Возбудлива авантуристичка тура на Кањон Матка! 40% попуст на двочасовно стоечко веслање за двајца на даска (SUP) на езерото Матка од "Paddle Klub" во вредност од 2000 ден. по цена од 1200 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Возбудлива авантуристичка тура на Кањон Матка! 40% попуст на двочасовно стоечко веслање за двајца на даска (SUP) на езерото Матка од "Paddle Klub" во вредност од 2000 ден. по цена од 1200 ден.

Цена

1,200 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

2,000 ден.

Попуст

40%

Заштеда

800 ден.

Купени : 27

  • Матка, Скопје, Македонија 1000 Скопје, Македонија

  • paddleklub@gmail.com

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 09:00 - 21:00

Добивате

Двочасовно стоечко веслање за двајца на даска (SUP) на езерото Матка

  • Времетраење на турата: приближно 2 часа
  • Термини: 9:00ч-11:00ч, 11:30ч-13:30ч, 14:00ч-16:00ч, 16:30ч-18:30ч, 19:00ч-21:00ч.
  • Придружба од професионален водич
  • Безбедносна опрема: спасувачки елек за вода и сигурносно јаже

Услови

  • Купонот може да се искористи од 10.05.2016 до 10.06.2016
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите купонот потребно е да направите резервација на Facebook страната на Paddle Klub 
  • По купување на купонот потребно е да го препратите на FB страната на компанијата за да ја комплетирате резервацијата 
  • Закажувањето за термините и распоредот на групите се предмет на договор.
  • Напомена: Доколку резервирате термин, а не дојдете на турата купонот Ви пропаѓа, односно се поништува
  • Купонот може да се искористи секој ден во неделата
  • Дозволено е сликање или снимање за време веслањетo
  • Местото на состанување: горниот паркинг на браната Матка
  • Секој учесник на турата треба на биде на збирно место во договореното време каде што ќе бидат презентирани основните техники во веслање пред влегување во вода

Опис

Дали сте подготвени за доживување кое ќе го паметите целиот свој живот?

Понесете го вашето друштво и доживејте ново искуство, или подарете на вашите најблиски, подарете искуство...

Со оваа зделка ви нудиме можност да го погледнете Кањонот Матка од една поинаква перспектива, поглед и чувство на слобода кои ќе ви го одземат здивот. Научете ги убавините на водните спортови, како да веслате на даска за стоечко веслање заедно со 'Paddle Klub'. Ние нудиме персонализирана и пријателска услуга која ќе ви помогне да научите да веслате следејки го вашиот ритам, а воедно и да се забавувате правејќи нови пријателства. Ќе ви помогнеме да научите нов начин за вежбање и релаксација, за кој можеби досега и сте немале шанса. На ова веслање треба да се погрижите да се облечете и спакувате соодветна облека како и да немате хронични повреди и болести поради веслањето и контактот со вода. Ова е несекојдневен начин да се откријат убавините на овој крај, далеку од секојдневните гужви и притисоци од урбаниот начин на живот.

Придружете ни се во обиколката на овој преубав предел, уживајки во глетката на кањонот и зелени шуми. Покрај големиот број на пештери и пештерски езера, пешачката патека долга 6км, карпи за искачување кој алпинистите ги искачуваат во текот на целата година, кањонот Матка е познат по разновидниот жив свет кој живее во него. Постојат над 1 000 видови на растенија, од кој 20% се ендемити. Во кањонот се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки, но значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови на балкански ендемични мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката. Ова езеро исполнети со преубава природа, зеленило и жив свет, што прави да имате чувсто како да не сте во оваа наша малечка земја Македонија. Во соработка со искусниот и професионален тим на веслачкиот клуб “Paddle Klub”, ќе имате можност да искусите веслање на SUP, заедно со водич од клубот. По кратка подготовка и обука, се велса во мирните води на езерото Матка, користејќи соодветна безбедносна опрема. Весламе од 4-6км во зависност од времето и ветерот.

Во продолжение може да погледнете неколку видеа

 

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.