
0 ден.
Храна за сите! Донирај со Grouper и Mastercard #СкопјеГурман
#СкопјеГурман е најголемата гурманска акција за храна во градот, со 100+ вкусни зделки во 70 одбрани ресторани! Идејата на кампањата е Скопје да го претвориме во најгурманското место со најдобрите специјалитети на попуст, под мотото „Храна за сите!“
Понесени од тоа мото, во склоп на кампањата го креиравме и планот за донации! За секој купен купон од #СкопјеГурман со Mastercard картичка ќе бидат донирани 2 денари на оние на кои им е најпотребно. Всушност, вкупната сума која ќе ја собереме со ваша помош е бројот на купени купони со Mastercard x2 и истата може да ја погледнете погоре.
Вкупната сума ќе биде донирана во Банка за Храна - хуманитарна организација која се залага за придонес во борбата против недостиг на храна во Македонија.
Да се обединиме и да помогнеме во целта „храна за сите” и да направиме навистина да врне храна овој месец!