Уживајте на свеж воздух и вкусни галички специјалитети! До 45% попуст на ноќевање за две или три лица со појадок во "Баба и Деде" - Галичник

РАСПРОДАДЕНО

Уживајте на свеж воздух и вкусни галички специјалитети! До 45% попуст на ноќевање за две или три лица со појадок во "Баба и Деде" - Галичник

img

Цена

990 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

1,800 ден.

Попуст

45%

Заштеда

810 ден.

Купени : 51

  • Галичник, Македонија Галичник, Macedonia (Македонија), 1245

  • 070 370 843, 077 854 256

  • [email protected]

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00 Саб-Нед: 00:00 - 00:00

Добивате

  • Ноќевање за двајца со појадок цена 1800 ден. 990 ден.
  • Ноќевање за тројца со појадок цена 2400 ден. 1490 ден.

*со овој купон добивате 25% попуст за изнајмување на велосипеди или на организирана тура со велосипед. 


Услови

  • Купонот може да се искористи од 05.10.2015 до 31.10.2015
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Доколку сакате да го искористите купонот за време на викенд потребно е да купите минимум 2 купони, односно да престојувате минимум 2 ноќи
  • Пред да го купите купонот потребно е да се информирате за слободни соби преку телефон
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на е-маилот од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата
  • Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќедневен престој
  • Превозот не е вклучен во понудата

Опис

Искористете ја оваа уникатна можност и посетете го магичниот Галичник. Галичник е село кое се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, во центарот на регионот Мијачија. Галичник е туристичка атракција поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи. Се наоѓа на падините на планината Бистра, околу 10 километри до Мавровско Езеро и ски-центарот Заре Лазарески. Се наоѓа на надморска височина од 1270 до 1450 метри и е опкружен со пасишта. Првата варијанта за потеклото на името „Галичник“ вели дека тоа е изведено од името на реката Галик која тече близу до Солун. Втората варијанта вели дека тоа е наречено Галичник по големиот број на диви кокошки - галици, кои живееле на месноста над сегашната црква Св. Петар и Павле. Галичник е познат е по " Галичката Свадба ", традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава - Петровден. За време на свадбата, се игра "Тешкото" оро - што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот.

Архитектурата е една од главните обележја на Галичник. Стрмниот и амфитеатрален терен е искористен за изградба на камени куќи врз изохипсите на теренот. Куќите имаат форма на кубус со благ пирамидален кров. Безбедноста и функционалноста биле главни фактори во изградбата. Куќите се градени на две, а подоцна и на три катни висини.

Grouper водач 

Кога сте во Галичник неминовно е да ги посетите галичките бачила и да го прбате највкусното сирење. Во близина на ова мијачко село исто така можете да ги посетите останатите мијачки села како Гари, Лазарополе, Ростуше, Битуше итн. кои изобилуваат со природни убавини и автентичкна архитектура за овој предел. 

Исто така со овој купон добивате 25% попуст за изнајмување на велосипеди или на организирана тура со велосипед. Имате можност да бидете дел од авантуристичка тура на велосипед и да уживате во убавините на селото Галичник, Селце, Тресонче, Лазарополе, Маврово и Мавровското езеро како и околните бачила. Изнајмувајќи велосипед, може да возите тура која ќе ја води и организира водич или пак да си организирате тура во ваша сопствена режија. Изборот е ваш дали ќе го организирате вашиот тим билдинг на велосипед, вашата друштвена или романтична авантура. Во понудата со велосипедите, организаторот се грижи и за вашата безбедност, така што за време на турата добивате и заштитни кациги и дополнителна опрема како сигнални светла и ракавици за велосипед.

"Баба и Деде"

Кај „Баба и Деде“ нудат комплетно нови соби за сместување, опремени со Wi-Fi. Апартманите се сместени на 80м од ресторанот, каде се служи доручекот како и други специјалитети по ваше барање. Во ресторанот можете да ги вкусите специјалитетите од овој крај, како надалеку познатото Галичко сирење, бакрдан, комат како и други Мијачки специјалитети. 

  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ