Авантура на коњ! До 60% попуст на адреналинска планинска тура со јавање коњи и откривање на бачилата на Национален Парк Маврово со дегустација на најдоброто галичко сирење од Коњачки Клуб "Бистра-Галичник"

РАСПРОДАДЕНО

Авантура на коњ! До 60% попуст на адреналинска планинска тура со јавање коњи и откривање на бачилата на Национален Парк Маврово со дегустација на најдоброто галичко сирење од Коњачки Клуб "Бистра-Галичник"

Цена

1,200 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

3,000 ден.

Попуст

60%

Заштеда

1,800 ден.

Купени : 77

  • Бистра-Галичник-Маврово Maврово, Macedonia (Македонија), 1230

  • 077 648 679

  • hcbistragalicnik@gmail.com

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00

Добивате

Адреналинска планинска тура и дегустација на сирењe (Галичник - Чаушица – Галичник)

- Цената на купонот зависи за кој ден ќе резервирате јавање:

  • од понеделник до петок 3000 ден. 1200 ден.
  • сабота и недела 3000 ден. 1395 ден.

- Турата вклучува:

  • Обука за јавање коњ
  • Јавање
  • Дегустација на сирења (сирење, јогурт, домашен леб)

* Местото на состанување е ранчот на 1 км. пред селото Галичник / повеке информации ке добиете на контакт телефоните.
* Секој учесник на турата треба на биде на зборно место во 9.30 ч каде што ќе бидат презентирани основните техники по каубојско јавање.
* Приближно времетраење на трутата е 4 часа.


Услови

  • Купонот може да се искористи од 01.10.2015 до 30.11.2015
  • Потребно е да закажете јавање 5 до 10 дена претходно на тел 078 458 016 или 077 648 679 (достапен по 19ч)
  • Закажувањето за термините и распоредот на групите се предмет на договор
  • ДОКОЛКУ РЕЗЕРВИРАТЕ ТЕРМИН, А НЕ СЕ ПОЈАВИТЕ НА ТУРАТА КУПОНИТЕ ВИ ПРОПАЃААТ, ОДНОСНО СЕ ПОНИШТУВААТ
  • Во процес е воведување туристичка такса, односно влез во националниот парк во износ од 30 ден. (доплата на лице место) 
  • Напомена: Пред јавањето се потпишува пристапница за јавање.

Опис

Искористете ја оваа неверојатно возбудлива и авантуристичка понуда.... разбудете го каубоецот во вас!

Понесете го вашето друштво и откријте ги убавините на Маврово!

Тура за јавање коњи до 60% попуст + во понудата е вклучена и дегустација на сирења додека ги откривате бачилата...

Овие тури се за оние кои сакаат да ги видат сите планински богатства на планината Бистра. Турата започнува со качување на падините на планината и глетка кон неколку планински врвови. На оваа тура потребно е да се носи соодветна облека (удобни планински патики, крема за заштита од сонце и вид на ветровка за заштита од ветер), како и опрема за заштита од сонце и дожд. Со посета на неколку бачила оваа планинска тура ќе ви го доближи животот на овчарите, а истотака посетата во бачилата ќе ја искористиме да ги вкусиме најдобрите традиционални бели сирења и јогурт.

Информации за Националниот парк – Маврово

Националниот парк Маврово со своите преубави пејзажи исполнети со шуми, езери и реки претставува едно од највпечатливите предели во Македонија. Простирајќи се на површина од  300 км², овој природен резерват на своите посeтители им открива природа која изоблиува со со природно-географски богатства: кањони, планини, езера, густи шуми и вегетација ишарана со безброј реки и потоци со брзаци, водопади и кристално бистра вода кои го збогатуваат овој и онака исполнет предел со разновиден природен и животински свет.

Повеќето од највисоките планински врвови се наоѓаат на планинските масиви кои го сочинуваат овој парк. Планините Шара, Дешад и Бистра кои со своите врвови стојат под импозатниот врв на планината Кораб (2,764 м.) го прават овој планински венец  уште пофасцинантен. Шумите на овие планини се дом на разноврсна флора и фауна.

Бистра е една од најинтересните планини на територијата на Република Македонија. На оваа планина има неколку врвови на 2,000 м. од кои најв исок е Меденица на 2,163 м. надморска височина. Од врвот на Меденица се простира преубава глетка на околината, на запад планината Кораб, а на север Мавровското езеро и Националниот парк кои  откриваат нови убавини и разнобоен пејзаж исполнет со коњи, раштркани стада на овци, снежни планински врвови во јули, планински цвеќиња, столетни дрвја,...глетка која мора да се искуси.

Галичник е планинско село на падините на планината Бистра на надморска височина од 1300-1600 метри и на само 10 км од Мавровското езеро. Заедно со Лазарополе овие две села се двете најголеми и најстари Мијачки села во регионот. Галичник ја има зачувано својата традиционална архитектура и заедно со природната околина  успева да го задржи вниманието на секој посетител како едно од најмагичните места во Македонија. Во минатото економијата на Галичник зависела од производите што ги добивале од своите стада овци. Во овој предел е развиена богата трговија со кавалитетни производи од млеко, месо и волна. Особено ценет прозивод е кашкавалот и белото сирење. Секако не треба да се заборават и локалните специјалитети како што се бакрдан, јогурт и овчо месо.

Јавањето на грбот на еден коњ нуди посебно искуство и особено возбудлив начин на уживање во богатствата на Националниот парк – Маврово. Ова е несекојдневен начин да се откријат убавините на овој крај, далеку од секојдневните дразби и притисоци од урбаниот начин на живот. Придружете ни се во обиколката на преубавите предели, глетки полни со моќни планини, бистри потоци и пространи и зелени шуми. Сместувањето е во стари села, уживајќи ги вкусовите на  традиционално подготвените  јадења. 

  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата
Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ