Авантура на велосипед во Галичник! 35% попуст на велосипедска тура со должина и времетраење по избор во мијачкиот предел организиран од "Баба и деде"

РАСПРОДАДЕНО

Авантура на велосипед во Галичник! 35% попуст на велосипедска тура со должина и времетраење по избор во мијачкиот предел организиран од "Баба и деде"

img

Цена

325 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

500 ден.

Попуст

35%

Заштеда

175 ден.

  • Галичник, Македонија Галичник, Macedonia (Македонија), 1245

  • 070 370 843, 077 854 256

  • [email protected]

  • Работно Време:

    Пон-Пет: 00:00 - 00:00 Саб-Нед: 00:00 - 00:00

Добивате

Велосипедска тура во Галичник по лице со должина и времетраење по избор:

  • 5+5 км (времетраење: 2-3 часа со паузи) цена 500 ден. 325 ден.
  • 15+15 км (времетраење: 4-6 часа со паузи) цена 570 ден. 455 ден.
  • 20+20 км. (времетраење: 6-8 часа со паузи) цена 800 ден. 520 ден.
  • 50 или 30 км. Галичник – Лазарополе – Галичник (времетраење: 8-10 часа) цена 1200 ден. 780 ден.

*подетален опис за турите можете да погледнете во описот на зделката

*изнајмувањето на велосипедот е вклучен во цената


Услови

  • Купонот може да се искористи од 23.09.2015 до 30.10.2015
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Задолжителна е претходна резервација

Опис

Искористете ја оваа уникатна можност и посетете го магичниот Галичник. Галичник е село кое се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, во центарот на регионот Мијачија. Галичник е туристичка атракција поради неговата автентична архитектура, богатото културно наследство и восхитувачките пејзажи. Се наоѓа на падините на планината Бистра, околу 10 километри до Мавровско Езеро и ски-центарот Заре Лазарески. Се наоѓа на надморска височина од 1270 до 1450 метри и е опкружен со пасишта. Првата варијанта за потеклото на името „Галичник“ вели дека тоа е изведено од името на реката Галик која тече близу до Солун. Втората варијанта вели дека тоа е наречено Галичник по големиот број на диви кокошки - галици, кои живееле на месноста над сегашната црква Св. Петар и Павле. Галичник е познат е по " Галичката Свадба ", традиционална и јавна летна свадба, што се одржува секоја година на селската слава - Петровден. За време на свадбата, се игра "Тешкото" оро - што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот.

Архитектурата е една од главните обележја на Галичник. Стрмниот и амфитеатрален терен е искористен за изградба на камени куќи врз изохипсите на теренот. Куќите имаат форма на кубус со благ пирамидален кров. Безбедноста и функционалноста биле главни фактори во изградбата. Куќите се градени на две, а подоцна и на три катни висини.

Галичник и Бистра нудат убавина која одзема здив, погледи во природа кои треба да се доживеат на поразличен начин од вообичаениот.

Grouper водич:

Како авантуристичка алатка за љубителите на природата, велосипед сега може да изнајмите во Галичник и да организирате велосипедска тура која би се одвивала на Бистра и тоа во атарот на селото Галичник, Селце, Тресонче, Лазарополе, Маврово и Мавровското Езеро и околните бачила. Изнајмувајќи велосипед, може да возите тура која ќе ви ја води и организира водач. Изборот е ваш дали ќе го организирате вашиот тим билдинг на велосипед, вашата друштвена или романтична авантура. Во понудата со велосипедите, организаторот се грижи и за вашата безбедност, така што за време на турата добивате и заштитни кациги и дополнителна опрема како сигнални светла и ракавици за велосипед.

1.Првата тура изнесува приближно 5+5 километри (2-3 часа времетраење со паузи) и е наменета за сите велосипедисти вклучувајќи почетници (Галичник – црква Св. Петка, offroad, шума). Во турата се вклучени водач, велосипеди, заштитн кациги и ракавици. Редовна цена 500 денари по велосипед.

2. Втората тура изнесува приближно 15+15 километри (4-6 часа времетраење со паузи) и е наменета за велосипедисти со основна подготвеност (5/10 тежина). Турата почнува со асфалт тргнувајќи од Галичник, на Царевец префрлајќи се према бачилата, со евентуална крајна точка на бачило Солумуница. Од Царевец следува offroad на непошумен предел. Во турата се вклучени водач, велосипеди, заштитни кациги и ракавици.

3. Третата тура изнесува приближно 20+20 километри и е наменета за велосипедисти со средно-висока подготвеност (7/10). Турата се движи од Галичник до Тресонче и назад, offroad, движејќи се преку Стопанче, низ Селце до Тресонче. Во турата се вклучени водач, велосипеди, заштитни кациги и ракавици.

4. Четвртата тура е Галичник – Лазарополе – Галичник, која има опција да се вози движејќи се преку патот наведен во втората тура (преку Солумуница) или преку патот наведен во третата тура (преку Селце и Тресонче). Оваа тура побарува висока подготвеност и трае 8-10 часа. Во турата се вклучени водач, велосипеди, заштитни кациги и ракавици. Правецот преку бачилата изнесува 50 километри, а правецот преку Тресонче изнесува 30 километри.

"Баба и деде"

Покрај авантурата, организацијата и планирањето на турите, организаторот нуди угостителски услуги во традиционалната гостилница "Баба и деде", каде може да пробате Галичко сирење, комат, бакрдан и други специјалитети. Сето ова не би било комплетно доколку не би имале каде да се сместите и да преноќите, за утредента да почувствувате ново искуство на Бистра. Како додатна услуга, во склоп на велосипедските тури и гостилницата, организаторот нуди и сместување во нови и современи апартмани. Сето ова на едно место, во Галичник!

  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ