Доживејте ја убавината на Малешевските планини! До 50% попуст на ноќевање за 2, 4 или 6 лица со сместување по избор во Apart Wip Hotel 3* - Берово

РАСПРОДАДЕНО

Доживејте ја убавината на Малешевските планини! До 50% попуст на ноќевање за 2, 4 или 6 лица со сместување по избор во Apart Wip Hotel 3* - Берово

img

Цена

700 ден.

РАСПРОДАДЕНО

Вредност

1,400 ден.

Попуст

50%

Заштеда

700 ден.

Купени : 76

Добивате

Ноќевање во сместување и денови по избор:

  • Двокреветно студио или хотелска соба (недела - четврток) - цена 1400 ден. 700 ден.
  • Четри-креветно студио (недела - четврток) - цена 1800 ден. 900 ден.
  • Шест-креветен апартман (недела - четврток) - цена 3000 ден. 1500 ден
  • Двокреветно студио или хотелска соба (петок - сабота) - цена 1400 ден. 868 ден.
  • Четри-креветно студио (петок - сабота) - цена 1800 ден. 1116 ден.
  • Шест-креветен апартман (петок - сабота) - цена 3000 ден. 1860 ден

*Студијата и хотелските соби (1/2) се со поглед кон планина.
*Студијата (1/4) и апартманите се со поглед кон езеро. 


Услови

  • Купонот може да се искористи од 25.09.2015 до 31.10.2015
  • Купонот за оваа зделка може да го прикажете од Вашиот смарт телефон или таблет (не е задолжително печатење)! Симнете ја Grouper Android или iOS апликацијата и уживајте во купувањето!
  • Пред да го купите ваучерот информирајте се во хотелот за слободни места за конкретната дата
  • Напомена: Доколку ваучерот не се искористи во предвидениот рок истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани
  • Потребно е да престојувате минимум 2 ноќи, односно да купите минимум 2 купони
  • За време на продолжените викенди потребно е да престојувате минимум 3 ноќи, односно да купите минимум 3 купони
  • Продолжените викенди се на следните датуми: 9/10/11.10.2015 и 23/24/25.10.2015

Опис

Берово е најголемата природна воздушна бања во Македонија. Се наоѓа на околу 850 метри надморска височина, со чист воздух, свежина и убавина, во срцето на Малешевските планини, Огражден и Пирин планина. Познато е по производството на здрава храна. Најпознат е беровскиот мед, беровските слатка од шумски јагоди, капини и малини. Тука се произведува и прочуеното беровско сирење кое што има освоено врвни европски признанија и награди. Не помалку познати се и беровските компири, какои познатата малешевска ракија од модри сливи која што е неизбежна во секој дом во Берово. Од чаевите со лековити својства, најпознати се мајчина душица и кантарионот, како и беровскиот сируп што лекува бронхитис и ги прочистува дишните патишта. Според експертите, најголема концентрација на космичка енергија и кислород на Балканот има токму во Берово. Поради ова не напразно се вели: "Дојди во Берово ако сакаш за кусо време комплетно да се регенерираш. Ќе бидеш како нов!".

Grouper водич

Во Берово се наоѓа стариот манастир "Свети Архангел Михаил", граден во далечната 1815 година, што е неодминлива локација за сите посетители на овој крај. Тука е и црквата "Света Богородица" која што прославува секоја година на 28 август, а во рамките на прославата од 26- ти до 28-ми август се одржува и Етно фестивал на кој присуствуваат голем број гости од сите страни на светот. Беровското езеро, преполно со риби, е идеално место за рекреација.

Вип хотел Берово

Доколку сакате да се одморите од стресното секојдневие, повелете во Вип Хотел - Берово.

Вип Хотел - Берово се наоѓа на 1000 м надморска височина, 5 км од Берово, во борова шума и цветни ливади.

Хотелот е комфорен и модерен, со сите удобности. Располага со 9 апартмани и 3 студија. Апартманите располагаат со капацитет за сместување до 6 лица, студијата располагаат со капацитет од 2 до 4 лица. Хотел Вип воедно нуди и соби со капацитет до 2 лица. 

Секој апартман се состои од :

  • Спална соба
  • Купатило со фен и крпи за капење
  • Дневна соба со кујна и ТВ
  • Садови за готвење и јадење
  • Балкон 

*Апартманите се наменети за сместување на до 6 лица.

Студијата содржат:

  • Соба со 2, 3 или 4 кревети
  • Комплетно опремена кујна
  • Купатило со фен и крпи за капење

*Студијата се наменети за сместување од 2 до 4 лица.

*Хотел Вип располага и со соби, истите се со капацитет на сместување за 2 лица.

За спорт и рекреација гостите имаат на располагање игралишта за:

  • Тенис
  • Кошарка
  • Мал фудбал
  • Ракомет
  • Одбојка
  • Сервис

* Хотел Вип можете да го погледнете на следниот линк

  • RO: Ноќевање
  • BB: Ноќевање со појадок
  • HB: Ноќевање со појадок и вечера
  • FB: Ноќевање со појадок, ручек и вечера
  • AI (All Inclusive): Ноќевање со појадок, ручек, вечера + екстра пакет согласно програмата

Испратете e-mail до компанијата.

Се уште нема коментари за оваа зделка. Биди прв со твој коментар.
За да објавите коментар мора да бидете најавени. Најавете се тука.

ДРУГИ ЗДЕЛКИ