Посетете го живописното Вевчани - држава во држава! 31% попуст на ноќевање за двајца со традиционален вевчански појадок (домашен витник, сирење и кисело млеко) во Апартмани и Ресторан "Шутиноски" во вредност од 1600 ден. по цена од 1100 ден.

-
ВЕБ СТРАНА
-
НАВИГАЦИЈА
-
FACEBOOK
Добивате
Ноќевање за двајца со традиционален вевчански појадок
*појадокот вклучува: вевчански витник (традиционална пита со сирење), домашно овчо сирење и јогурт/кисело млеко
*со овој купон добивате 30% попуст на храна и пијалок во ресторан "Шутиноски"
Услови
- Купонот може да се искористи од 01.10.2015 до 30.11.2015
- Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Задолжителна е претходна резервација
Опис
Добредојдовте во Вевчани, држава во држава, место на сатирата и слободниот говор.
Вевчани е местото на најпосетениот карневал во земјава, традиционален и познат и во странство. Општина Вевчани, или како што жителите си го нарекуваат, Држава Вевчани, е сместена на падините на планината Јабланица на надморска височина од 800 м. Се граничи со Струга а во потесен дел ја допира и граничната линија со Албанија. До Вевчани води асфалтиран пат, а таму може да уживате во вистински традиционални специјалитети за овој крај и посета на многу околни места, природни реткости и убавини. Ако одите во овој крај, тогаш задолжително мора да ги посетите и познатите Вевчански извори. Манифестацијата “Вевчански карневал” e стара 1460 години која се одржува 13 и 14 јануари во чест на св.Василиј Велики.каде како мотиви се користат дел од христијнските и паганските обичаи.
Неколку месеци целиот народ живее и се подготвува за овој карневал. Од 1993 карневалот е член на Здружение на европски карневали, каде Македонија фигурира под уставното име.
Grouper водич
Се разбира, прво се Вевчанските водопади, за кои, како што би рекле вевчани, “вреди да се гине”, црквите: “Св. Никола”, “Св. Димитриј”, “Св. Варвара”, ”Богојавление” “Св. Петка”, “Св. Спас Долни”, “Св. Спас Горни”, “Св. Успение на Пресвета Богородица”, “Св. Ѓорѓи”, “Св. Недела”, “Св. Преполовение”, “Св. Петар и Павле”, како и археолошките локалитети: Бојкоска Браненица – населба од доцно античко време, Исмаилова црква – населба и некропола од доцноантичко време, Бели Брег, Плешец – населба од неолитско и железно време, Варвара, Октишки Костење, В Логон (Кљунка), Суво Поле (Дримски Пот), Селиште (Долни Попој), Вакоски Ливаѓе (Пелвец) Во селото се сместени десетини цркви, два археолошки локалитети и надалеку познатите Вевчански извори кои секогаш ќе ви останат како аманет за повторно и повторно враќање кон нив.
Апартмани и Ресторан "Шутиноски"
Апартманите и Ресторан Шутиноски ви нудат комплетни услови за одличен престој во Вевчани. Новоградба во традиционален стил со вкусни вевчански подготвени специјалитети во нивниот ресторан. Располагаат со сместувачки капацитет од 10 луѓе. Има 4 двокреветни соби со посебно WC, и голем апартман со дневна, спална и кујна од 75 м2 каде може да се сместат макс. 5 лица. Уживајте на еден поинаков начин, уживајте во природа доживувајќи ја традицијата. Место каде можете да го ослободите својот дух во природните убавини, гостопримливоста и хуморот на домаќините како и да ги почуствувате длабочините на христијанството.
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата