Адреналин на максимално ниво! 30% на тандем скокање со падобран со снимање (спортски аеродром Стенковец) со лиценциран инструктор од Аероклуб Скопје во вредност од 15500 ден. по цена од 10800 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Адреналин на максимално ниво! 30% на тандем скокање со падобран со снимање (спортски аеродром Стенковец) со лиценциран инструктор од Аероклуб Скопје во вредност од 15500 ден. по цена од 10800 ден.

Цена

10,800 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

15,500 ден.

Попуст

30%

Заштеда

4,700 ден.

ОГРАНИЧЕНИ КОЛИЧИНИ

Купени : 8 | Остануваат : 2

  • Спортски аеродром Стенковец број 151а Општина Чучер Сандево

  • 078 402 302

  • Спортски аеродром Стенковец број 151а Општина Чучер Сандево

  • Одведи ме таму

  • 078 402 302

Добивате

Понудата е по лице и вклучува:

Тандем скокање со падобран со лиценциран инструктор:

→ Зборно место аеродромот Стенковец

→ 15 минутна обука со тандем падобранецот

→ Летање со Cesna 182 до 3500 метри

→ Скок заедно со тандем маестрото

→ Слетување на аеродромот

→ Целата авантурата трае окoлу 2 часа (0-35 секунди во слободен пад, 4-5 минути со отворен падобран)

→ снимање во текот на целата авантура

Напомена:

  • Максимална тежина до 110 килограми
  • Понудата е наменета за лица над 18 години
  • Доколку се качите во авион, а не скокнете, ваучерот се смета за реализиран

Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.10.2013 до 02.06.2013
  • Купоните можете да ги користите почнувајќи од 20.04.2013
  • Задолжителна е претходна резервација на телефон + 389 78 402 302 и + 389 75 277 494
  • Напомена: Доколку се качите во авион, а не скокнете, ваучерот се смета за реализиран
  • Понудата е наменета лица над 18 години
  • Еден ваучер важи за едно лице
  • Максимална тежина до 110 килограми
  • Рок на користење 45 дена
  • Ограничени количини! (10)

Опис

Дали сте подготвени за авантура?

Одлична можност да бидете дел од големото сино небо. Падобрански скок во Скопје заедно со искусен тандем пилот.

Како до прекрасна авантура?

→ купете ваучер

→ договорете го скокањето на телефон 078 40 23 02

→ Зборно место аеродромот Стенковец

→ 15 минутна обука со тандем падобранецот

→ Летање со Cesna 182 до 3500 метри

→ Скок заедно со тандем маестрото

→ Слетување на аеродромот

→ Целата авантурата трае окoлу 2 часа (0-35 секунди во слободен пад, 4-5 минути со отворен падобран)

За инструкторот:

Сашо Петар Стојановски, инструктор по падобранство, единствен лиценциран тандем пилот во МК. Има преку 3000 скока, од кои тандем скокови преку 2000 и тоа во Нов Зеланд, Србија и Македонија.  Дел од земјите каде имал индивидуални скокови се: Италија, Франција, Шпанија и Белгија.

ЗА КЛУБОТ

Аероклубот Скопје е здружение на вљубеници во воздухопловните спортови. Желбата за летање е она што ги поврзува сите членови во здружението, а љубовта кон спортот она што придонесува кон пријатно дружење на спортскиот аеродром Стенковец.

Целите на аероклубот се популаризација и унапредување на воздухопловните спортови, спроведување обуки и организација на домашни и меѓународни натпревари и други спортски и културни манифестации. Во клубот се активни три секции, моделарска, падобранска и летачка. Секоја секција има своја програма за работа и активности кои ги реализира.

Аероклубот Скопје е формиран далечната 1923 година. Од тогаш па до денес е сврталиште на вљубеници во летањето, скокањето и моделарството, како и во други воздушните спортови. Низ него поминале многу пилоти, падобранци и воопшто спортисти кои дале голем придонес во Македонското воздухопловство и во промовирањето на Македонија во светот.

Многу членови на аероклубот Скопје учествувале во репрезентациите за воздухопловни спортови и се натпреварувале во различни дисциплини на меѓународни натпревари. Аероклубот членува во Воздухопловната федерација на Македонија и преку неа во Интернационалната аеронаутичка федерација FAI (Fédération Aéronautique Internationale).

ПАНОРАМСКИ ЛЕТОВИ

Аеро Клуб "Скопје", Ви нуди панорамски летови околу Скопје и цела Македонија. Дознајте како изгледа нашата земја од неколку илјади метри височина. На Вас е да се јавите и да кажете во кој дел од Република Македонија сакате да уживате во пејзажите.

АЕРО ФОТОГРАФИЈА

Аеро фотографијата или снимањето од воздух станува се популарно. Со нашите воздухоплови Ви овозмо-жуваме да фотографирате или снимите се што ве интересира од воздух. Аеро фотографијата се користи во картографија, просторно планирање, археологијата, снимање филмови, комерцијален маркетинг или како хоби. Ве молиме доколку сте заинтересирани за оваа услуга да не контактирате најкасно една недела пред летот.

ФРЛАЊЕ ЛЕТОЦИ И ФЛАЕРИ

Во потрага за ексклузивитет и нов начин на огласување, аеро клуб "Скопје" Ви нуди фрлање летоци и флаери од авион над целата територија на Република Македонија. Голама количина на дистрибуирани летоци и флаери за многу крако време над посакуваната локација од висина од 300м па нагоре е правиот предизвик. Тоа е доволно да бидете приметени по својата иновативност и посебност, а тоа се атрибутите кои се бараат во современиот маркетинг.

ВЛЕЧЕЊЕ БАНЕРИ И ТРАНСПАРЕНТИ

Кога ќе слушнете авион, Вие инстиктивно погледнувате нагоре. Тоа е тоа што ја прави оваа форма на маркетинг толку ефективна. Овој вид на реклама допира до луѓето надвор од нивните домови и работни места, генерално во околина кога се тие релаксирани. Ние Ви нудиме ваков вид на рекалма низ цела Република Македонија. Контактирајте со нас во секое време да се договориме околу изработката на банерот и условите.

НАДЗОР ОД ВИСОЧИНА

Аеро Клуб "Скопје", Ви нуди брза и ефикасна контрола на пратење и локализирање на шумски пожари, контрола на високонапонски далноводи и нафтоводи, пратење на сообраќајот и други летови поврзани со науката и технологијата.

ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ПРОСТОР

Местоположбата и просторот на спортскиот аеродром "Скопје" или познат како аеродром "Стенковец", овозможува организација на различни манифестации, журки, забави од секаков карактер. На само 5 км од градот Скопје можете да приредите манифестација за огромен број на луѓе.

АЕРО KЛУБ СКОПЈЕ

Адреса:

  • Спортски аеродром Стенковец број 151а МАПА
  • Општина Чучер Сандево
  • 1011 Скопје
  • Република Македонија

Тел:

  • + 389 78 402 302
  • + 389 75 277 494

Работно време:

  • секој ден од 08:00 до 20:00 часот

Web:

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ