Посетете го највисокиот град во Македонија - Крушево! 46% попуст на ноќевање со појадок во "Вила Гора" во вредност од 900 ден. по цена од 490 ден.

Добивате
Ноќевање со појадок за едно лице
Услови
- Купонот може да се искористи од 24.09.2015 до 31.10.2015
- Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
- Пред купување на купонот, потребно е да се информирате за слободни места
- По купувањето на купонот, потребно е истиот да го испратите на e-mail со име и презиме со цел да ја потврдите резервацијата
Опис
Добродојдовте во најстарата Република на Балканот, белегот на Илинденското востание и воедно највисокиот град во нашата Македонија – Крушево! Во лулката на Баба планина, Крушево е еден од најстарите македонски градови, кој својот развој го доживува уште во 18 век. Првично населен од Македонските Власи и Македонците од регионот Река во Западна Македонија, наречени Мијаци. Тие биле трговци, мајсори, резбари и зоографи. Од нив останала убавата црква Св. Никола од 1832 год. Крушевската архитектура преставува склоп на народите и културите кои живееле во овој предел. Речиси сите сé уште ги носат семејните гробови на предната фасада, а внатрешноста е украсена со мебел и украсни детали од дрво и резба, како и насликани ѕидови, мешавина на сеќавањата на старата татковина.
Grouper водач
Љубители сте на спортот? Крушево преставува еден од првите ски-центри во Македонија. Не помалку се познати и патеките за планински велосипедизам, спортскиот ценар “Гумење”, како и светскиот куп во параглајдерство кој се одржува на Мечкин Камен. Уживајте во убавините на Крушево и неговите знаменитости: Музеј на Илинденското востание, Музеј на НОБ, спомен куќата на Тоше Проески, галерија Мартиновски, Гумења-споменикот Македониум во кој е сместен гробот на претседателот на Крушевската република, Никола Карев, гробот на Тоше Проески, Мечкин Камен-споменик на паднатите борци, црквата Св. Јован, Св. Троица, Света Богородица, манастирот Свето Преобразение, црквата на манастирот Св. Спас, црквата Св. Никола. Близу црквата Св. Никола, се наоѓа и најголемата збирка творби од неколку периоди од творештвото, сместена во галеријата на Никола Мартиновски. Секако не заборавајте да ги пробате добро позантиот крушевски локум и слатки пуслици.
За вилата
Вила Гора е сместена на само 5 мин. пеш од скијачкиот терен, 10 мин. од центарот на градот, 15 мин. од вештачкото крушевско езеро. Вилата располага со 12 соби (2-креветни, 3-креветни и 4-креветни), свој паркинг простор, а во рамки на истата можете да уживате во ресторанот кој нуди традиционални крушевски специјалитети или во топол пијалок во делот на лоби барот. Секако и најмалите имаат свое катче - игротека со најразновидни игри и реквизити.
- RO: Ноќевање
- BB: Ноќевање со појадок
- HB: Ноќевање со појадок и вечера
- FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
- AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата