35% попуст на ноќевање за двајца со појадок во Еуро Хотел "Градче" - Кочани во вредност од 1850 ден. по цена од 1199 ден.

РАСПРОДАДЕНО

35% попуст на ноќевање за двајца со појадок во Еуро Хотел "Градче" - Кочани во вредност од 1850 ден. по цена од 1199 ден.

img

Цена

1,199 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

1,850 ден.

Попуст

35%

Заштеда

651 ден.

Купени : 133

  • Горно Градче Кочани, Macedonia (Македонија), 2300

  • 071 222 655

  • [email protected]

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00

Добивате

Ноќевање за двајца со појадок

+ 15% попуст на ресторански услуги


Услови

  • Купонот може да се искористи од 08.10.2015 до 30.11.2015
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжитена е претходна резервација по телефон
  • Предрезервацијата, пред купување на купонот трае неколку часа
  • Можете да купите повеќе купони и да ги комбинирате за повеќедневен престој
  • За дете до 7 години бесплатно.
  • За дете од 7 до 14 години и трето возрасно лице се доплаќа 490 ден. директно во хотелот.
  • Локација: Место викано Горно Градче - на самото вештачко езеро Градче, околу 6км надвор од Кочани
  • Превозот не е вклучен во понудата

Опис

Сместен на планините на Осоговските планини и Плачковица, Кочани е град на геотермалнните води и оризот. Околната природа е вистинско уживање а зимно време може да уживате и во туристичкиот центар Пониква. Кога сте во овој дел на Македонија, може да го посетите археолошкиот локалитет Црквиште, во селото Мородвис – општина Зрновци, кочанско. Овој локалитет е дел од стариот римски град Моробиздон кој се спомнува како голем град и епско седиште на Брегалнички регион. До сега се пронајдени остатоци од 4 цркви од кои најстарата датира од петти век.

Grouper водич

На 6 км. северно од Кочани, на северниот брег од езерото Гратче, се наоѓа и археолошкиот локалитет Долно Градиште. Сместен е на ридот кај езерото. Многу од остатоците кои се пронајдени таму се делови од ѕидот кој ја следел западната страна каде има остатоци од одбранбена кула од средниот век. Интересно е што остатоците од објектите за живеење се вградени директно во карпата.

Ако сте љубители на природни извори, може да ги посетите во руралниот дел Пантелеј на 12 километри од Кочани. Овие извори се сметаат за лековити и се од “Трештена вода” која извира од карпа во местот трештеник. Многу позната во овој дел е и “Црна вода” и водата во манастирот Свети Пантелејмон. Манастирскиот комплекс е во непосредна близина и е идеално за оние што сакаат духовен спокој и прекрасни мигови. Со реконструкцијата на црквата, манастирот и околните конаци, како и изградбата на асфалтниот пат во 80те години на минатиот век, селото Пантелеј не е заборавено. Во оваа околина има новоградби и се повеќе викенд куќи.

За Еуро Хотел Градче

Хотел Градче е лоциран на 6 километри северно од Кочани, на падините на Осоговските планини, на самиот брег на вештачкото езеро Градче. Секоја посета и престој во Хотел Градче го освежуваат вашето тело и духот, и создава можност за совршена авантура и неисцрпна инспирација.

Мирот и спокојството дишат низ секое делче од пријатната тишина. Хотелот е сместен во прекрасните природни предели и е совршен за сите оние кои сакаат да се одморат и да избегаат од напорното секојдневие.

Овде, во допир со совршената природа, секој може да ги остави своите проблеми настрана. Магијата на прекрасните борови шуми ќе го опие секој посетител, надополнета со погледот на прекрасното езеро.

Хотелот располага со: 

  • Конференциска сала – капацитет 100 места, погодна за презентации, проекции, изложби, предавања....
  • Ресторан – капацитет 420 места
  • Мал ресторан – капацитет 90 места – погоден за бизнис состаноци и мини коктели
  • 21 соба со вкупен капацитет од 70 кревети
  • 5 двокреветни соби
  • 10 трокреветни соби, опремени со телевизор, телефон, king size кревет и тераса
  • 4 луксузни апартмани
  • билјард сала
  • летна тераса со поглед на езерото
  • интернет

  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ