на 25.03.2019 година во 12:00 часот.

Доделувањето на останатите 40 награди ќе се изврши на следниот начин:

40 други награди ќе бидат доделени во пет последователни недели т.е секоја седмица, во рок од 5 седмици, ќе се доделуваат по 8 награди на 8 купувачи избрани по случаен избор од сите купени купони со MASTERCARD® платежна картичкa во текот на една седмица. Извлекувањето ќе биде извршено секој понеделник, од страна на автоматски софтвер кој по случаен избор ќе одбере купони кои се влезени во извлекувањето. Секоја седмица претставува едно коло, а купоните кои влегуваат во извлекување на едно коло не се пренесуваат во следното т.е за повторна шанса за добивка корисникот треба да направи ново/и купување во следното коло.
Распоредот за извлекувањето е следен:
Прво коло извлекување на 18.02.2019 година во 12:00h од сите купени купони во период од 13.02.2019 (00:00) до 17.02.2019 година (23:59ч). Количина
Вредносен ваучер од 3000 ден. oд Adam’s Shoes 2
2 ноќевања со појадок за двајца во Хотел Тино Св. Стефан 4* (Охрид) 1
Вредносен ваучер од 4500 ден. oд АМС 2
Вредносен ваучер од 3000 ден. oд THE LOFT 2
2 ноќeвања со појадок и вечера за двајца во Hotel All Seasons Club 4*(Банско) 1
Второ коло извлекување на 25.02.2019 година во 12:00h од сите купени купони во период од 18.02.2019 (00:00) до 24.02.2019 година (23:59ч). Количина
Вредносен ваучер од 3000 ден.oд Adam’s Shoes 2
Вредносен ваучер од 3000 ден. oд Bio Cosmos 1
2 ноќeвања со појадок и вечер за двајца во Hotel Maraya 4* (Банско) 1
Вредносен ваучер од 3000 ден. oд THE LOFT 3
2 ноќевања со појадок за двајца во Gardenia Hotel & Spa 5* (Велес) 1
Трето коло извлекување на 04.03.2019 година во 12:00h од сите купени купони во период од 25.02.2019 (00:00) до 03.03.2019 година (23:59ч). Количина
Вредносен ваучер од 3000 ден.oд Adam’s Shoes 2
2 ноќевања со појадок за двајца во Хотел Тино Св. Стефан 4* (Охрид) 2
Вредносен ваучер од 4500 ден. oд АМС 1
2 ноќeвања со појадок и вечер за двајца во Hotel Park Gardenia, (Банско) 1
Вредносен ваучер од 3000 ден. oд Bio Cosmos 2
Четврто коло извлекување на 11.03.2019 година во 12:00h од сите купени купони во период од 04.03.2019 (00:00) до 10.03.2019 година (23:59ч). Количина
Вредносен ваучер од 3000 ден.oд Adam’s Shoes 2
2 ноќевања со појадок за двајца во Gardenia Hotel & Spa 5* (Велес) 2
Вредносен ваучер од 4500 ден. oд АМС 1
2 ноќeвања со појадок и вечер за двајца во Hotel Breza (Боровец) 1
2 ноќевања со појадок за двајца во Хотел Тино Св. Стефан 4* (Охрид) 1
2 ноќeвања со појадок и вечер за двајца во Hotel Terra Complex (Разлог) 1
Петто коло извлекување на 18.03.2019 година во 12:00h од сите купени купони во период од 11.03.2019 (00:00) до 17.03.2019 година (23:59ч). Количина
Вредносен ваучер од 3000 ден.oд Adam’s Shoes 2
2 ноќевања со појадок за двајца во Gardenia Hotel & Spa 5* (Велес) 2
2 ноќeвања за 4 лица во Villa Jagoda (Боровец) 1
Вредносен ваучер од 4500 ден. oд АМС 1
Вредносен ваучер од 3000 ден. oд Bio Cosmos 2
Еден корисник не може да добие 2 награди во едно извлекување/коло. Добитниците кои добиле награди по случаен избор на крајот од една седмица т.е едно коло, имаат шанса повторно да учествуваат во извлекување во следните седмици само доколку направат повторно купување на купон/и во текот на новото коло. Добитниците кои добиле награда во неделните извлекувања, имаат шанса да се натпреваруваат за 5те главни награди на крајот од наградната игра. Жири комисија која ќе ги следи и надгледува извлекувањарта на добитници кои ќе бидат извршени софтверски во просториите на ВЕБСПОТ ДОО, на адреса ул. Лермонтова 3/6. 1000 Скопје се состои од: Нина Ангеловска (претседател на жири комисијата), Ива Трембелиева (член на жири комисијата), Александар Симоновски (член на жири комисијата) и Драгана Ѓоќик (заменик претседател на жири комисијата).

10. Објавување на добитниците на награди

Добитниците ќе биде објавени на страната https://grouper.mk/zlatna-nagradna-igra во рок од три дена од денот на извлекувањето за неделните кола на извлекување и во рок од три дена од денот на извлекувањето за главните награди. Сите добитници ќе бидат известени и преку email порака и/или телефонски за добиената наградата. Добитниците се согласни да бидат објавени со нивното име и презиме.

11. Доделување и услови за подигнување на наградите

Наградите на добитниците, ќе им бидат врачени на купувачите, по предходно информирање на емаил за типот на наградата која ја добиле. Секој добитник ќе може да ја подигне наградата во канцелариите на Grouper, кои се наоѓаат на ул. Лермонтова 3/6 Скопје, со приложување на лична карта за идентификација и картичката со која е направена трансакцијата како доказ, со цел да му биде врачена наградата/ваучерот заедно со инструкции за нејзино користење. Секоја награда има свој рок и услови на користење за кои добитникот ќе биде известен при подигнувањето. Добитникот ќе може да ја подигне наградата 10 дена по објавувањето. Добитниците не може да ги заменат наградите со паричен износ еднаков на нивната вредност или со било кој друг предмет, ниту пак да ги препродаваат истите на трети лица. Доколку добитникот од која било причина не е во можност да ја подигне наградата, може да назначи лице што ќе го стори тоа во негово име, со претходно писмено известување на Организаторот. Ако добитникот го откаже подигнувањето на наградата од која било причина, должен е за тоа да го извести Организаторот. Учесниците кои се добитници на награди немаат право да бараат рефундација на направените купувања со кои учествувале во наградната игра и на сметка на кои им била доделена некоја од наградите наведени во наградниот фонд.

12. Одговорност и одговарање на прашања

За сите жалби и поплаки е одговорен организаторот на наградната игра. Во случај на жалба со релевантни забелешки, организаторот е обврзан да ги реши во најкратко можно време и да го извести учесникот за исходот. Организаторот ќе биде одговорен до целосна реализација на наградите, односно до подигнувањето на наградите или најдоцна до 60 дена од денот на објавувањето на добитниците од последното извлекување. Со плаќањето на персоналниот данок и преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на Организаторот на наградната игра спрема добитниците. Организаторот нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградата. Сите прашања поврзани со наградната игра корисниците може да ги постават на наведената адреса за контакт: support@grouper.mk.

13. Дисквалификација и поднесување приговор против организаторот на наградната игра

Комисијата е овластена да го дисквалификува секој учесник, за кој се сомнева дека не учествувал во согласност со наведените правила. Одлуките на комисијата во поглед на можните дисквалификации, се конечни. Рокот за поднесување на приговор од страна на незадоволните играчи е три дена по објавување на добитицните, а организаторот на наградната игра на тоа е должен да одговори во рок од пет дена од денот на приемот на приговорот.

14. Задолжителни правила

Овие официјални правила важат од денот на нивното донесување, а ќе започнат да се применуваат откако Министерството за Финансии ќе издаде Дозвола за приредување на игра на среќа – наградна игра и истите ќе важат сè до завршувањето на наградната игра. Со учеството во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие правила. ВЕБСПОТ ДОО, Скопје Управител Мартин Китановски