Летен одмор на планина во Банско! 33% попуст на ноќевање по избор + користење на СПА центарот во "Hotel Trinity"

Цена: 682 ден .

РАСПРОДАДЕНО

Летен одмор на планина во Банско! 33% попуст на ноќевање по избор + користење на СПА центарот во "Hotel Trinity"

Цена

682 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

1,018 ден.

Попуст

33%

Заштеда

336 ден.

Купени : 218

  • ul.Simeon Molerov 5 Bansko, Bulgaria (България), 2770

  • +359 879 830 581

  • reservation@trinity-bansko.bg

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00

Добивате

Понудата е по лице и вклучува ноќевање по избор:

  • Ноќевање (RO) + Спа, цена: 1018 ден.(16.42 еур) 682 ден. (11 еур)
  • Ноќевање со појадок (BB) + Спа, цена: 1203 ден. (19.4 еур) 806 ден. (13 еур)
  • Ноќевање со појадок и вечера + пијалок за време на вечерата (HB+) + Спа, цена: 1580 ден. (25.4 еур) 1054 ден. (17 еур)
  • All Inclusive Light ноќевање + Спа, цена: 1850 ден. (29.84 еур) 1240 ден. (20 еур)

Дополнително вклучено е во понудата:

  • Користење на СПА центар: голем базен, детски базен, сауна и парна бања
  • Бесплатен паркинг и wifi интернет
  • За престој од над 3 ноќевања т.е. 3 купони добивате бесплатна масажа на лице или грб по избор

Услови

  • Купонот може да се искористи од 25.06.2016 до 30.09.2016
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред купувањето на купонот потребно е да се информирате во хотелот за слободни соби на телефон или e-mail
  • По купувањето на купонот потребно е истиот да го препратите на e-mail адресата од хотелот со цел да ја комплетирате резервацијата
  • Потребно е да купите минимум два купони за закуп на двокреветна соба, односно престој на две лица
  • Потребно е да престојувате миниумум две ноќи
  • За престој од над 3 ноќевања т.е. 3 купони добивате бесплатна масажа на лице или грб по избор
  • Превозот не е вклучен во понудата!
  • Купоните може да се комбинираат за повеќедневен престој
  • По истекот на рокот купоните не се валидни и доколку не се искористат пропаѓаат и сумата не може да биде вратена
  • Во цената се вклучени туристичка такса и осигурување
  • Сите доплати се плаќаат диркетно во хотелот:
  • За прво дете до 7 години е бесплатно
  • За второ дете до 7 години се доплаќа 3 евра од ден за RO, 4 евра од ден за BB, 5 евра од ден за HB+ и 6 евра од ден за All Inc Light
  • За дете од 7 до 14 години се доплаќа 5.5 евра од ден. за RO, 6.5 евра од ден за BB, 8.5 евра од ден за HB+ и 10 евра од ден за All Inc Light
  • За трет возрасен се доплаќа 8 евра од ден за RO, 9 евра од ден за BB, 12 евра од ден за HB+ и 14 евра од ден за All Inc
  • Доплата за апартман 5 евра од ден. 
  • Доплата за single room 7.5 евра од ден.
  • Користење на џакузи не е вклучено во цената

Опис

Хотел Тринити е новиот бисер во популарниот ски центар Банско – кој е познат не само по зимските спортови, туку и по најубавите места за посета во сите сезони. Извонредната локација на комплексот, овозможува брз пристап до сите споменици на културата, центарот и главната трговска улица - Пирин.

Хотелот е специјално дизајниран за луѓето кои бараат раскош, луксуз и убав живот. Уште со влегувањето во хотелот ќе бидете фасцинирани од елегантно изграденото лоби, одлично место за средба со пријателите и деловните партнери. Ќе бидете сместени во луксузнo опремени соби, кои имаат безжичен интернет и 30 инчни телевизори со 200 канали. Бањите се опремени со кади во сите 50 соби и 8 апартмани, кои ќе ви овозможат релаксација и уживaње.

Главната атракција во хотелот е големиот спа центар, кој располага со најголемиот внатрешен загреан базен во Банско. Децата ќе може да се забавуваат во малиот загреан базен. На располагање ви се и сауна, парна бања, џакузи, хидромасажна када. За љубителите на вкусната и топла храна, располагаме со софистициран ресторан кој ќе го задоволи апетитот на секој гости

  • Купувањето на купонот се извршува само и единствено преку сајтот Grouper.mk!
  • Во спротивно Grouper.mk не сноси никаква одговорност за услугата/производот.
  • Доколку ви предложат да платите на лице место, Ве молиме известете не овде.

Испратете e-mail до компанијата.

MinaMk

Поздрав до сите кои планирате да го купите овој купон. Вчера се вративме од истиот, престојувавме три пара, три дена за празниците. Појаснување, тоа All insl;ucive Light им означува доручек-ручек-вечера, и толку. Сето останато, од типот кафиња во лобито, користење на игри или билијард, се наплатува. Ужина нема затоа што никој не ја јадел и нема да послуѓуваат за џабе. Пред оброк појдете десетина минути порано ако сакате да имате храна и место за седење, затоашто немаат доволно персонал, ниту доволно тањири, ниту доволно место и храна за поголем број гости. Редицата се одолжува до горниот спрат, редица од можеби 30-40 луѓе. Послужувањето е на долниот спрат, а пошто немаат послужавници, а немате место долу, ќе носите на раце до горниот спрат тањир со храна, чаша со сок, салата, десерт содве раце, или на неколку пати горе-доле. Во време на нашиот престој имаше многу гости и недоволно храна за сите. Во врска со пијалоците, не очекувајте премногу, ќе добиете растворен сок од степче, како што го нарекуваме, значи растворен сок во прав, претопло пиво, а кафе само ако работи машината. Задолжително земете си влечки ако сакате да користите базен, инаку нема да ве примат. Бањарка кога ќе пристигнете ќе добиете, но мое да добиете и мокри бањарки, претходно користени, реагирајте, ќе ги заменат една по една. Кога ќе добиете нови, ќе ги користите сите денови за престојот, мокри секако пошто ќе ги намокрите после првото користење. Не скокајте во базенот, ќе ве искараат. Доколку сте од типот на пингвини, ќе се бањате, во спротивно ќе го користите детското базенче. Тврдат дека температурата во водата е 28 степени во големиот, и 30 во малиот. Во големиот базен не беше потопла од 22-23 степени. Водата е премногу ладна и базенот беше празен, а сите возрасни им правевме друштво на децата, во мало базенче. Во понудата е нагласено базен со минерална вода. Персоналот го прашав дали водата е минерална, рекоа не е. Кога им кажав дека на интернет се рекламираат дека е минерлна, со "насмевка" рекоа дека можеби е. Сауната често се расипува, како и парната бања. Не се туширајте во соба после 18 часот, може да немате топла вода. Доколку сакате да користите масажа од оваа понуда, обрнете внимание на зборчето НАД 3, зашто за 3 ноќевања не следува, само за 4. Понудата треба да гласи: за 4 и повеќе ноќевања, да не се излаже народ па да купи 3 ноќевања, како нас... Купоните задолжително ископирајте ги, зашто ќе ви ги побараат копирани, а не покажани на смарт фон или на е-маил, зашто кај нив било задолжѓително да се донесат во харитена копија. Но со насмевка и шарм од ваша страна, ќе ја средите работата. Инаку, подгответе се за налутен и незадоволен персонал, и бидете среќни ако кај некого измамите насмевка на лицата. До дирекцијата на Grouper, ве молам сериозно да ги сватите ваквите коментари, затоа што јас лично видов можеби повеќе од стотина незадоволни и налутени гости, дојдени во овој хотел преку разни агенции или преку вас. Значи, реагирајте на време кај вработените во хотелот... Воедно, од 4 звезди, хотелот поседува само две ... според мое мислење, само поради дружењето и смеата на гостите во малото базенче, налутено погледнати од персоналот ...

Член на Grouper од: 17-03-2012

hoteltrinity

Здраво Јасмина, Ви благодариме на Вашиот коментар и забелешки во однос на нашата понуда. Hotel Trinity се стреми постојано да ја подобрува услугата која ја нуди. Во однос на нашата понуда на Grouper.mk како целина, се она кое е наведено во делот Добивате го нудиме на гостите, додека има други услуги кои ги нудиме кои се доплаќаат а никаде во понудата не сме навеле дека се бесплатни. Во однос на храната, навистина има многу храна, но сепак достапноста на храната во секое време зависи и од културата на гостите. Се надеваме дека сте забележале колку гости полнат по 3-4 чинии со храна кои потоа се фрлаат. Во однос на базенот, истиот не е со минерална вода и се извинуваме за пропустот односно во описот за хотелот забележавме дека е наведено во една реченица, што веднаш ќе биде отстрането за да нема забуни во иднина. Температурата на големиот базен е 27 степени додека 33 степени во малиот базен.

Член на Grouper од: 30-05-2014
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ