Со секое купување на Grouper.mk од 15.12.2016 до 20.01.2017 година со твојата Mastercard картичка учествуваш во извлекување за iPhone 7 и Samsung Galaxy S7!

ОПШТИ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ на агенции членки на СКТМ

1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот на програмата.Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај навлијание на ”виша сила” која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк,елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот или слично).


2. ПРИЈАВА-ДОГОВОР И УПЛАТА

Пријава-договор за патување се прави до пополнување на местата, со уплата на аконтација нацената назначена на секоја поединечна програма. Пријави може да се извршат во агенциите на Т.А ВЕБСПОТ и во сите други агенции овластени за продажба на програмите. Припријавувањето купувачот уплаќа аванс од 40% од вредноста на аранжманот, а остатокот попотврдување на резервацијата од службата за резервации и тоа најдоцна до 15 дена предреализација на аранжманот. Доколку патникот до тој рок не изврши доплата на аранжманот,организаторот ќе смета дека патникот се откажува од аранжманот и ќе ги наплати трошоците заотказ на аранжманот согласно условите од Член.6 - “право на патникот за откажување одпатувањето”. При пријавувањето, патникот потпишува пријава-договор со изјава - “Изјавувам декасум запознаен/а со програмата и со Општите услови на патување и дека во целост ги прифаќам!”со што Општите услови на патување стануваат обврска за организаторот и за патникот.


3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Цените за сите патувања се објавени во Денари или во Евра со обврска за плаќање во денарскапротиввредност според пазарниот курс, објавен од страна на организаторот. Секое барање задополнителни услуги подразбира дополнителни плаќања. Организаторот го задржува правото напромена на цената на аранжманот во случај на промена на цените на хотелските, превозните идруги услуги, како и во случај на промена на девизните курсеви на пазарот. За зголемување нацената до 10% не е потребна согласност на купувачот (се пресметува на остатокот од уплатата).При зголемување поголемо од 10% купувачот има право да го раскине договорот без обврска да јанадокнади штетата произлезена од отказот.


4. КАТЕГОРИЗАЦИЈА И ОПИС НА УСЛУГИТЕ

Понудените хотели и апартмани се опишани според официјалната категоризација во време наиздавањето на каталогот. Квалитетот на услугите го стандардизираат локалните туристички власти.Стандардите на сместување и услуги се различни по дестинации и не се споредуваат.Организаторот не презема одговорност за било каква друга усна или писмена информација која нее во согласност со описот на услугите во понудената програма.


5. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ

 Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраење или содржина) во случај навиша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани. Учесникотна патувањето има право на рефундација на износот за нереализираните услуги. Во ретки случаикога нема можност за сместување во резервираниот објект поради технички причини или “overbooking” од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникот според можностите водадениот момент, во објект од иста категорија или од повисока категорија, без надомест.Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволенброј на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман. Организаторот едолжен да ги информира сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8дена од денот на откажувањето.


6. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ НА ПАТУВАЊЕТО

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писменаформа. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказнитетрошоци (во однос на основната цена на аранжманот), според следната скала: 

  • - за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 5% 
  • - за отказ од 29 до 22 дена пред патувањето 10% 
  • - за отказ од 21 до 15 дена пред патувањето 20% 
  • - за отказ од 14 до 08 дена пред патувањето 50% 
  • - за отказ од 07 до 01 дена пред патувањето 90% 
  • - ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација,организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот односно 100% 
  • - Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на упит” организаторот ќе наплати отказнитрошоци во висина на уплатената аконтација. 
  • - Доколку патникот го менува терминот на тргнување на истиот аранжман најмалку 15 дена предденот на претходно потврденото тргнување, доколку е можно организаторот ќе изврши променана резервацијата и ќе наплати само манипулативни трошоци во износ од 10 Евра, по пријавадоговор.
  • - Доколку патникот се откаже од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини коине можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потеснотосемејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежнитеоргани, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала туку само реалнитереалните трошоци произлезени од откажување на аранжманот, кои организаторот е обврзан да гиплати без право на рефундација. 
  • - Доколку патникот сака дополнително да се осигура од гореспоменатите, непредвидливи причиниза отказ на аранжманот, настанати во периодот од потпишување на договорот за патување допочетокот на патувањето, препорачуваме да се осигура од “ризик на откажување на договоренотуристичко патување” кај Осигурителната компанија. Оваа осигурителна полиса може да седоговори и уплати на продажното место, истовремено при самата уплата на аранжманот. 
  • - Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патувањеили за време на престој во местото на престојување), поради настани кои се резултат на “вишасила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди илислично), кои ниту патникот ниту организаторот можел да ги предвиди, избегне или отстрани,организаторот не сноси одговорност ниту има обврска за возврат на средства за нереализираниуслуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите. 


7. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и за изборот на извршителите науслугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно сопрофесионалните принципи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникотсите услуги наведени за поединечниот аранжман во програмата, и одговоара за евентуалнонеизвршување на услугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност вослучај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и оддоцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговара според позитивните прописи имеѓународните конвенции.Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларнотопретставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било коидруги последици кои произлегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патнитедокументи на патникот. Во овие случаи патникот сам ги плаќа дополнителните трошоци.


8. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ

Патникот е обврзан да се грижи лично, неговите документи и предмети да ги исполнуваат условитепредвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како иземјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти,како и во превозните средства, и да соработува со претставникот на организаторот и извршителитена услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара наорганизаторот за направената штета. Патниците кои свесно го нарушуваат редот во објектитеодносно возилото можат да бидат отстранети од аранжманот.Патникот е должен да поседува важечки пасоши, да се информира кај организаторот дали заземјата во која патува (или за земјите низ кои се патува транзит) е потребна виза, за таа навремесе обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својатаземја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично одговара за сите своидокументи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.


9. ПРЕВОЗ

Патникот е обврзан да се прилагоди кон превозот и неговата организација, во согласност сопропишаните правила и прописи. При патување со авионски превоз, да ја провери својатарезервација за лет - во агенцијата, најдоцна 72 часа пред полетување. Да се јави на аеродромот иместото “check-in” и предавање на багаж, во вообичаеното време - час и половина предполетување. Да се информира за правилата за патување со авионски превоз (за истите може да сеобрати во агенцијата).При патување со автобуски превоз, да поседува важечка резервација на седиште и да се пријавикај претставникот на агенцијата половина час пред тргнување на автобусот. Да го почитува редотво возилото, во взаемен интерес со другите патници и персоналот, како и безбедноста восообраќајот. Во случај на непридржување на саатниците на тргнување или на попатнитезастанувања и одмори, како и поради евентуално задржување на граничните премини порадинеисправни патни документи или царински прекршок, возилото не е обврзано да го чека патникповеќе од вообичаеното време.


10. БАГАЖ 

Патникот има право на бесплатен превоз на багаж, до 15кг на чартер летовите и 20кг на редовнитеавионски линии. Кај автобускиот чартер превоз, дозволен е бесплатен багаж од една патна торба(до 20кг) по патник. За секој килограм багаж, односно патна торба повеќе од дозволеното, сеплаќа во зависност од дестинацијата на патување. Деца до 2 години на авионскиот превоз и децакои не плаќаат билет во автобусот, немаат право на бесплатен багаж. Како багаж, не се дозволувавнесување на трговска стока, храна, пијалоци, лекови наркотици, хемиски средства, оружје,животни, растенија, амбалажи и слични предмети. При внесување и изнесување на багажот одвозилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. За време на реализација на аранжманотза багажот се грижи самиот патник. Поради тоа препорачуваме пред патувањето да се направиполиса за Патничко осигурување со осигурување на багаж, преку осигурителна компанија, којаможе да се уплати во агенцијата. Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж,како и за изгубениот багаж или драгоцености за време на престојот во хотелот (Ви препорачуваменаем на сеф на хотелската рецепција).


11. ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА

Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитуваздравствените прописи за патување во одредена земја (потреба од вакцина или здравствен документ). Во случај на болест или незгода во текот на користењето на аранжманот, трошоците залечење или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Поради тоа Ви препорачуваме,пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку Осигурителна компанија,која може да се уплати во агенција.


12. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ

Доколку патникот-закупувач не договорил соба-апартман со посебни карактеристики, ќе прифатибило која официјално регистрирана соба-апартман за сместување во договорениот објект, опишанаво каталогот и ценовникот. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори надополнителните барања на патникот (комфор, ориентација на собата, кат и слично) но, не може дагарантира исполнување на таквото барање. Вообичаеното сместување во собите е од 14:00 часот,а напуштањето на собите е до 10:00 часот (доколку во куќниот ред не е поинаку назначено).


13. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право насоодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секојпатник-носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршенадоговорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои гиподнесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор.Постапка за поднесување приговор: 

  • - Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадекватната услуга кај претставникот наорганизаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен дасоработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се отстранатпричините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решениеза рекламација кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважидополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата. 
  • - Ако причината за рекламацијата не биде отстранета, патникот за тоа составува со претставникотписмена потврда (записник). 
  • - Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор вопродажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда(записникот) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци.Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесениво наведениот рок од 8 дена. 
  • - Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговоротво продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговоротзаради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителотна услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор неможеле да бидат одтстранети причините кои ги предизвикале.
  • - Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредувањена било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми. 
  • - Највисока надокната по приговорот може да постигне сума до износот на рекламираниот дел одуслугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ нааранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на “идеална штета”. Нарушување на постапката за решавање на приговори:Во контекст на точка 13. и пропишаната постапка за поднесување и решавање на приговор,евентуалното непридржување на купувачот-патникот кон истата, или пак нарушување наотпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, во петтата ставка од истата давапричина за неприфаќање на истите приговори, прекинување на отпочнатата постапка и воедноподнесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот, за наплата на претрпената штета и нарушениот углед во јавноста.


14. НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ

Во согласност со точка 13. од овие услови, купувачот на услугите од одредена програма има правона рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен со решениетона организаторот, има право да побара дополнителна арбитража и мислење од страна на судот начеста на СКТМ или од страна на надлежниот Суд во Скопје.